Deep Purple во Белградска Арена - 18.02.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата izesaki
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
44
Возраст
44
Facebook-Cover.jpg Авалон го потврди првиот голем концерт за 2014 година.
Најголемиот хард рок бенд на сите времиња Deep Purple ќе настапат на 18 февруар 2014 година во Белград, и тоа по прв пат во Комбанк арена!
Белград прв пат го посетиле уште во далечната 1975 година, а после двата големи концерти на Белградски саем во 2003 и 2006, овој пат доаѓаат во склоп на големата светска турнеја насловена по овогодинешниот албум „Now What?!“ кој фановите и критиката го сметаат за еден од најдобрите во кариерата на бендот која ја предводи легендарниот Ian Gillan.
Концертот во Белград, воедно ќе биде и единствен на територијата на бивша Југославија и пошироко. Цените на влезниците и почетокот на продажбата ќе бидат објавени во четврток.
Deep Purple доаѓаат cо стандардна, во изминатите децении, востановена постава која покрај легендарниот пејач Jana Gillan, ја сочинуваат уште тапанарот Ian Paice, басистотRoger Glover, гитаристотSteve Morse иклавијатуристотDon Airey кој од 2002 година го заменува неодамна починатиот Jon Lord. На деветнаесеттиот студиски албум „Now What?!“, објавен во април оваа година, воедно има и две песни кои се посветени на Jon Lord, „Uncommon Man“ и „Above & Beyond“. Албумот го продуцираше Bob Ezrin, познат по долгогдишната соработка со групата Pink Floyd, но и со имиња како Peter Gebriel, Lou Reed, бендовите Kiss, Aerosmith, Nine Inch Nails, Deftones и др. Критиката и фановите ширум светот сметаат дека ова е нивниот најдобаралбум во изминатите 20 години, со многу класичен Deep Purple звук кој се поврзува со првите албуми на бендот од почетокот на седумдесетите години.
Deep Purple се сметаат за пионери на heavy metal звукот. Тие се еден од омилените бендови на многу групи како што се Iron Maiden, Metallica, Queen, Motorhead, Bon Jovi, Aerosmith, Pantera, Guns ’n’ Roses... Бендот зад себе има 19 студиски и неверојатни 34 концертни албуми, заедно со 27 објавени „best-of“ компилации, кои зедно го сочинуваат еден од најголемите тиражи во историјата на музиката со прeку 100 милиони продадени изданија! Со вкупно 27 турнеји во кариерата, Deep Purple со право се сметаат за еден од најголемите рок бендови на сите времиња, познат по одличните настапи и енергија на која и денес се огледуваат генерации на млади музичари.
 
ојеаааааа, ојеаааааа, ојеааааааааа вууут вууут, вууут вууут
 
Кога ги гледав? 2005-та мислам на саем ама надвор оградено беше и имаше не повеќе од 7-8000 луѓе дали и толку. Разбирливо не ја пееа Child in time оти мислам оти Гилан може да доживее смрт со пролив како што умираа во една епизода на Саут Парк. И Soldier of fortune такоџе јок, ваљда оти песната не е од времето кога Гилан им беше пејач. Фали еден Ричи Блекмур ама и без него си поминав страшно. На веќе чекиран во животов концерт не би се влечел пак до Белград иако знам дека ќе биде многу помасивно, пооргнизирано и поадреналински него што беше во Скопје, ама па кога веќе на Вотерс не бев... Убаво да си поминете тие што ќе идете. Дип Парпл се легенди кои вреди да се видат а нарочито пошто се во оние години кога почнуваат да ги завршуваат своите животи така да тоа е дополнителна причина плус. Да сум јас Авалон место оној нивниот традиционален и до оток тупаџиски слоган-Сега па кој знае кога, би ставил-Дип Парпл, сега па Докинс знае кога.

Битно ви ја ставам оваа оти нема да ја дочекате

Пардон

 
Уште 100 години да живеам никад нема да чујам вакво дело:

Капа доле, не е потребен коментар за нив. Чим имаат турнеја ќе ги начекам некаде.
 
Мене ми е Род Еванс најдобриот пејач од Парпл и покрај тоа што се избламира во Бразил, ама него не го кандисува никој да се врати на сцена. Може да се појде чисто колку да се види еден култен бенд во живо, за жал Лорд нема да биде присутен на концертот од веќе познатите причини. :(
 
Не ми одговара терминот, штета. После Белазмија, да ги слушнев и овие и немаше да барам ништо повеќе.

Добро, има уште два бенда, лажам :)
 
Промоција на новиот албум Now What ??? АААРГХХХХ.
 
вреди да се размисли и проба да се отиде. само прво цената да се види
 
Да не ги глеав у Скопје кога беа би идел али вака.........ќе штедам за некој друг концерт ваљда ќе помине и нешто друго добро на балканов другава година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom