Репризно издание на Скопје Гори 2013 (бесплатен влез) - 25.10 .2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Smert
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.179
Поени од реакции
6.089
Локација
San Antonio TX
Почитувани,

Сакаме да Ве иноформираме дека репризното издание на фестивалот Скопје Гори 2013 ќе се случи на 25 ти Октомври.

Фестивалот ќе се одржи во Пелистерка Експо Центар, со што ќе се пушти во употреба и новата концертна сала во Скопје.

Почетокот е закажан за 22ч. a ќе настапат Last Expedition, Ареа, Нокаут, Steel Temple (предходно најавените Санаториум, поради отсуство на еден од членовите, не се во можност да настапат)и Пеперминт.

Влезот ќе биде слободен.

Предходно најавениот датум 6 септември е променет, поради неколку причини: Настапот на кошаркарската и фудбалската репрезентација на Македонија, почетокот на пивскиот фестивал и националниот празник 8ми септември.


Ваша
Авалон Продукција

Извор

Нека ме потсети некој што беше работата, на Скопје Гори имаше некои технички проблеми? Па сега за да се искупат, Авалон организираат концерт со истите бендови, а влезот е гага?

Добро, не се скроз истите, ете Санаториум не биле во можност да настапат, па на нивно место ќе свират Steel Temple. Што и не ми смета, со оглед на тоа дека се мој омилен бенд од домашната сцена, па ја користам секоја прилика да присуствувам на нивна свирка. :D
 
Ако добро памтам, првиот пат врнеше, па затоа настапи само тој странскиот бенд, а нашиве не.
Е втора најава беше за 6 септември. Кога им пишав да ги прашам кое време ќе се одржи, ми рекоа дека ќе го поместат.

Сега гледам - 25 октомври.

Јбг, како тргнале со одлагањава, може и новогодишна забава да направат.
 
Еднаш ајде, втор пат ајде, е сега третиот пат сигурно ќе се одржи :)
 
Ако добро памтам, првиот пат врнеше, па затоа настапи само тој странскиот бенд, а нашиве не.
Е втора најава беше за 6 септември. Кога им пишав да ги прашам кое време ќе се одржи, ми рекоа дека ќе го поместат.

Сега гледам - 25 октомври.

Јбг, како тргнале со одлагањава, може и новогодишна забава да направат.

Санаториум ги скратија на отприлика пола настап, Last Expedition не ни свиреа. Имаше проблем со техниката затоа што претходно врнеше дожд.
 
Кој е тој „Пелистерка Експо Центар“?
 
Фалат уште пиво и колбаси и идеме \m/
 
Ако биде ефтино пиење и јадење ќе идам, ако не преку куров веќе со глупиве настани ... И милионер да сум нема да идам на срањава наречени "фестивали" во Македонија.
 
Кај баш Санаториум не свират, баш сакав тие неколку нови песни да им ги слушнам... Мада Steel Temple e ок варијанта, штета што повеќето песни им се на англиски.
 
Експо ми звучи како да е дел од Саем, па ништо чудно Метрополис да го шитнале на Пелистерка или нешто така слично...Си тресам глупости. :D
 
Еве и флаер
1461.jpg
 
https://www.facebook.com/events/427532030684959/?previousaction=join&source=1

Почитувани,

Сакаме да ве информираме дека фестивалот Скопје Гори 2013 - Made in Macedonia Edition ќе се случи на 25-ти Октомври.

Фестивалот ќе се одржи во "Експо Центар" - (eкс дискотека Колосеум - железничка станица) со што ќе биде пуштена во употреба новата концертна сала во Скопје

Почетокот е закажан за 21 часот, а ќе настапат Last Expedition, Ареа, Нокаут, Steel Temple и Eye Cue.

Важно:Влезот ќе биде слободен
 
ФилипРоналдо растури (y) И Ади Имери ме воодушеви, немам зборови :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom