- Член од
- 1 јануари 2010
- Мислења
- 183
- Поени од реакции
- 290
Нека дадат личен пример владиците од синодот за скромност, побожност и блискост до народот, а не да се бламираат со вакви соопштенија. Наместо расколот да го средуваат внатре, преку медиуми јавно соопштуваат забрани за своите свештеници.
МПЦ функционира како бизнис заедница или фирма која не плаќа ништо на државата а зема готовина од народот-најпрофитабилен бизнис.
Се бунат дека им се бара фискализација и данок, а јавно објавуваат ценовник на услуги.
Ако се водат по начелата христијански, тие треба да ги вршат сите обреди со верниците, а верниците по своја можност и желба да ја даруваат црквата, така ќе се зближат со народот.
Вака аздисаа со бесни коли,вили и приватни бизниси, а на обичен верник веќе му се стемнува и за арно и за лошо кога ќе му текне колку мора да плати за крштевка,венчавка,погреб или помен...
Затоа, расколот и глупостите внатре нека си ги решаваат , нека не се бламираат јавно, и онака го допреа дното...
Секоја чест на ретките свештеници кои се навистина тоа што треба да бидат и таквите ги почитувам, ама ајдуците околу нив како плевел ќе го уништат и последното здраво растение -сите свештеници кои можат да ја обноват црквата да биде како треба и да служи на народот, а не народот да и служи на црквата.