Венизелос: Опасно е тоа што го прави „Златна Зора“ кон Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Грчкиот весник Катимерини со критики за припадниците на Златна зора кои им го отежнуваат животот на туристите од соседните земји, за време на летните одмори во Грција.

Целосно е опасно тоа што Златна зора го прaви во надворешната политика, особено со Албанија и Скопје, рече шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, но говорејќи во улога на претседател на ПАСОК, пред политичкиот совет на партијата, пренесе Канал 5.

Сепак и покрај ваквата изјава на Венизелос, која воедно е и прва јавна осуда, чекор кон спречување на активностите на членовите на неонацистичката партија, сè уште не направен.

Насилно им ги отстрануваат таблиците, им ги кршат шофершајбните, ги напаѓаат, не само на граничните премини, туку и во туристичките места, а грчката полиција се уште нема уапсено ниту еден – Катимерини, повторно со осуда на инцидентите со оштетени автомобили на македонски туристи во Грција.

Провладиниот весник, уште еднаш преку колумната на новинарот Ставрос Ѕимас, порачува дека владата треба час порано да се соочи со инцидентите предизвикани од „надуените момчиња во црно“ пред да се предизвикаат посериозни перипетии со соседите.

И пред 3 месеци искусниот новинар преку неговата колумна ги осуди тогашните инциденти, за време на велигденските празници и ја повика владата да најде начин да ги спречи инцидентите.

Над 60 се случаите на Македонци кои од Грција кои летово се вратија од Грција со оштетени автомобили. За конкретниот проблем, осуда стигна од опозициската СИРИЗА и од пратеничката од Демократската левица, Јанакаки, која упати прашања до надлежните министерства.
 
Катимерини соросоидски медиум , Венизелос соросоид ... како можат они да се против патриотска Златна Зора.

Ако кај нас соросоиди се сите тие кои се противат на патриотите , како ли се нарекуваат во Грција тие кои се противат на грчките патриоти :)

На златно зорците ќе им пали ваквата политика заради економската криза.
 
Грчкиот весник Катимерини со критики за припадниците на Златна зора кои им го отежнуваат животот на туристите од соседните земји, за време на летните одмори во Грција..........Провладиниот весник, уште еднаш преку колумната на новинарот Ставрос Ѕимас, порачува дека владата треба час порано да се соочи со инцидентите предизвикани од „надуените момчиња во црно“ пред да се предизвикаат посериозни перипетии со соседите.

се уште некој верува во ова? :facepalm:
 
ќе пукне една ден капачето и кај македонците само во гевгелија за викенд има преку 500 грчки коли кој лесно со пола литар бензин се креваат во ваздух а не таблица да се витка или шофершајбна да се крши
 
Доста молчевме и трпевме,треба да се превземат контра мерки со се што има врска со бившата република јунинистан.
Да, претпоставувам исто ко со Албанците што превземаме контра мерки.
Тие за разлика од Златна Зора, ни каменуваат цркви еднаш неделно, ни убија деца за Велигден (потоа бесрамно излегоа да ги бранат убијците), напаѓаат Македонци на редовна база и ред други работи (сето подржано со линкови може да се покаже).
Што се исшарани коли во споредба со убиени и претепани луѓе, само затоа што се Македонци?
На Албанците гледам им враќаме јако, а они бре ич немаат усул, па и покрај тоа систематски продолжуваат со своето.
(за недоветните: ова е иронија)

Кој би очекувал да враќаме за искршени таблици во Грција, кога дома ни убиваат и тепаат деца, ни каменуваат цркви и ред други работи, а ние ама баш ни еден мочан бојкот на производи не сакаме да направиме.

ЈАС ЌЕ ОДАМ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА
 
Бидејќи сме толерантни и мирни 95% (пички)така ни прават.
Тие на нас прст ние за инат цела рака и на одмор во бивши јунинистан.

Порано некаде по форумов имам пишано дека имам шктрано на јунинистанска кола и шкршено шофершајбна на истата,а комшијата ме пријави во полиција па го јадев стапот
 
Мене се ми се чини дека историјата се повторува.
 
хаха,

при крај на туристичката сезона, грците ( новинари ) почнаа да пишуваат за овој "проблем". Како да не !
 
јас сум моментално во Ксамил,и овдешните жители кажуваат дека во последно време зачестиле инцидентите на грчко-албанската граница.Само што овде се работи за сосема друга тема.Имено за грците да ја напумпаат својата историска бројка на грци во јужна Албанија,све почесто носат од Грција посмртни останки-коски и надгробни плочи од селата во Грција во селата во Албанија.Со тоа сакаат да се напумпа бројот на грци што живееле таму и да ја сменат историјата.

дали ова го прават златнозорците или зад “проектот“ стои власта не се знае
 
А Албанците масовно затвораат православни цркви во јужна Албанија, со цел да ја сменат историјата и да докажат дека таму никогаш немало православни Христијани макар тие биле и Грци??
 
Бидејќи сме толерантни и мирни 95% (пички)така ни прават.
Тие на нас прст ние за инат цела рака и на одмор во бивши јунинистан.

Порано некаде по форумов имам пишано дека имам шктрано на јунинистанска кола и шкршено шофершајбна на истата,а комшијата ме пријави во полиција па го јадев стапот

И што му се случи на комшијата после?
 
А Албанците масовно затвораат православни цркви во јужна Албанија, со цел да ја сменат историјата и да докажат дека таму никогаш немало православни Христијани макар тие биле и Грци??

газдата ми кажуваше дека над 95% од населението во Саранда се “ортодокс“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom