- Член од
- 6 мај 2012
- Мислења
- 26
- Поени од реакции
- 44
- Возраст
- 44

Најголемиот хард рок бенд на сите времиња Deep Purple ќе настапат на 18 февруар 2014 година во Белград, и тоа по прв пат во Комбанк арена!
Белград прв пат го посетиле уште во далечната 1975 година, а после двата големи концерти на Белградски саем во 2003 и 2006, овој пат доаѓаат во склоп на големата светска турнеја насловена по овогодинешниот албум „Now What?!“ кој фановите и критиката го сметаат за еден од најдобрите во кариерата на бендот која ја предводи легендарниот Ian Gillan.
Концертот во Белград, воедно ќе биде и единствен на територијата на бивша Југославија и пошироко. Цените на влезниците и почетокот на продажбата ќе бидат објавени во четврток.
Deep Purple доаѓаат cо стандардна, во изминатите децении, востановена постава која покрај легендарниот пејач Jana Gillan, ја сочинуваат уште тапанарот Ian Paice, басистотRoger Glover, гитаристотSteve Morse иклавијатуристотDon Airey кој од 2002 година го заменува неодамна починатиот Jon Lord. На деветнаесеттиот студиски албум „Now What?!“, објавен во април оваа година, воедно има и две песни кои се посветени на Jon Lord, „Uncommon Man“ и „Above & Beyond“. Албумот го продуцираше Bob Ezrin, познат по долгогдишната соработка со групата Pink Floyd, но и со имиња како Peter Gebriel, Lou Reed, бендовите Kiss, Aerosmith, Nine Inch Nails, Deftones и др. Критиката и фановите ширум светот сметаат дека ова е нивниот најдобаралбум во изминатите 20 години, со многу класичен Deep Purple звук кој се поврзува со првите албуми на бендот од почетокот на седумдесетите години.
Deep Purple се сметаат за пионери на heavy metal звукот. Тие се еден од омилените бендови на многу групи како што се Iron Maiden, Metallica, Queen, Motorhead, Bon Jovi, Aerosmith, Pantera, Guns ’n’ Roses... Бендот зад себе има 19 студиски и неверојатни 34 концертни албуми, заедно со 27 објавени „best-of“ компилации, кои зедно го сочинуваат еден од најголемите тиражи во историјата на музиката со прeку 100 милиони продадени изданија! Со вкупно 27 турнеји во кариерата, Deep Purple со право се сметаат за еден од најголемите рок бендови на сите времиња, познат по одличните настапи и енергија на која и денес се огледуваат генерации на млади музичари.