Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Хехе кога русите имаат доказ, одма го вадат и тогаш на темава сте као in your face! А сега коа нема доказ сте као “Што има да докажуваат Русите - Украинците нека докажат дека е срушен”. Друга лента вртите ко седмо одделенци :D

Значи сепак нема докази дека го урнале?
Автоматски споено мислење:

Информацијата за авионот излезе од Руси, поточно од телеграм каналите кој се блиски до Руската авијација. Имаше имиња на загинати пилоти, индентификација на авионот и тн. Овие се прилично ретки, така да кад тад ќе излезе вистината. Од авион не сум сигурен дали ќе видиш сателитски остатоци, поготово ако го рокнеш во воздух, али со оглед на тоа дека ги има 10 нема да можат вечно да го кријат :D

Аааа сега да му веруваме на Лорд Бебо, за се друго лаже ама за ова вистина говори. Да, да, го кријат, исто како што кријат дека и Кузнецов потонал.
 
Што има да се докажуваат Русите, Украинците тврдат дека е срушен - на нив е да докажат. За Илјушинот одма извадија и слика и кажаа имаат загинат. Сега за сега доказот е траст ми бро. Не дека ќе ви смени нешто, загинатите украински заробеници ви ги покажуваат со слики, со видеа од тела, од качување во авион - ама баш секакви докази извадија Русите и се тоа е џабе за вас, си имате направено неколку теории на заговор и ништо не може да ве разубеди.
Истите заглупувања веќе со години, буквално да се осети човек поглуп а посебно во ситуации кога бараат да им да се докажува негација (товарот на докажување на кој паѓа).

Непостоење не се докажува, не негација. :D
Комплетно различни работи.
Onus probandi incumbit ei qui dicit, non ei qui negat - товарот на докажувањето е на тој што кажува, а не на оној што негира.

brace-yourself-nitpicking.jpg
 
Значи сепак нема докази дека го урнале?
Автоматски споено мислење:

Аааа сега да му веруваме на Лорд Бебо, за се друго лаже ама за ова вистина говори. Да, да, го кријат, исто како што кријат дека и Кузнецов потонал.
Па нема поента да се натегаме. Ова не е тенк, ќе мора да се појави негде. Блогериве се прилично детални. Ти што мислиш, урнат е или не е?
 
се реферираш на оваа,
CNN
Ukraine says it has intelligence suggesting only five bodies were delivered from the crash site of a Russian military transport plane to a nearby morgue, a Ukraine military intelligence official told CNN, casting doubt on Moscow’s claim that dozens of Ukrainian prisoners of war were killed in the explosion.

потврдено дека списокот со лица за размена е веродостоен (само уште да признаат дека тие ги убиле, а за што може да послужи верста дека СБУ отворила истрага за соборувањето на авионот, зошто би воделе истрага ако биле ракети за с-300???)

Украинските служби тврдат дека во мртовечницата во Белгород биле однесени само пет тела. Тоа лесно може да се отфрли од страна на русите.
руска снимка за превоз на ....

...работата на истражната комисија, има и претходно уште поексплицитни видеа на истиот канал побарај

Он тврдат дека собориле A-50 RF-93966 ознака 37 - истиот тој на сликата. Лесно може да се покаже тоа тврдење дека е лага.
Теретот на докажување е на оној што нешто тврди, а не на оној кој негира (или во случајов не дава никаква изјава).

..интересна и квалитетна снимка на дејство на К52.
 
Истите заглупувања веќе со години, буквално да се осети човек поглуп а посебно во ситуации кога бараат да им да се докажува негација (товарот на докажување на кој паѓа).

Onus probandi incumbit ei qui dicit, non ei qui negat - the burden of proof lies with the one who speaks, not the one who denies.

brace-yourself-nitpicking.jpg

Да го сликаат авионот одма ќе направат муабет како бил друг, како го префарбале бла бла така да не ни има поента да се докажува било што. Еве сега со авионов, сите информации и докази им се сервираат и пак си прават теории на заговорои. Полесно е да се направи филм за како тоа злобните Русите си го срушиле авионот за да убијат украински војници отколку да кажат дека ВСУ направиле грешка.

Па нема поента да се натегаме. Ова не е тенк, ќе мора да се појави негде. Блогериве се прилично детални. Ти што мислиш, урнат е или не е?

Епа ајде, колку време помина од тогаш, недела-две? Никаков доказ до сега не искочи; ќе имаше делови од авионот по плажи, ќе имаше слики и видеа од нив а можеби и од тела, ќе имаше спасувачки екипи, ќе летаа хелихоптери и ќе имаше бродови кои ќе го бараа авионот итн. Ништо од ова немаше. Или мислиш дека Русите успеале сето ова да го скријат?

Можно е да го бутнале но за сега не верувам.
 
Да го сликаат авионот одма ќе направат муабет како бил друг, како го префарбале бла бла така да не ни има поента да се докажува било што. Еве сега со авионов, сите информации и докази им се сервираат и пак си прават теории на заговорои. Полесно е да се направи филм за како тоа злобните Русите си го срушиле авионот за да убијат украински војници отколку да кажат дека ВСУ направиле грешка.

Епа ајде, колку време помина од тогаш, недела-две? Никаков доказ до сега не искочи; ќе имаше делови од авионот по плажи, ќе имаше слики и видеа од нив а можеби и од тела, ќе имаше спасувачки екипи, ќе летаа хелихоптери и ќе имаше бродови кои ќе го бараа авионот итн. Ништо од ова немаше. Или мислиш дека Русите успеале сето ова да го скријат?

Можно е да го бутнале но за сега не верувам.
Абе кажи си мушки, не е толку тешко. Можно било. Можно е и марсовци да има. Кога ќе видиш делови нормално ќе веруваш, муабетот е сеа што мислиш, кога нема црно на бело? Кажи си, па боже мој и да утнеш, нема да е ни прв ни последен пат.

Еве мое мислење, тој авион е отиден јабана. И ова авионов сеа, имало затвореници. Ова се ствари што сигурно ќе излезат на виделина, ќе се види црно на бело кој е во право. Не мора теории да разглабате тука.
 
Да го сликаат авионот одма ќе направат муабет како бил друг, како го префарбале бла бла така да не ни има поента да се докажува било што. Еве сега со авионов, сите информации и докази им се сервираат и пак си прават теории на заговорои.
Не можам да барам во моментов, ама мислам дека беше геолокациски потврдено видеото со авионот и заробениците. Заедно во комбинација со Украинци кои изјавуваат дека биле пренесени со истиот Иљушин, и крајно фактот кој профитира од ова... Глуп им е целиот муабет. А најглупо е што кога ќе искочат уште докази ќе се прават на тошо како ништо да не било.

the-simpsons-homer-simpson.gif
 
да не имаат таму контроЉори рамковическии, па го пратиле аероплано на Артик. кај Нато вежбанките :cool:
 
Пред некое време имаше вест дека руските сили уништиле група на француски легионери/платеници, е па излезе и списокот, ако веќе бил да го бришам.

Има и една вест за син на некој милитант од Хрватска во друштво со фра....
на иста локација изгледа.
 
Не можам да барам во моментов, ама мислам дека беше геолокациски потврдено видеото со авионот и заробениците. Заедно во комбинација со Украинци кои изјавуваат дека биле пренесени со истиот Иљушин, и крајно фактот кој профитира од ова... Глуп им е целиот муабет. А најглупо е што кога ќе искочат уште докази ќе се прават на тошо како ништо да не било.

the-simpsons-homer-simpson.gif

Е арно де нека излезат доказите. На руска територија се случи се е во нивни раце. Јас не негирам дека украинците може го срушиле по грешка не знаејќи дека носи заробеници, апсолутно веројатно е и тоа. Ама постои можноста и Русија да сака да ја прикрие срамотава со приказна дека имало заробеници.
 
Истите заглупувања веќе со години, буквално да се осети човек поглуп а посебно во ситуации кога бараат да им да се докажува негација (товарот на докажување на кој паѓа).

Onus probandi incumbit ei qui dicit, non ei qui negat - товарот на докажувањето е на тој што кажува, а не на оној што негира.

brace-yourself-nitpicking.jpg

A negative claim may or may not exist as a counterpoint to a previous claim.
Ајде, нов левел, ми цитираш делови што те побиваат. :ROFLMAO:
 
Е арно де нека излезат доказите. На руска територија се случи се е во нивни раце. Јас не негирам дека украинците може го срушиле по грешка не знаејќи дека носи заробеници, апсолутно веројатно е и тоа. Ама постои можноста и Русија да сака да ја прикрие срамотава со приказна дека имало заробеници.

Реално повеќе докази има за ова со иљушинот него за А-50 дека го собориле.
 
Шансите да ја внесат Украина во Нато ти се еднакви на нула, побрзо Русија ќе ја збриши од постоење со нуклеарно оружје, од што би им дозволила да ја пикнат Украина во Нато, особено после оваа воена интервенција.

Супер што успеале да ја тргнат од Европа, само проблемот е што ја турнаа во Азија, а од тоа што гледам Европа оди само надоле, додека Азија напредува на секое поле. Технолошки најголем дел од електрониката во светот се произведува таму, еве ги сега и возилата, облека и да не набројувам. И не само што најголем дел од светската индустрија е таму, туку веќе и стандардот оди нагоре. Едно чудо европски гиганти дојде ред да се под сопствеништво на Кинезите, ние може да се заебаваме колку сакаме дека Кина е чкарт и ефтин, но парите што влегоа во таа држава во последните децении не се за потценување.

Брикс ти е денес економска заедница, по потреба многу лесно може да се трансформира и во воен сојуз, се додека сите тие имаат заеднички непријател, создавање на сојузи е лесно.

За последното, се вика мито и корупција, во западниот свет ја имаш исто колку во Македонија, само во малку пософтицирана форма.
Не мора да ја внесат Украина во НАТО, може само да ја наполнат со војски, како што е Ј. Кореја и Јапонија на пример. Доволно е тоа, дури и повеќе отколку да е член на НАТО.

А Европа, како целост ќе си остане моќен економски играч.
Не се будали Кинезите што вложуваат стотици милијарди во појас на инфраструктура низ кој ќе течат нивните производи во Европа. На Русија и ја пресекоа соработката или повеќе да речам влијанието што го имаше во Европа, што и беше еден од најголемите стратешки адути.
 
Што војска ќе прават кога маж не остана, како се кинисани ќе треба да прават увоз на сперма за да се размножуваат :D

Абе му ги расипаа односите со Европа, но му отворија поголем пазар-Азија. Гасот цел оди за Азија, тоа што Европјаните го плаќаат екстра за да направат пари и Азијатите е друга работа.
 
Ако маж не останал, кога да очекуваме русите да се прошетаат до Киев?

Пет месеци читам по темиве постови како украинската одбрана само што не колабрирала. Го чекаме колабрирањево како Исусовото доаѓање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom