БиХ - Македонија | 08.09, недела 14.30 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Ај не се палете до толку сепак,освен гечевски кој се начукал вчера изглеа,и самарџиски кој е природно дрво..другиве не треба да се хејтаат.На браќава не им идеше шутот..Владо,Бо и Антич изиграа колку толку нешто.
 
Со ваква наклонетост од судиите, мизерна игра на Босанците плус без тренер беа 15тина минути и губиме со 8разлика, значи заслужуваме да отпаднеме....
 
Го дочекав крајот па да почнам и јас да пцујам по нив, ама нека ќе ги поштедам. Како што рекле секој ден не е велигден, неможеме повторно да ја повториме 2011.
Како што рековте, време е за ремонт, време е за нова генерација (со надеж успешна)
Имаа ден за одмор, наместо да не израдуваат денеска, тие не разочараа.

П.С. Литванија што ја тепа Црна Гора ја тепа, него ние дали ќе ја тепаме Летонија? Повеќе среќа друг пат.
 
МИЗЕРИЈА ЖИВА!!!

Не знам кој од кој беше полош...
Ако со Србија не можевме да издвоиме лош играч, овде не можеме да издвоиме добар играч...
Освен Бо, и Антиќ донегде во вториот дел, другото МИЗЕРИЈА!
Кикановиќ да ти ја реши утакмицата, а сакаш за медал да се бориш???
Играч со 1.70 да има повеќе скокови од било кој твој играч?

Сега може само да сањаме дека ќе одиме понатаму. Треба се да ни се поклопи и плус да ја тепаме Летонија со 10 разлика. А тоа мало сутра дека ќе се случи...
 
Ајде без нервоза, тоа е тоа, достоинствени и во победа и во пораз нема потреба да ги вреѓате, следна прилика (y)
 
Добро а кој и е филмот на Сител со "украдената и несреќна" победа на Црна Гора? Омг
 
Гечевски е директен виновик? а тренерот? зошто го чуваше Самарџиски до 2 минути пред крај на клупа, што ако има 4 лични???? све е подобро од Гечевски.

Абе каков Самарџиски, арно го чуваше на клупа, тоа дрво неделкано нема мозок во главата, одма ќе го исклучеа, не знае пред кош да погоди труп!
 
Честитки на Босна за победата!

Поздрав до нашите, без хејтање, пак ѓи сакаме тие се наша гордост!
Но играта им беше мизерна. И не ѓи кривам нив, Пипан е крив што не им ѓи истегна ушите да не шутираат постојано.
 
Сериозно, кој ремонт?

Па ние нема ваква репрезенатција да составиме уште 20 години. Ниту школи има, ниту тренери, ниту традиција. Ни се поклопија коцките со Бо на минатото првенство и направивме чудо. Слатко ама кратко...

Кога-тогаш тој мора да се случи...

Доста со тие 37 години, Силва беше шампион до пред два месеца во ММА со 37 со многу појак тренинг и напор него една „банана“ утакмица со две волку слаби селекции, врска немаат годините туку колку си тренирал. Многу се шпекулира со годините, 37 не се 107 години.

Гечевски и сам кажа дека не е во потребната форма за европсково. Се согласи да се приклучи на тимот заради ептен што плачеа по него во репрезентацијата. Дефинитивно неможеш за една-две недели да се влезе во форма, ама ете, се деси што се деси. Јас барем не го кривам човекот
 
Сега и да одиме понатаму е незаслужено, јас волку со Ливерпул на Хоџсон не се нервирав.
 
Треба Летонија од Србија да изгуби, а у наредно коло ние летонците да ги декласираме а Босна да изгуби од Литванија. Изводливи се овие сценарија али не треба математика у кошарката, туку победа на терен, за ова второво денес едноставно не ги исполнивме условите, во одбрана добри али во нападот убер очајни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom