Образование - организирано перење мозок?

  • Креатор на темата Креатор на темата akto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 септември 2013
Мислења
194
Поени од реакции
54
Возраст
45
Најпрво да нема некои забуни.
Далеку сум од некој верски фанатик. Ја ценам и сакам науката. Го ценам и сакам образованието.

Следам подфорум за религија и многу често се напаќаат верниците, било да се христијани, будисти, ебреи, муслимани... како нивната религија и средни им го перела мозокот. Како биле испрани мозоци, како само тоа што го имало во нивните свети книги они го признавале и сл.
Па се даваат примери за држави, општества... со најпогрдни зборови... се само заради тоа што има верска конотација.

Размислувам за процесот на образование и на накој начин можеби истиот е еден голем процес на пересе на мозокот. Настрана огромните придобивки на истиот, тука нема збор. Во никој случај не мислам дека подобро е човек без образование отколку човек со докторска дисертација.

Еве неколку прости примери во кои класичното образование директно/индиректно се судрува мање више со тоа што го учат дуо-три религиите (ислам, христијанство, јудаизам).

1, На школо те учат како настанал светот. Бинг бенг. Една голема теорија. Нема докази. Веруваме дека најверојатно е така.
- Религијата вели дека Бог го создал. И таа нема докази за тоа. Ама биг бенг теори е ок, и кул ама тоа бог дека го создал светот е просто и уназадено.
2. Дарвинизам. Просто кажано предците ни се мајмуни, а пра предците некои диви свињи. И за овоа нема докази, као има, ама ако прогуглаш има тон литература и научници или квази научници кои тврдат дека тоа нема везе. Башка како тоа еволуцијата стопирала со човекот, па и ние треба да еволуираме т.е да мутираме. Реанло и тоа е теорија. Ама на школо те учат да веруваш во тоа. Ако сакаш 5 по биологија кога ќе имаш прашање на тест како настанал човекот мора да напишеш дека настанало со евеолуција од мајмун.
Ако напишеш Бог го создал. Кец. И едното и другото не е докажано и нема докази или ако има тие се дискутабилни.
Покласично перење мозок нема.

3. Образованието те учи индиректно дека нема духови, џинови, демони, ангели и сл. бидејќи постои само она што емпириски може да се докаже.
- Религијата те учи обратно.

4. Има доста нејаснотии во науката. Било која покомплицирана формула или равенка да земеш мора да има некој коефициент или некоја вредност/променлива на позната. Цела формула е ок, т.е се важи ама имаш некоја непозната т.е дел кој не можеш да го објасниш и предвидиш (God's hand???).
Одредени равенки важат во еден систем во едни услови ама во други услови не важат.
Полно работи се само теоретски докажани а не и практично и некој за тоа добива нобелова.
- Кога религијата те учи за некои работи кои теоретски се претставени а не и практично докажани тоа е проблем

И има полно вакви примери, ама главна констатација е дека директно или индиректно образовниот систем помага во креирањето на атеисти или луѓе кои не веруваат или во најмала рака ќе ја гледаат религијата со други очи. И сето тоа е ок.

Ако некој се замонаши и замине во некој манастир и се утепа од читање на христијанска литература и светот го гледа преку таа призма одма се напаѓа дека е со испран мозок од луѓе кои исто така се со испран мозок само од некоја друга институција.

Мислам секаде имаш влијание и перење на мозок. Перење мозок имаме преку серии, филмови, радио, весници, социјални мрежи, владини реклами :) инт.
И се тоа е ок, само религиозното перење мозок е проблем.
Не сме малце дволични.
 
Религијата нема ни место ни време во еволутивниот процес кај човекот. (од денешен аспект)
И многу тешко е да се окарактеризира некоја појава како антирелигиска пропаганда, кога САМИ бираме во што ќе веруваме.
Тоа никој не може да го промени. Секој си е своја религија за себе.

Образованието како организирано перење на мозоци.. би бил катастрофален заклучок.
Мозкот некогаш сам си се пери, прави оптички илузии, гледаме чуди соништа, итн итн
Ама длабоко во нас, секој ќе си ја пронајди сопствената вистина.
Сега за сега ни преостанува да веруваме во нешто во кое има капка логика.
Зошто факти не постојат, а и да има... со рок на траење се.
 
Најпрво да нема некои забуни.
Далеку сум од некој верски фанатик. Ја ценам и сакам науката. Го ценам и сакам образованието.

Следам подфорум за религија и многу често се напаќаат верниците, било да се христијани, будисти, ебреи, муслимани... како нивната религија и средни им го перела мозокот. Како биле испрани мозоци, како само тоа што го имало во нивните свети книги они го признавале и сл.
Па се даваат примери за држави, општества... со најпогрдни зборови... се само заради тоа што има верска конотација.

Размислувам за процесот на образование и на накој начин можеби истиот е еден голем процес на пересе на мозокот. Настрана огромните придобивки на истиот, тука нема збор. Во никој случај не мислам дека подобро е човек без образование отколку човек со докторска дисертација.

Еве неколку прости примери во кои класичното образование директно/индиректно се судрува мање више со тоа што го учат дуо-три религиите (ислам, христијанство, јудаизам).

1, На школо те учат како настанал светот. Бинг бенг. Една голема теорија. Нема докази. Веруваме дека најверојатно е така.
- Религијата вели дека Бог го создал. И таа нема докази за тоа. Ама биг бенг теори е ок, и кул ама тоа бог дека го создал светот е просто и уназадено.
2. Дарвинизам. Просто кажано предците ни се мајмуни, а пра предците некои диви свињи. И за овоа нема докази, као има, ама ако прогуглаш има тон литература и научници или квази научници кои тврдат дека тоа нема везе. Башка како тоа еволуцијата стопирала со човекот, па и ние треба да еволуираме т.е да мутираме. Реанло и тоа е теорија. Ама на школо те учат да веруваш во тоа. Ако сакаш 5 по биологија кога ќе имаш прашање на тест како настанал човекот мора да напишеш дека настанало со евеолуција од мајмун.
Ако напишеш Бог го создал. Кец. И едното и другото не е докажано и нема докази или ако има тие се дискутабилни.
Покласично перење мозок нема.

3. Образованието те учи индиректно дека нема духови, џинови, демони, ангели и сл. бидејќи постои само она што емпириски може да се докаже.
- Религијата те учи обратно.

4. Има доста нејаснотии во науката. Било која покомплицирана формула или равенка да земеш мора да има некој коефициент или некоја вредност/променлива на позната. Цела формула е ок, т.е се важи ама имаш некоја непозната т.е дел кој не можеш да го објасниш и предвидиш (God's hand???).
Одредени равенки важат во еден систем во едни услови ама во други услови не важат.
Полно работи се само теоретски докажани а не и практично и некој за тоа добива нобелова.
- Кога религијата те учи за некои работи кои теоретски се претставени а не и практично докажани тоа е проблем

И има полно вакви примери, ама главна констатација е дека директно или индиректно образовниот систем помага во креирањето на атеисти или луѓе кои не веруваат или во најмала рака ќе ја гледаат религијата со други очи. И сето тоа е ок.

Ако некој се замонаши и замине во некој манастир и се утепа од читање на христијанска литература и светот го гледа преку таа призма одма се напаѓа дека е со испран мозок од луѓе кои исто така се со испран мозок само од некоја друга институција.

Мислам секаде имаш влијание и перење на мозок. Перење мозок имаме преку серии, филмови, радио, весници, социјални мрежи, владини реклами :) инт.
И се тоа е ок, само религиозното перење мозок е проблем.
Не сме малце дволични.

Од ова што си го напишал во постот ќе кажам само едно,точно дека се што кажува науката е теорија и теза,ама нејзините откритија зборуваат друго.Доволно е само да видиш како од година во година Нобеловите награди за откритија во физика,медицина напредуваат,а се започнува од едно теоретизирање и логично размислување.А додека проблемот на верата е во тоа што некој што напишал пред 2000-5000 години слепо да се прифати и верува без да се испитува бидејќи тоа било грев,а камоли да се проширува.Но поединецот одлучува како ќе го употреби својот ум.
 
Доволно е да го споредиш прогресот на најрелигиозните vs. најнерелигиозните земји во светот, па процени дали народот повеќе просперира со „испран“ и образован мозок, или пак со цврсто верување во религиозната варијанта. Не ме сфаќај погрешно, јас сум верник и спаѓам во тие 90% религиозни жители на Македонија (според испитувањето на WIN-Galup). Но, не верувам баш во сите верзии кои ги прикажува религиозното учење. Прво, затоа што за некои од нив има доста добро научно објаснување. Второ, додека безмалку во секоја религија верзијата за БИЛО ШТО се разликува - соодветната верзија која се обидува да ни ја прикаже науката е горе-долу иста.

Индекс на религиозност / Кликај на слајдот.

Започнуваме од најрелигиозните земји, до најнерелигиозните... Од бедотија (хеј, ние сме на високот 5-то место! - Но, во друштво со Гана, Ирак, Нигерија, Ерменија...), полека стигнуваме до земјите каде што докажано, земјите имаат најголем прогрес (Австрија, Германија, Франција и тн.)

Чудна коинциденција, нели? Како на овие со „испран мозок“ им стигнува платата и можат да си ја прехранат фамилијата без да се молат, а ние религиозните - не.
 
1, На школо те учат како настанал светот. Бинг бенг. Една голема теорија. Нема докази. Веруваме дека најверојатно е така.
- Религијата вели дека Бог го создал. И таа нема докази за тоа. Ама биг бенг теори е ок, и кул ама тоа бог дека го создал светот е просто и уназадено.
2. Дарвинизам. Просто кажано предците ни се мајмуни, а пра предците некои диви свињи. И за овоа нема докази, као има, ама ако прогуглаш има тон литература и научници или квази научници кои тврдат дека тоа нема везе. Башка како тоа еволуцијата стопирала со човекот, па и ние треба да еволуираме т.е да мутираме. Реанло и тоа е теорија. Ама на школо те учат да веруваш во тоа. Ако сакаш 5 по биологија кога ќе имаш прашање на тест како настанал човекот мора да напишеш дека настанало со евеолуција од мајмун.
Ако напишеш Бог го создал. Кец. И едното и другото не е докажано и нема докази или ако има тие се дискутабилни.
Покласично перење мозок нема.

3. Образованието те учи индиректно дека нема духови, џинови, демони, ангели и сл. бидејќи постои само она што емпириски може да се докаже.
- Религијата те учи обратно.

4. Полно работи се само теоретски докажани а не и практично и некој за тоа добива нобелова.
- Кога религијата те учи за некои работи кои теоретски се претставени а не и практично докажани тоа е проблем

1. Те учат дека тоа е најиздржаната теорија во моментов. Не те тераат да веруваш во истата. Треба само да знаеш за што се работи и со што е поткрепена. Некогаш можеби ќе има поприфатлива теорија. Приказната дека Бог го создал светот не е поткрепена со ништо. Таа не може да биде теорија исто како што не може да биде теорија ни дека Летечкото Шпагети Чудовиште или Дедо Мраз го создале универзумот. Тоа е само приказна, поточно различни приказни на неуки луѓе од едно минато време кои се обидувале да си го објаснат светот околу себе.

2. Исто така, те учат дека е теорија и ти приложуваат докази во прилог за истата. Дали ќе ја прифатиш или не е небитно. Јас имав професорка по Билогија која беше верник, но материјата си ја знаеше одлично. Имаш во еден документарец Ричард Докинс како гостин им предава на група студенти од кои повеќето се декларираат како верници. После часот и нешто практична работа, тие си остануваат на ставот дека се верници, тоа никако не им влијае на оцената која ќе ја добијат во школо.

3. „Те учи...“ :facepalm: Ако приказни на неуки луѓе од едно минато време, кои се обидувале да си ги објаснат појавите околу себе, го сметаш за учење, тогаш добро.

4. Види го само болдираното, сам си го пиша зошто во себе си знаеш дека нема простор за компарација тука. Религијата нема докажани ништо. Ништо. Ни теоретски, ни практично.
 
Колку само погрешни заклучоци и невистини во темава...
За тоа дека е згрешен подфорумот комплетно и да не спомнувам! Тема за образование, на подфорум за религија?!
Значи вака:
1. Не е точно дека теоријата за Биг Бенг и религиските догми се на исто рамниште, затоа што немало докази и за двете. Теоријата за биг бенгот се базира на откритија и особини на самиот универзум кој алудираат на таков заклучок. Ширењето на вселената, позадинското космичко зрачење, начинот на кој е распределена материјата во вселената и слично, се аргументите на кој се базира теоријата, тоа ни одблиску не се споредува со слепа верба во нечие туѓу духовно искуство или сведочење.

2. Не е точно дека еволуцијата тврди како човекот потекнувал од мајмун, нешто кое милиони пати е нагласувано! И човекот и мајмуните потекнуваат од заеднички предок. И тоа исто така неможе да се споредува со религиите, бидејќи тие тврдења имаат сериозна и неоспорна научна аргументација. Се базираат на набљудување, следење, споредување, истражување кое опфаќа повеќе научни области.

3. Образованието те учи за тоа што е во доменот на науката, а науката го опфаќа објективното - тоа што може да се открие, измери, потврди и докаже. Што значи, се што не е во тој домен, не е ни во доменот на образованието кое се темели на науката и научните сознанија.

4. Класичен God of the gaps аргумент, кој одприлика упростено гласи вака: "Науката нема одговор за се, и тоа е доказ дека мојата религија е одговорот"
 
И се тоа е ок, само религиозното перење мозок е проблем.
Не сме малце дволични.
Да, е проблем. Зошто? Погледни ги дискусиите. Секој кој не е од нивната вера (без разлика која од аврамскиве) е нивни противник и е слуга на ѓаволот, да не зборувам пак за атеистите. Секако они знаат кој е од кај ѓаволот затоа што се другари негови а и башка од богот нивни подобро знаат. А секако и адот ќе го заслужат оти не се сложуваат со нивното верување. Е така “соживот“ на куково лето.
Околу образованието и перењето....... А кој те тера да веруваш во тоа што го вели образованието? Што ако е нешто трето, петто или десетто во прашање?
 
Јас не знам каде си завршил основно ти. Во мојот учебник убаво си пишуваше дека постојат две ТЕОРИИ за настанокот на човекот.

А ако си некоја ветрушка кај и да отидеш ќе ти го перат мозокот, не само во образовните институции. :)
 
Тема за образование, на подфорум за религија?!

Темата е повеќе „рeлигиозно учење vs. конвенционално образование“, а главната тежина паѓа на религијата. Затоа и останува во овој подфорум, без разлика што насловот на темата е поврзан со образование.
 
Проблемот на верниците заради тоа што полесно им е да го прифатат учењето на Црквата отколку Науката е во тоа што Науката не може да им го понуди тоа што они го бараат.Личност која би ја сметале за свој Родител,Творец,Заштитник се заради тоа да не би се осеќале сирачиња во бескрајот на Универзумот.Тоа доаѓа од психолошката потреба на нашите древни предци,која со генерации се протега до сегашноста.
 
Образованието како организирано перење на мозоци.. би бил катастрофален заклучок.

Со чест на исклучоци, ама од градинка децата ги учиме што смеат а што не. Во основно што да очекуваат. На факс по физика или математика иновативност нула. Сите бубаат напамет формули. Правници учат напамет цели закони а тронка логика немаат итн итн.
Друг муабет е историјата што се учи до средно.
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 23:10 ---
Доволно е да го споредиш прогресот на најрелигиозните vs. најнерелигиозните земји во светот, па процени дали народот повеќе просперира со „испран“ и образован мозок, или пак со цврсто верување во религиозната варијанта.

Ептен погрешно сте ме разбрале а со тоа уште еднаш се потврдува мојот заклучок за овој дел од форумот.
Јас никаде не бранам религија, ниту па тврдам дека религиозните луѓе или нации не понапредни од нерелигиозните.
Муабетот е дека религијата дава една верзија на нештата, науката друга, во одредени места се во согласност во одредени се разликуваат.
Кога се образува едно дете религиозно тоа е перење мозок, кога дијаметрално спротивното се прави преку филмови во кои се исмејува религија тоа е ок.
Кога се креираат серии кои пропагираат дроги, неконтролиран секс, кражби, насилство тоа е ок.
 
Разликата е во тоа што науката никогаш не тврди дека го има конечниот одговор или дека ја знае апсолутната вистина. Науката е самокритична, континуирано се надоградува и е неутрална. Не поставува граници ниту услови што смее а што не смее да биде вистина. Доколку некој открие нешто кое ги менува дотогашните сознанија, не го напаѓа и осудува.
Религијата од друга страна, е комплетна спротивност на се погоре наведено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom