АЛБАНИЈА - лице и опачна

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Албанија,соседна земја на запад,кој бил знае-кој не бил да знае.
За затворена Албанија,малку знаевме тие 50 години,последни во 20 век.
Но последниве 10 години има големи промени, албанија се отвори,
така да може сега да ја посетите и само со лична карта(како мене)
и да го видите и лицето и опачината на земјата и промените....................................
Picture 736.jpg ЗНАМЕ, ќе го забележите на повеќе места,
иако не е државен празник,на куќи и дуќани и пред хотели како овде.........
Picture 715.jpgПАРИ, парична единица е леки (1Е=136 леки)
некаде можеби 138 леки за 1евро,ама лесно и со нив и со долари...........
Picture 717.jpg ОБНОВА,лесно се забележува старо и ново,
интезивно се гради со модерни зданија,но има на некои места се уште
помеѓу новоградбите и понекоја стара куќа со полуокругли црепови..........Picture 745.jpg ПАТИШТА, на делови од подолгите дестинации,
ќе поминете по супер модерен афтопат,но и делови од пат од 19 век.......
Picture 711.jpg .Picture 714.jpg. одлично решение
низ населените места,има пешачки мостови на автопатот на секој км........
Picture 730.jpg ТРГОВИЈА,ја потврдува тезата „улична држава“
тазе морска риба,на главната улица,во пакети со коцки мраз,преку цел ден.
Picture 727.jpg.Picture 726.jpg.Picture 729.jpg
Но ќе видите и супер модерни маркети,како овој и веднаш до него друг,
со најлуксузни дуќани внатре од познати светски брендови и марки............
Picture 719.jpgУГОСТИТЕЛСТВО,тука е се дозволено изгледа,
па и оваква скара на најпрометните места по градовите,како овде на ова
слика на автобуска станица, но има и модерни кафичи на секој чекор.........
Picture 746.jpg.Picture 749.jpg.Picture 750.jpg ЦЕНИ
Слични како нашите,дури и исти (бензин-дизел,иста-блиска цена),
по маркетите како нашите Веро и Рамстор голем избор на сите производи, сирење-месо и овошје и зеленчук,но мала посетеност препладне,незнам поради кои причини.
Picture 728.jpgСОЦИЈАЛА, е без ова не се може,па нели е на Балкан,
пред модерниот Сити Мол, но понатаму и некој друг на прометно место....Picture 757.jpgПРЕВОЗ меѓуградски(сликата е онака подвижна трговија)
По главната улица постојано поминуват,па и покрај автобуската станица, некои разно-разни комбиња и минибуси со отворена врата и глава надвор која вика:Тирана, Елбасан, Дурес, Корча и вие ако сте за таму влетувате таму со скок.
Picture 731.jpgПРЕВОЗ градски(сликата е онака ,подвижна трговија)
Градски превоз со автобуси би рекол во добра состојба без многу гужва и
добро што е така.Влегувате внатре без карта,таму има кондуктер кој шета
по автобусот и должни сте да си купите карта. Цената е 30 денари до 17 км.
Има честа контрола,но не приметив лице без билет да се вози......................
Picture 687.jpg ЛЕТО во Албанија (360 км на море,и тоа на 2 мориња)
има уште ам ај доста е за сега,како за прв пат во Албанија,тоа видов јас.
 
Може да се спои со ова

http://forum.kajgana.com/threads/Сиромаштија-беда-и-живот-на-туѓа-сметка-Албанија-и-странските-инвестиции-по-влезот-во-НАТО.63047/

Иначе таква е Албанија , земја на контрастите , ти поминува ферари , после гледаш магаре. Но доста се развиваат последните години.
Лошо им е тоа што во иднина пола држава ќе живее во Тирана и Драч.
Anco , ти се жалиш за Аеродром што се гради многу , што се губи просторот , а да видиш колку е изградено во Тирана за 10 години , ќе помислиш во Скопје имаме депопулација.
 

Не знам зошто го побара тоа.Дали сакаш да се сокрие нешто.
Јас сега ја отворив таа тема,не ја знаев до сега и ќе ја прочитам,но таа е на добро место повеќе за економија.
Кога ја отварав темава не ми даде-„Кајгана“ дека има слична тема.
Оваа тема е што јас видов во Албанија за неколку дена,а имам уште што да напишам,а верувам и другите членови кој биле ќе се вклучат,а оние кои не биле да рзберат нешто повеќе од прва рака а не од Сител или Ера.
Па и треба повеќе да се знае за оваа наша соседна земја.
________модераториве нека го поправат насловот „и“ опачина
 
Може да се спои со ова

http://forum.kajgana.com/threads/Сиромаштија-беда-и-живот-на-туѓа-сметка-Албанија-и-странските-инвестиции-по-влезот-во-НАТО.63047/

Иначе таква е Албанија , земја на контрастите , ти поминува ферари , после гледаш магаре. Но доста се развиваат последните години.
Лошо им е тоа што во иднина пола држава ќе живее во Тирана и Драч.
Anco , ти се жалиш за Аеродром што се гради многу , што се губи просторот , а да видиш колку е изградено во Тирана за 10 години , ќе помислиш во Скопје имаме депопулација.

Си ја стаил женска му на Ноле како плаче на Аватар... :tapp:
 
Не знам зошто го побара тоа.Дали сакаш да се сокрие нешто.
Јас сега ја отворив таа тема,не ја знаев до сега и ќе ја прочитам,но таа е на добро место повеќе за економија.
Кога ја отварав темава не ми даде-„Кајгана“ дека има слична тема.
Оваа тема е што јас видов во Албанија за неколку дена,а имам уште што да напишам,а верувам и другите членови кој биле ќе се вклучат,а оние кои не биле да рзберат нешто повеќе од прва рака а не од Сител или Ера.
Па и треба повеќе да се знае за оваа наша соседна земја.
________модераториве нека го поправат насловот „и“ опачина

Не ако имаш што да кажеш продолжи , помислив ќе ти ја избришат. (пошто има елементи на туризам , економија ... а си ја отворил во Свет)

Према менито што се гледа евтина храната , пиците од 140-200 денари (во Охрид нема пица под 200 денари) , хамбургерите испод 70 денари, дизелот поскап , бензинот поевтин од кај нас.
Струја и вода имаше ли?
Како ти изгледаа луѓето , богати , сиромашни.
Патиштата.
Безбедноста.

Тирана , огромен град
8747572664_29ec4a460e_b.jpg
 
Леле направиле автопат...
Сум прошол низ Албанија, сум бил во Елбасан, Драч, Леќе, Тирана, Скадар и уште неколку помали градови.
Албанија како земја е многу несредена, имаше тежок мирис насекаде (претпоставувам дека тавка им е земјата), патиштата беа многу лоши (автопатот се правеше и беше со многу дупки тогаш), во Скадар проаѓавме на еден дрвен мост над реката Бојана (мостот беше долг а дрвата се нишаа под колата).
Друго искуство кога влеговме во Тирана, градот е голем, имаше една голема улица и немаше ленти на таа улица каде да возиш, само пратиш некоја кола и излеговме пред собрание, се паркиравме на недезволено место и ете полиција со сирена (ги излажавме дека ќе одиме во Драч и си отидоа).
Интресен впечаток ми оставија луѓето, кога ќе ги прашаш нешто одма те прашуваат дали знаеш Италијански.
Бункерите уште седат после Ќафасан, се возат многу стари мерцедеси, месарите им се во бараки со слаба хигиена....
Се на се немам добар впечаток од Албанија...
 
http://republika.mk/?p=129948

Лицето еве го....мада мрзам република да ја линкувам, ама тоа е тоа....тука у околина на Ѓинец е Требиште, поголемо село, тоа се малку Македонци-муслимани мешани со овие индијанциве и нивни, посебна сорта ликови - пепел праат по околните македонски села од наша страна на границата, си крадат, си шетаат ко јас на Водно што одам - граница не постои....
И што е автопатот накај Приштина, кога по помали места и села немаат ни патчиња за магариња....

Чичко Анчо некое сликиче од бункерите да стаеше, чисто како израз на „љубовта“ кон нашата бивша држава и народите во неа, која и денеска е изразена, ама бункерите се префрлени на наша страна....

Тирана , огромен град
:D :ROFLMAO:
 
бев во Албанија во 2008 година

Драч
Едно огромно градилиште....секоја слободна педа се гради...некаде урбано и плански...некаде скопски...кој кај ќе стигне

Модерни хотели...километарски плажи со убав песок....по некој бункер...

Атмосфера како на Илинденска во Тетово....+ секоја 4 продавница или ресторан носи име на тетовски или косовски села

Добро снабдени продавници

Валона
Се гради исто како и во Драч но многу поплански
Многу чесни и културни луѓе
Камени плажи но убава вода
Солиден градски превоз
Пријателски настроени домаќини кои не обрнуваат внимание на тоа од каде и кои се гостите
Голем избор на храна, средени ресторани и услужлив персонал

Општо
Земја која се отвора кон светот
Секоја трета куќа има панели за греење на топла вода на сонце
Сеуште на многу места канализацијата завршува блиску до плажите

Моите впечатоци од Албанија се позитивни
 
Тони Блер советник на Албанската Влада

Денес Тони Блер учестуваше во владина седница во Албанија , тој е ангажиран како советник на новата албанска влада.

1385904_10151707401441523_1930972084_n.jpg


1377329_10151707402091523_435591154_n.jpg

--- надополнето: 4 октомври 2013 во 02:31 ---
Откако замина Владата на Беришта , сега новата Влада ги покажува прлавштините на Албанија. (којзнае и кај нас што ќе излезе кога ќе се смени власта)

Во болница во Тирана
544562_10151692437811523_1581217313_n.jpg


Владината зграда
1235150_10151683445676523_1509965987_n.jpg



Еди Рама почна со средување на владината зграда
1236643_10151685420686523_1069959299_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom