викторе вака сега ако продолжиме да се надмудруваме едноставно и двајцата ќе отидеме во несакан правец,прво погледите за оваа тема ни во микрони не ни се доближуваат,а тоа што го кажав и понатаму го мислам,а сепак неможеш да го разбереш бидеќи ти јас не припаѓаме на иста класа,ти сио од оние што сепак животот му сервира на тацна,а јас пак не сум од оние кој знаат да го свиткаат вратот,сум плаќал понекогаш превисока цена но сепак барем сеуште совеста ми е чиста(не го сваќај ова лично)но навистина мислам дека во македонија виткањето врат е најголемата доблест за многумина,за мене не е ,кога си напишал нешто нормално е да посакаш тоа што си го напишал да го објавиш,но не по секоја цена и не по било која цена,да објавам книга но да бидам потоа само нечиј глас благодарам,
Од кај па ти знаеш што мене ми сервирал животот?!? И темава не може да отиде во несакан правец, форумот е место за дискусија, а не за сервирање на необјавени дела, освен оние теми кои им претставуваат задоволство на партиципиентите на истиот, да пишуваат на нив како дел од својата експресионистичка природа. Да не ти мрсам муда со вујаклија, знам дека не сакаш... Чим ти брат си дошол до интернет конекција, не си ти без пари, не си клошар и не гладуваш, и немој да ми продаваш елементи за сожалување тука. Ако ти се дискутира на темата повели, ама ја да ти “свиткам“ врат, особено тебе, нема.
Виткањето врат, општо во животот, и секако во издаваштвото не е доблест, немој да збориш невистини. Ако морам да го наречам некако, ќе го наречам дар на капитализмот од кој луѓето секако срамат кога ќе ги погледнат “чистите“ но вредни луѓе во очи. Вредни во смисла, достојни, со дела кои се ценат, а не го свиткале вратот.
cernodrimski напиша:
подобро и пореално погледнија македонска издавачка сцена,за која и не треба многу да си интелегентен за да собериш два и два,ќе видиш 20-30 имиња,половината од нив веќе не само што времето ги прегазило туку и историјата требало досега да ги прекрие со 30 сантиметри прав,и сега кога гледаме како нови имиња се ојавуваат во годината по едно две испаѓа дека македонија има само неколку автори и ништо повеќе,ако одиме по пазарната логика пазарот е тој кој ги диктира и жанровите ,а кај нас мала група одлучува буквално за се,кога ти го кажувам,поминав низ тој невидлив филтер,ама како што гледаш сеуште сум анонимец ама со дигната глава.
Кога веќе ја спомнуваш македонската издавачка сцена, спомни ја и македонската читачка сцена, и секако македонската економска сцена која е директно заслужна за второто то ест првото. Моментално во Македонија, домашен автор не може да успее освен ако веќе не е прославен вака или онака... и може да успее со огромна рекламна кампања за која најчесто нема пари. И во таква ситуација, онаа “мала група“ која одлучува за се` практично нема што да одлучува, таа индиректно раководи со издавањето македонски автори, бидејќи веќе не сме комунизам па да се “негува и почитува“ убавиот збор и да им се даде шанса на младите писатели, туку е сурово време каде сите гледат низ призма на пари. Ретки се издавачките куќи кои всушност квалитетот воопшто ги интересира, а уште помалку домашниот. Сепак, ако ти како анонимец напишеш нешто кое ќе ги стресе издавачите, не бери гајле, ќе те издадат веднаш, бидејќи ќе знаат да проценат квалитет. Проблемот е, што не можеш да ги стресеш, може да си добар, можеш и да си навистина добар, западниот систем на функционирање на работите од правење микро чип до пишување книга е ист, и ќе те изеде.
Затоа ти можеш да кукаш до утре дали си добар да те издаде некој или не, оние со пари ќе пишуваат книги, а ти ќе седиш како анонимец, ама тоа не те прави ни тебе ни нив добри писатели. Те прават читателите, оние кои не те познаваат, вистинската публика, не баба и дедо. И мене мајка ми ми` вика дека сум најубав, ама Декстерче е поубав, реално.
cernodrimski напиша:
а од друга страна пне се слагам со некој кој казуваат дека секоја будала може да напише книга,едно е да пишуваш колумини по весниците друго е да пишуваш веќе нешто повеќе од колумини,ако некој го рачуна пишување колумини за голема творечка креација,тогаш да ќе се сложам,бидеќи колумините во голем дел се само обични плуканици,
но да не должам.а за форест грен навистина ме заинтересира,биди сигурен дека во теков на овој месец ќе се потрудам да дојдам до негово дело па откако ќе прочитам,ете тогаш ќе можеме да коментираме и за него.
Добро, зошто сега ти пречат колумнистите? Бидејќи ти не се пронаоѓаш во нивниот стил? Тоа е уметност, како сите подвидови при пишувањето. Кратки раскази, романи, поеми, се` што ќе ти текне. А искрено, не знам како ти воопшто можеш за некого да кажеш дека се обични плуканици кога во толкав текст имаш вкупно две реченици, илјада интерпункциски промашувања, како и граматички грешки. Постот, кој го праќаш тука, го чита светот, кој те знае по име и презиме, па кога ќе отидеш во random издавачка куќа, газдата веќе те видел како си пишувал, мислиш ќе те сфати сериозно?
На крајот, како резиме, тема на форумот може да отвори кој сака, за што сака се додека тоа не ги крши форумските правила. И секој на неа може да се произнесе како сака, и никој нема право да забрани одредено мислење или да негира нечиј став.