Колку има атеисти во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Колку Атеисти има во Македонија

  • Помалку од 1.5% колку што вика пописот

    Гласови: 20 24,7%
  • 10%

    Гласови: 23 28,4%
  • 20%

    Гласови: 10 12,3%
  • 30%

    Гласови: 12 14,8%
  • 40%

    Гласови: 6 7,4%
  • 50%

    Гласови: 1 1,2%
  • повеќе од 50%

    Гласови: 9 11,1%

  • Вкупно гласачи
    81

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Според пописот од 2002 според религозна припадност
Според овој попис има помалку од 1.55% атеисти во Македонија. Точни бројки незнам ама се многу мали. Според мене ова е неточно и нереално.
Дали е неточен пописот?
Дали нереално се идентификуваат граѓаните?
Дали се меша вера и нација?
Дали има присила при изјаснување?
Ваши теории....
 
Ќе видиме на следниот попис, ако воопшто го има.
 
Според пописот од 2002 според религозна припадност
Според овој попис има помалку од 1.55% атеисти во Македонија. Точни бројки незнам ама се многу мали. Според мене ова е неточно и нереално.

Дали е неточен пописот?
Дали нереално се идентификуваат граѓаните?
Дали се меша вера и нација?
Дали има присила при изјаснување?
Ваши теории....


Не мора да значи, во тие ОСТАНАТИ се и протестанти, будисти јеховини сведоци, адвентисти....
Инаку многумина на пописот по автоматизам напишаа дека се православни изедначувајќи ја традиционално верата со нацијата а при тоа да не биле во црква кизнај од кога или ради реда еднаш годината ниту поим имаат околу светите писма и некое конкретно мислење за Бог.
 
Па во мал број. Воглавно во Македонија највеќе има Христијани, а потоа муслимани итн... :)
 
Дали е неточен пописот?
-Можеби
Дали нереално се идентификуваат граѓаните?
-Можеби
Дали се меша вера и нација?
-Да, но ова се случува кај македонците муслимани мислам дека атеистите немаат врска со ова.
Дали има присила при изјаснување?
-Претпоставувам да, но повеќе индиректна отколку со употреба на сила т.е тебе ти е сеедно и да не се замараш беспотребно, бираш согласно околината.


Моја теорија е дека не верувам над 10% да има атеисти од причина што кај нас религијата е премината во еден вид традиција. Можеби 90% од верниците немаат погледнато библија или коран ама затоа кога ќе дојде празник сите се/сме во црква/џамија или славиме по дома зависи од празникот.
 
Има! При доделувањето на религиозната припадност игра улога најмногу името и презимето.
Така, ако во семејството еден се изјасни како ХРИСТИЈАНИН најчесто постарите, автоматски сите се пишани како христијани.За изјаснување на еден, се пишуваат значи 5-6 членови колку што се во семејството. А исто чести се случаите кога станува збор за име/презиме “Трајче Трајков“ е одма е христијанин што најмалце се обрнува внимание на тоа да се изјасни човекот.Денеска дебилно многу е помешана верата со националната припадност,па затоа сеуште по името и презимето се добива и слика за религиозната припадност,што е сосем погрешно.“Трајче Трајков“ може се родил како христијанин па во текот на животот направил друг чекор и станал Муслиман.Или откажал Божја претплата па се сторил атеист. Затоа и најмалце треба да се веруваат такви статистички податоци, према тие податоци македонија испадна петта религиозна земја во светот.
 
Според пописот од 2002 според религозна припадност
Според овој попис има помалку од 1.55% атеисти во Македонија. Точни бројки незнам ама се многу мали. Според мене ова е неточно и нереално.

Дали е неточен пописот?
Дали нереално се идентификуваат граѓаните?
Дали се меша вера и нација?
Дали има присила при изјаснување?
Ваши теории....


Подобро да ставеше анкета да гласаме кој е Верник а кој Не`верник?
Па ќе добиеш по`точна бројка од оваа анкета погоре!
Мое мислење!
 
Се работи за мешање на поимот вера со поимот на народ, нација и традиција
Според мое мислење верници нема ниту 1%.
Кога некој ќе ми рече дека е верник, јас постојано го прашувам дали верува во задгробен живот?
Затоа нема да гласам во оваа анкета бидејќи нема опција - верници помалку од 1%.
 
Не мора да значи, во тие ОСТАНАТИ се и протестанти, будисти јеховини сведоци, адвентисти....
Инаку многумина на пописот по автоматизам напишаа дека се православни изедначувајќи ја традиционално верата со нацијата а при тоа да не биле во црква кизнај од кога или ради реда еднаш годината ниту поим имаат околу светите писма и некое конкретно мислење за Бог.
Па да пишува останти затоа пишав ПОМАЛКУ ОД 1.55% како и да е најверојатно има повеќе Скиентолози и Будисти :)
 
Јас сум атеист, ама секогаш ќе се пишам Православен.
Нека се тупа в гради МПЦ, аку.
Којзнае колку се ко мене..

Атеисти во Македонија... хмм 30% од тие што се пишале Православни.
Кај муслиманиве можи има 1, ама не %. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom