Веќе неколку години имав играчница со пикада и фудбалчиња кои сега ги користам за домашни потреби, но сакам да прејдам на едно повисоко ниво. Бидејки ми се голема пасија,а воедно сум инжинер, сакам да произведам, како за почеток, еден примерок, прототип, со мој дизајн различен од оние фудбалчиња на кои сите ние сме играле во некој период од животот( ФА-БИ фудбалчињата).
Фудбалчето ке биде наменето за сите љубители на ова хоби, за домашни услови и за играчници.
Ке направам подобрувања во веќе постоечкиот дизајн т.е:
-ке има две опции, со и без жетони,
-ке може да се подесува по висина, поради тешкотијата помали дечиња да играат фудбалче бидејки е високо,
-ке се склопуваат ногарките и ке може фудбалчето да се постави вертикално кога нема да се користи за да заштеди простор,
-ке се користи дигитален бројчаник кој ке го покажува резултатот, наместо да гледаме низ стаклото колку топчиња има од едната и другата страна,
-топчињата ке бидат црно бели со гумиран слој ( или некој вид скај,вештачка кожа) а внатре пластични, со цел да се елиминира бучавата која ја произведува пластичното топче во случај кога се шутира или при удар во зидовите. Можеби наместо да се менува составот на топчињата ке се менува составот на подлогата и зидовите (нема да биде плексиглас), може да биде дебело платно со слој гума под него како кај билјардите, кое исто така ке овозможи намалување на бучавата при шут,
-головите ке бидат со мрежички за да се зголеми задоволството кога ке се даде гол.
Тоа се некои генерални подобрувања во дизајнот но ке има повеќе.
Ако има побарувачка,ке продолжам да го произведувам и продавам и понатаму. Јас овој проект пред се го правам како за сопствен мерак,како за мене,бидејки уживам во играва. Целта ми е да произведувам фудбалчиња кои ке овозможуваат максимална забава, задоволство и практичност, а бидејки ги познавам маните на фудбалчињата и сите трикови (хакови) кои може да им се направат, сметам дека можам да произведам квалитетен производ со разумна цена, пропорционална со квалитетот а сепак достапно за секого.
Што мислите, дали има заинтересираност за ваков Македонски производ, дали има други како мене кои ја сакаат оваа игра, и колку пари би биле спремни да дадете за ново фудбалче,со интересен модерен дизајн, земајки во предвид дека цената на ефтините половни фудбалчиња ФА-БИ, во просек се движи околу 200 евра, а нови се околу 500 евра?
Моментално проектот се наоѓа во почетна фаза на истражување , потоа ако утврдам дека треба да продолжам со идејава ке започнам со проектирање и ке поставам неколку цртежи (рендери) од мојот дизајн, за кој повторно ке можеме да дискутираме.
Секое мислење е важно, секој предлог е добредојден.