Интересна паралела.
Во Газа погодено училиште, реагира Бан Ки Мун:
Ban: Napad na školu moralna sramota
Во Донецк уништено училиште никого мува не го лази.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
Пред едно 2 години направив паралела со случувањата пред WW2 и моменталните случувања. Сега ќе направам уште една паралела за воскреснување на омразата спрема Евреите и Словените во Евреопа, тогаш и сега.
Антирусизам и антисемитизам на дело
Борбата за тероризам, хаос и безредие, пардон, сакав да кажам за слобода и демократија, не знае за граници.
Патем, кога сме кај таканаречената борба за слобода и демократија, читнав неодамна дека американската и британската амбасада во Либија се евакуирале во соседен Тунис, 3 години откако го масакрираа Моамер Гадафи.
Многу ми е чудно, како е можно САД и Велика Британија да си заминат од држава во која неодамна донеле слобода и демократија ?
Мојата лична претпоставка е дека очигледно во Либија има толку многу слобода и демократија, што едноставно нема место за главните извозници на овој производ - САД и Велика Британија.
А тек Украинците што ги чека, особено ако новоруските бунтовници ја изгубат оваа граѓанска војна, а како што тргнале работиве, очигледно нема да го дочекаат септември 2014 како победници.
Откако ќе заврши оваа граѓанска војна и кога ќе започнат "ослободувањето" и "демократизирањето" на Украина одвнатре, како што се случуваше во Либија во текот на изминативе 3 години, тек дури тогаш Украинците ќе откријат што е тоа вистински тероризам, хаос и безредие, пардон, сакав да кажам слобода и демократија.