Според мене и моето познавање на електрониката овој принцип вака како што го кажуваат на видеото нема да може да го изведат.
Прво нешто што е релативно невозможно да се направи е менување на распоредот на коцкичките т.е. да наместиш рам кој зафаќа поголема повришна на сметка на ром меморијата или на сметка на некој друг дел.
Зошто мислам дека е невозможно?
Епа вака сеа. За различни компоненти потребни се различни поврзувања со процесорот. Пример некои компоненти користат паралелен пренос на податоци како рамот и ромот, а додека некои компоненти користат сериски пренос како екранот мислам и сензорите. Паралелен користат оние компоненти кои се потребни за функционирање на хардверот и им треба брз пренос, додека пак компонентите за интерфејс како сензори, камера, екран користат сериски пренос.
Видов на снимката дека плочката каде што се лежиштата е слична на протобоард. Компонентите се еден вид на чипови кои со ноџињата влегуваат во лежиштата. Првично да речиме дека ноџињата од рамот автоматски се поврзани паралелно со процесорот. Но кога да речиме на местото од рамот сакаме да ставиме камера на пример ќе се јави проблем бидејќи ноџињата од камерата сакаат сериски пренос до процесорот, а се наместени на лежиштата од рамот кој користи паралелен пренос.
Ова можеби можат да го решат со стандардизирање на преносот. Сите да користат сериски (оти е невозможно сите да користат паралелен) ама пак тогаш ќе се јави проблем со бризината кај рамот, бидејќи серискиот пренос е многу побавен од паралелниот.
Сепак ова е само мој заклучок од тоа што го видов, можеби имаат некое автентично хардверско поврзување или пак дизајнерот на видеово планира луѓето од хтц или ејпл тоа тие да го решат некако магично.
Едино е можно доколу компонените си имаат строго определена повшина. Пример камерата си го корисити десниот горен агол со површина од 1цм квадратен, да можеш да ја менуваш камерата, ама не и просторот кој го зафаќа компонентата
Второ нешто кое мислам дека ќе биди проблем е тоа што компонентите нема да бидат поврзани трајно на плочката. Колку и да е стегнато сепак залемено си е залемено. По неколу потресувања ќе почне да откажува камерата, батеријата поради мали поместувања внатре во хардверот.
Трето , доколку и се создаде ваков мобилен, компонентите на епл сигурно нема да соодвестуваат со компонентите на хтц, што пак не доведува да купување на делови од една компанија, слично на ова денес.