Кој е тој БЕЛ? 5s има сив, сребрен и златен.
Ja не сфаќам што замарате со таа цена од 73к. Овој над мене си направил и математика за тие пари. Епа секој клошар од мобилара може да стави и 90 000, нормална работа.
Проверете колку е во Америка да го земеш анлокд. Ако ве мрзи - јас ќе ви кажам. 850 долара. Конвертирајте во денари (38000) и ја имате цената диктирана од Епл. Значи ако имате некој во Америка нека ви земе ДВА за оваа смешна цена од мобиларите, па тука продавајте го едниот за 73000. Ете ви бизнис.
И Нексус 4 беше 199 долара од Плеј, па не гледам дека се смеевте на цената тука во Македонија.
Плус убаво рече некој дечко над мене дека не може секој клошар да си дозволи Епл. Тоа е бизнис политика и очигледно убаво им успева, проверете го ранкингот на компании. Ако кажете дека сите се ненормални што даваат пари за Епл, тогаш нешто не е во ред со вас. Ајде ќе излажеш илјадници, ама МИЛИОНИ луѓе,и тоа со тек на многу години?
Се сеќавам кога купував компјутер во 2000-та, 2000 марки. И тоа еден од појаките. Мекинтошот беше 4500-5000.
Поентата е дека производите им РАБОТАТ (тука мислам на стабилност). Плус имаат најдобар customer support. Не сме ние криви што живееме во Македонија. Со тоа AppleCare+ ако нешто ти се заебе хардверски, си идеш фино лепо и ти даваат НОВ телефон на лице место. Тоа што ние ги хејтаме во Македонија е друго. Муабетов ви е - Се смеело магарето што на коњот му ставаат самар