Апсолутно нормално во било кое слободно, модерно, демократско општество, каде владее слобода на говор, плурализам на мислења, јавно искажување незадоволство итн.
Путин има рејтинг 80%, а поддршката на мировната мисија е нешто повеќе. Во држава од 150 миљона, 20% кои се опозициски настроени или против мировната мисија е бројка околу 30 миљона. А Ст. Петерсбург е најопозициски настроен мислам, така да ништо спектакуларно. Макар и сите тие 30 миљона да излезат да протестираат, па дури и 74.9, се додека мнозинството макар и од минимумот мнозинство 75.1 миљон дава поддршка, тоа значи дека народот ја поддржува владата и политиките. Тоа е демократија - владеење на народот.
За споредба само, германскиот канцелар е на власт со поддршка од само 30+%, едвај една третина, а рејтингот му е доста паднат од изборите. Дали е тоа владеење на народот или демократија?