ALY & FILA (Egypt) + ATMA (Germany) @ МКЦ / 14.03.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
Некој модератор да го смени насловот на темата со ALY & FILA (Egypt) + ATMA (Germany) @ МКЦ / 14 Март - Петок
Исто и текстот ...
::SUN PRODUCTION::.
___________________

Со огромно задоволство го најавува гостувањето на едни од најголемите и најбараните имиња на електронската музичка сцена во моментов.
На 14-ти Март во МКЦ на две концептуално одвоени сцени ќе настапат:

ФАРАОНИТЕ: ALY & FILA (Main Stage)

Египетските диџеи кои во последниве неколку години се во врвот на светската музичка елита, така и според еминентниот ДЈ МАГАЗИН (www.djmag.com) две години по ред се рангирани во најдобрите 20, оваа година веднаш позади Axwell, а пред Markus Schulz.
Kреатори на се популарното музичко радио шоу FUTURE SOUND OF EGYPT, чија песна „We control the sunlight“ во 2011 година беше избрана за најдобра трака на „A state of Trance“ – радиошоуто на Армин ван Бурен.

www.alyandfila.com
www.armadamusic.com/label/future-sound-of-egypt/
www.facebook.com/alyandfila


ATMA (Trance Stage)

Андреј Оливер Брасовен – легендарниот диџеј Атма е еден од пионерите на електронската музика во источна Европа. Роден во Трансилванија, живее во Германија. Почнува да продуцира техномузика уште во 1991 година. Повеќе од две децении на електронската музика сцена со стотици настапи во живо на технотранс- сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.

www.facebook.com/ATMASTUDIO
www.bmss.eu
www.soundcloud.com/atma_studio
Домашна поддршка:
Sun Production Djs (Main & Trance Stage)

_____________________

Петок 14 Март 2014
Старт: 23:00
Локација: МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

_____________________

Влезници во предпродажба по супер промотивна цена од 300 денари до 12 март, потоа 400 денари во 1/2 ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа КУПИ КАРТИ ЗА СЕ во Скопје и ширум републиката!!! www.kupikartizase.com

На врата: 500
_____________________


ДОЖИВЕЈТЕ ГО ОВОЈ ДИГИТАЛЕН ОРГАЗАМ !
 
Тие што гледале Ју-Ги-Оу како мали ќе разберат :pos: #TheForthLegendaryMonster
1911940_737781719600162_81587810_n.jpg
 
1982294_526088510842883_1059226750_n.jpg


:icon_lol:

Ајдееее!:vozbud:
 
Шо е бре, нема ни еден пост од журката.

Фади извади бомба транс сет, ептен јака двочасовна вожња ни удри и ги задоволи апетитите на сите кои присуствуваа (мислам). Многу моќни траки (грото 138+), меѓу кои имаше и актуелни, ама и постари легендарни транс химни. Посебно јаки ми беа ''As the rush freaks'' и ''Why''. Таа втората кој знае кога последен пат ја има пуштено на настап, ама јака е нема што тука. Си требаат вакви момци на сцената, за да го одржуваат правиот транс во живот.

Поразителна беше само посетеноста на настанот само. Ти доаѓа 20-от ДЈ во Светот, а во просторијата едвај 100ина луѓе да имаше :facepalm:. Накај 1.30 сериозно се загрижив дека Фади има ѕирнато што се дешава на подиумот и му ја киднато за Прага порано. Видете му ја сликата на ФБ само од Трансмишн наредниот ден и се' ќе ви стане јасно. Поразителен одзив за такво ЕДМ име, а кривицата ја гледам само кај организаторите - они самите најубаво си знаат што и како правеле во врска со промото на настанов. Братучедка ми што е од СК, другиот ден ми рече дека ни на едно радио не слушнала за журкава, ни па имало некој плакат закачено низ градот.
Ааа друго дваесет е тоа што добри 80% од присутните не беа за таму и плачеа за шамарење од избацивачите. Тешки стоки. Нема Свет кај нас за вакви работи у пм. Никогаш нема да се управиме.


Поздрав до наредната журка. #TranceFamilyMK :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom