Грчкиот весник Катимерини со критики за припадниците на Златна зора кои им го отежнуваат животот на туристите од соседните земји, за време на летните одмори во Грција.
Целосно е опасно тоа што Златна зора го прaви во надворешната политика, особено со Албанија и Скопје, рече шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, но говорејќи во улога на претседател на ПАСОК, пред политичкиот совет на партијата, пренесе Канал 5.
Сепак и покрај ваквата изјава на Венизелос, која воедно е и прва јавна осуда, чекор кон спречување на активностите на членовите на неонацистичката партија, сè уште не направен.
Насилно им ги отстрануваат таблиците, им ги кршат шофершајбните, ги напаѓаат, не само на граничните премини, туку и во туристичките места, а грчката полиција се уште нема уапсено ниту еден – Катимерини, повторно со осуда на инцидентите со оштетени автомобили на македонски туристи во Грција.
Провладиниот весник, уште еднаш преку колумната на новинарот Ставрос Ѕимас, порачува дека владата треба час порано да се соочи со инцидентите предизвикани од „надуените момчиња во црно“ пред да се предизвикаат посериозни перипетии со соседите.
И пред 3 месеци искусниот новинар преку неговата колумна ги осуди тогашните инциденти, за време на велигденските празници и ја повика владата да најде начин да ги спречи инцидентите.
Над 60 се случаите на Македонци кои од Грција кои летово се вратија од Грција со оштетени автомобили. За конкретниот проблем, осуда стигна од опозициската СИРИЗА и од пратеничката од Демократската левица, Јанакаки, која упати прашања до надлежните министерства.