Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Ама нели ако делови од земјата ти се заземени или оспорени, значи дека не можеш да влезеш во НАТО? Дали тоа значи дека Зеленски се откажал од тие територии во замена за брз влез во НАТО?
Хартија трпи све. Ако се спремни да војуваат ќе ги примат и Украина ќе биде Армагедон уствари.
 
трагедија е голема војна во европа во 21ви век кога на Земјата се постигна голем технолошки развој, наместо Човекот да стреми кон вселената тој пештерски работи прави

и сето тоа креирано од дувло сатанистичко на кое мора крајот да им дојде, америка има паметни луѓе кои можат да целат кон големи цели

британија жали за изгубената империја и уште мислат дека живеат како пред 200 години, најдобро е да попијат пар сарми што поскоро да го снема тој островот од лицето на Земјата
После војните на просторите од бивша ЈУ во 90те години на минатиот век, како и после конфликтот во Р. Македонија (2001) лично сметав дека конечно Европскиот континент во целост ќе заплови во мирни води и повеќе никогаш во новиов век нема да се случат нови крвопролевања, рушевини, бомбардирање, иселување... барем не на Европско тло. Украинскиот конфликт ни го докажа и покажа сосема спротивното дека луѓето денеска не се ништо поцивилизирани и подобри и похумани од минатото и дека развојот на технологијата, електрониката, науката, медицината е сосема нешто друго, но човекот како битие умствено сеуште се наоѓа заглавен во средниот век, како и во антиката.
 
Ќе видиме, ако не се смени нешто драматично тогаш ништо посебно не менува ова денес. Во случај да Кремљ е сериозен во намерите...

yuri.gif
Итекако менува, многу менува фактот што овие територии стануваат дел од Руската Федерација. Украина веќе никогаш нема да може да смета на овие територии, без разлика на тоа што они мислат/сакаат/веруваат дека ќе ги вратат. На Русија и се отвараат многу повеќе опции, а влогот се качува. Не знам зошто многумина го занемаруваат тоа што го кажува Путин, па не е он некој шарлатан кој дава изјави наменети за дневна политика, мене ми се доволни неговите изјави да знам дека ако им појде на лошо на Русите, ситуацијата во Европа и во светот ќе биде многу лоша.
 
После војните на просторите од бивша ЈУ во 90те години на минатиот век, како и после конфликтот во Р. Македонија (2001) лично сметав дека конечно Европскиот континент во целост ќе заплови во мирни води и повеќе никогаш во новиов век нема да се случат нови крвопролевања, рушевини, бомбардирање, иселување... барем не на Европско тло. Украинскиот конфликт ни го докажа и покажа сосема спротивното дека луѓето денеска не се ништо поцивилизирани и подобри и похумани од минатото и дека развојот на технологијата, електрониката, науката, медицината е сосема нешто друго, но човекот како битие умствено сеуште се наоѓа заглавен во средниот век, како и во антиката.
Ти си доказ дека некои се уште не се симнати од дрва во свеста.
 
Итекако менува, многу менува фактот што овие територии стануваат дел од Руската Федерација. Украина веќе никогаш нема да може да смета на овие територии, без разлика на тоа што они мислат/сакаат/веруваат дека ќе ги вратат. На Русија и се отвараат многу повеќе опции, а влогот се качува. Не знам зошто многумина го занемаруваат тоа што го кажува Путин, па не е он некој шарлатан кој дава изјави наменети за дневна политика, мене ми се доволни неговите изјави да знам дека ако им појде на лошо на Русите, ситуацијата во Европа и во светот ќе биде многу лоша.

Тој де- факто не ги контролира овие територии во моментов целосно. Моментално и губи територии во дадениов момент. Единствен спас му е да фрла со тактички нуклеарки да ги отргне украинциве од териториите ако го направи тоа знае кај му е крајот. Изгубија територии што ги освоија многу крваво а ги предадоа лесно, ќе треба време додека почнат пак некоја голема офанзива Русиве плус доаѓа есен ништо нема да е проодно ни за нив ни за Украинциве, затоа и Украинциве форсираат што можат повеќе додека дојде есен и направи каловини од тоа полињата веќе и по телеграм има снимки од заглавени гусеничари, веројатно Укрите цела есен и зимо ќе копаат ровови да се забарикадираат јако за на пролет да има офанзиви од двете страни.
 
Ама нели ако делови од земјата ти се заземени или оспорени, значи дека не можеш да влезеш во НАТО? Дали тоа значи дека Зеленски се откажал од тие територии во замена за брз влез во НАТО?
Држава што сеуште нема јасно дефинирани граници и што на своја територија има воени конфликти, нерешени територијални спорови со соседите, сепаратистички региони апсолутно не е за во никоја матна по народски кажано, какво НАТО, какво ЕУ... Па Македонија мораше прво да ги демаркира и јасно дефинира границите према соседите, па дури и да прифати разни договори со некои соседи со кои имавме спорови за влезот во НАТО, а тек па за ЕУ уште што се не не чека. Украина вака пролупана, разрушена и територијално поделена може да влезе во евро-атлантските семејства само со тешки врски, ептен онака на каубојски начин да ја внесат во НАТО/ЕУ !
 
Единствен спас му е да фрла со тактички нуклеарки да ги отргне украинциве од териториите ако го направи тоа знае кај му е крајот.
Све те разбирам, ама болдираново појасни ми го. Што подразбираш ти под тоа?

Путин знае дека ако употреби нуклеарно ...
што знае, каков крај ?

Што конкретно го спречува?

Тој де- факто не ги контролира овие територии во моментов целосно. Моментално и губи територии во дадениов момент. Единствен спас му е да фрла со тактички нуклеарки да ги отргне украинциве од териториите ако го направи тоа знае кај му е крајот. Изгубија територии што ги освоија многу крваво а ги предадоа лесно, ќе треба време додека почнат пак некоја голема офанзива Русиве плус доаѓа есен ништо нема да е проодно ни за нив ни за Украинциве, затоа и Украинциве форсираат што можат повеќе додека дојде есен и направи каловини од тоа полињата веќе и по телеграм има снимки од заглавени гусеничари, веројатно Укрите цела есен и зимо ќе копаат ровови да се забарикадираат јако за на пролет да има офанзиви од двете страни.
Од една страна референдуми за припојување кон РФ, свечености во Москва по повод анексијата на овие 4 области кон РФ, а од друга страна на терен имаме ситуација каде Русите ги губат веќе освоените територии... Прашање можеби е и на часови кога ќе падне и градот Лиман кој се наоѓа во најсеверниот дел од Донецката област и кој целосно е опкружен од Украинската армија, а секако тука нема да запрат Украинците, ќе тераат даље, колку можат во зависност од снагата и ресурсите кои ги имаат во оваа нивна масовна контра-офанзива која сеуште трае !
 
Јас колку што следам, Русите го одблокирале Лиман.
 
Поставив и на темата за Нуклеарна војна ама еве и тука пошто многу се спомнува.

Симулација на колку жртви, разурнување и фолаут би имало од разни нуклеарки кога би удриле во некој град на планетата. Исто така може да бирате дали да експлорира на земја или о воздух над целта.

Може да бирате од најслабите до најјаките.
 
Јас колку што следам, Русите го одблокирале Лиман.
Ќе видиме што ќе биде следниве часови или ден-два !
Автоматски споено мислење:

Ако падне и Лиман, сигурно Укрите ќе тераат и даље т.е. ќе се насочат према северниот дел од Луганската област !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom