Почитувани,
Сакаме да Ве иноформираме дека репризното издание на фестивалот Скопје Гори 2013 ќе се случи на 25 ти Октомври.
Фестивалот ќе се одржи во Пелистерка Експо Центар, со што ќе се пушти во употреба и новата концертна сала во Скопје.
Почетокот е закажан за 22ч. a ќе настапат Last Expedition, Ареа, Нокаут, Steel Temple (предходно најавените Санаториум, поради отсуство на еден од членовите, не се во можност да настапат)и Пеперминт.
Влезот ќе биде слободен.
Предходно најавениот датум 6 септември е променет, поради неколку причини: Настапот на кошаркарската и фудбалската репрезентација на Македонија, почетокот на пивскиот фестивал и националниот празник 8ми септември.
Ваша
Авалон Продукција
Извор
Нека ме потсети некој што беше работата, на Скопје Гори имаше некои технички проблеми? Па сега за да се искупат, Авалон организираат концерт со истите бендови, а влезот е гага?
Добро, не се скроз истите, ете Санаториум не биле во можност да настапат, па на нивно место ќе свират Steel Temple. Што и не ми смета, со оглед на тоа дека се мој омилен бенд од домашната сцена, па ја користам секоја прилика да присуствувам на нивна свирка.
