Дали светот може да ја победи Америка?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Инспириран од статија на оф нет, ми дојде идеја да поразговараме малку на оваа тема со оглед на тоа дека има доста членови на форумот кои на многу теми се препукуваат кој е појак, Русија или Америка.

Наместо препукувања и навреди би ве замолил темата да ја замислите како еден вид на воена игра во која треба да смислите соодветен план како вие лично би извршиле инвазија на САД. Имате две различни сценарија, во првото сценарио замислете се вие како водач на една од државите во светот, и второто сценарио, замислете си дека цел свет е ваш и дека треба да извршите инвазија на САД, како и на кој начин би ги извршиле инвазиите? Што би направиле и зошто? Објаснувајте како сакате, со текст, со слики, со видеа итн.

И би ве замолил уште нешто, темата ја отварам чисто за занимација и тепање време, доколку некому не му се допаѓа немора воопшто да коментира ниту пак да ја отвара.

ПС: Незнаев во кој подфорум да ја отворам темата па ја отворив во Општи Муабети, ако мислите дека има соодветно место преместете ја. ( Се надевам не во Канта :D )

ДАЛИ ЦЕЛ СВЕТ МОЖЕ ДА ЈА ПОБЕДИ АМЕРИКА?
Што ако затворањето на владата на САД предизвика нова рецесија во светот (што е комплетно очекувано ако ова продолжи), и што ако заради ова на остатокот од светот му пукне филм и реши да се пресмета со Американците.
  • instapaper.png



dali-cel-svet-mozhe-da-ja-pobedi-amerika-62348.jpg

Хипотетичката ситуација Вајс ја разговара со Дилан Верке, аналитичар за американските вооружени сили во компанијата IHS Jane.
Главен проблем е нуклеарниот капацитет на САД, кој Американците го имаат распоредено на земја, воздух и вода. И додека воздушните капацитети се најранливи, најголема работа ќе завршат нуклеарките сместени на подморници, кои се сметаат за сегмент со најголема шанса за преживување во случај на напад. Кој и да е непријател на САД ќе треба да биде подготвен да истрпи нуклеарен напад или да развие одбранбен ракетен систем кој е невозможно да се направи со сегашната технологија.
Под претпоставка дека некако успеале да го совладаат нуклеарниот капацитет на САД, проценката е дека земјата и понатаму ќе може да ја спречи копнената инвазија.
"САД е единствената земја во светот што има капацитет да испорача масовна воена сила на кој било дел на планетата. Заедничкиот капацитет на остатокот од светот не би бил доволен за тие да можат да стапнат на американска почва. Капацитетот за амфибиски напад на светските војски, без САД, едноставно е премногу мал.
Ова значи дека непријателот би требало да користи цивилни летала и бродови кои не се направени за таква намена. На овие бродови би им требале бази во Канада и Мексико, бидејќи тие немаат капацитет за да испорачаат луѓе и опрема на брегови без пристаништа. Заради ова, кој било обид за инвазија на САД, прво ќе изгледа како караван на цивилни бродови и летала.
Ако овие сили успеат да го избегнат американскиот напад и да се стационираат, дури тогаш ќе можат да започнат напад на копно," објаснува Верке.
dali-cel-svet-mozhe-da-ja-pobedi-amerika-62347.jpg

И покрај слабите теоретски шанси за копнена инвазија, доколку сето ова би и успеало на армијата на светот, најпогоден терен за влегување во САД не се американските брегови туку мексиканската граница. Сепак тука проблемот ќе биде што најголемата база на САД за тенкови и оклопни возила се наоѓа во Тексас.
Иако инвазијата преку Канада би била полесна, проблемот е што од тука ќе може да се влезе само со лесна пешадија, плус овој дел од САД (западниот брег, бидејќи на источниот се големите езера) нема некои големи центри или важни стратешки точки, бидејќи таму се најголемиот дел од националните паркови.
На крајот и покрај се' светот нема капацитет за да ги освои САД.
"Ако сфатив правилно, твоето прашање е дали заедничките сили на светот се доволни за да го освојат САД? Краткиот одговор е - не. Потребни се логистички ресурси кои остатокот од светот едноставно ги нема.
Главниот проблем тука е географијата. Како што руската степа ги проголтува армиите, така и океаните околу САД завршуваат работа. Без разлика на бројноста или оружјето, тоа мора да биде испорачано преку Пацификот или Атлантикот за да може да се користи. Тука поморските и воздушните сили на САД би уништиле кој било противник, пред тој воопшто да допре до брегот на САД.
Тука е и вториот проблем, а тоа е технологијата. Едноставно нема доволно носачи на авиони и воени бродови во остатокот од светот за тие да може да ја совладаат американската морнарица. Нема доволно воени авиони за да можат да стекнат воздушна супериорност против американската авијација. Ете колку денес е не балансирана воената моќ во светот," разјаснува аналитичарот.
Бидејќи главниот проблем е географијата, Верке смета дека светската армија би требала да го заобиколи ова и да и им наштети на САД со тоа што ќе ги нападне во вселената и ќе ги уништи сите воени сателити на земјата, додека истовремено ќе изведат и сајбер напад во кој ќе се парализираат комплетните комуникации и мрежите на Американците.
Сепак конечниот исход ќе биде негативен за остатокот од светот, бидејќи тие повторно нема да можат да извршат копнена инвазија и да ги освојатСАД.

Извор: Оф Нет
 
Хм,хм, јас имам стратегија и план за инвазија врз америка ,но нема да кажувам оти американците шпионираат секаде низ светот преку интернет и еве сега моментов што пишувам сигурно ќе го прочита ;)
 
Хм,хм, јас имам стратегија и план за инвазија врз америка ,но нема да кажувам оти американците шпионираат секаде низ светот преку интернет и еве сега моментов што пишувам сигурно ќе го прочита ;)


Хах, па типот погоре од статијата на Трендо е воен аналитичар на САД па низ цел свет е пренесено ова. Ова е чисто за занимација и ништо повеќе, знаеме сите дека реално вакво нешто неможе да се случи, барем не во скоро време. Нема што да се плашиме. :D
 
Читав една статија на CNET.com(не сум баш сигурен дали беше оваа или друга страна).
Во глобала за 24 часа целиот East coast на Америка беше освоен. Не ми текнува многу на детали ама се прави систематски напад и на крај на статијата имаше пишано.
Нели ова беше тематика на Die Hard 4?

П.С Да, Америка е светска сила ама далеку од тоа дека може сама против сите.
 
Читав една статија на CNET.com(не сум баш сигурен дали беше оваа или друга страна).
Во глобала за 24 часа целиот East coast на Америка беше освоен. Не ми текнува многу на детали ама се прави систематски напад и на крај на статијата имаше пишано.
Нели ова беше тематика на Die Hard 4?

П.С Да, Америка е светска сила ама далеку од тоа дека може сама против сите.


Едно е напад и освојување на едниот брег на САД, а сосема друго тотална инвазија. Значи правиме муабет за тотално земање под контрола на целата територија на САД и нејзиното население. Без тоа неможе ни да се нарече инвазија. До пред неколку децении можеби инвазија на САД беше можна, но со денешната технологија, расположливи капацитети и ресурси на САД, инвазијата малку потешко ќе оди.
 
@iksimkd
Значи еве сега пробувам да ја најдам статијата инаку нападов значи само во првите 24 часа е заземена пола Америка и висок функционер т.е за одбрана нешто беше признал дека е можно такво сценарио.
Што значи дека за 48 часа горе доле можеш да ја освоиш цела Америка.

П.С Најголем проблем денес е човечкиот фактор т.е нема веќе послушни војници како порано.
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 21:31 ---
@iksimkd

Доколку јас би планирал напад тоа би било баш во стилот на Die Hard 4 филмот. Не знам дали го имаш гледано.
Накратко технологијата е нивниот најголем сојузник и нивната најголема слабост.
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 21:37 ---
@iksimkd
Во статија ептен се гледа само право. Земи ја за пример Тројанската Војна, за победа малку треба.

Силата на Америка не лежи во тоа што има највеќе авиони, тенкови или општо најмодерна војска.
Туку баш во нивната моќ за пристап до информации од секој вид ама и тоа се менува.

П.С Ако се споредува со друга земја можеби да се најаки ама со цел свет нема шанса да издржат долго.
 
Во основа ништо не е несовладливо , па ни САД .
Логички гледано сите империи а САД во моментов се тоа , пропаднале т.е. им се нашол крајот на ваков или онаков начин.
Не е така неможно дури и класично воено зазамање ама прашање е кој има муда а и остало да го стори тоа. Нив ги држи не само воената моќ ами финансиската и информатичката контрола на остатокот од светот.
Ако изостане она првото ова второто ке прерасне во канцер кој ке го изеде домакинот. Можеби смихајло е најблиску до одговорот .
А инаку сега засега никој ништо не им може освен на филм или некоја воена симулација за молзење пари од буџетот.
 
Ќе ги извадам безбедносните налепници од сите производи, let them stupid fuckers distroy themselfs.
 
Тој што го пишал ова појма нема, исто ко ние појма шо немаме кај се стационирани нуклеарните подморници од светските велесили.
Каква географија какви атлантици и пацифици... ова не е играна ризик.
Смејш да нападниш, ако се граничиш, и ако имаш 3 војници на таа држава :pos:

Бтв, многу пологично е да се запраша чоек, дали светот може против Кина...
 
Америка располага огромни воени ресурси колку што имаат Русија,Кина,Индија,Јапонија па дури и Швајцарија и др. Е сега како што гледаме на вести или слушаме дека Америка многу должи над илјада трилиони долари значи прашањето е како да се приготви инвазија врз САД, а тоа најпрвин треба да се зададе удар врз економијата,финансиски неможност како што е на пример Русија и Кина се откажа доларот како средство за купување нафта и дрги потреби и Индија исто така ,а тоа им влијае слабеењето на доларот второ внатре во сенатот,конгресот има многу националности гејци,евреини,ирци,англичани и др. да им зададе политичка бркотница и преку нив и народот трето да им се уништи американски комуникациски сателити вклучувајќи и шпионскиот за да им се оневозможи маркетиншка кампања само така да се спречи патриотски побуди на народот односно перење мозоци и на крај целиот свет воглавно источните европските и азиски земји да им се отвори очи и уши што направеле САД во текот на минатите децении односно зошто напаѓаат јужна кореја 1951,виетнам 1965-75 ,ирак,бејрут,авганистан па и јужна америка,косово и се друго да не ги редам тогаш целиот свет ќе го замрази САД е дури тогаш со силата на желба почнува инвазија со смелост и луда храброст .
 
Хм,хм, јас имам стратегија и план за инвазија врз америка ,но нема да кажувам оти американците шпионираат секаде низ светот преку интернет и еве сега моментов што пишувам сигурно ќе го прочита ;)

Ти да не си Џихадист,само они се решени на таков чекор ниту Кина ниту Русија размислува за такво нешто,уништување на Америка
 
Ти да не си Џихадист,само они се решени на таков чекор ниту Кина ниту Русија размислува за такво нешто,уништување на Америка

LoL таман работа сепак само таков начин е дел на стартегија односно непријателот да знае што го снашло :D

Патем Русија и Кина веќе го имаат мисла уште од 1980-та година.
 
САД располага со убедливо најмоќна поморска флота, па многу веројатно би било дека огромен дел од евентуалните непријателски копнени сили би завршиле на дното на некој океан. А, Мексико и Јужна Америка можат да ги одбијат без проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom