Половно-Употребувано-Втора рака

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Веднаш прашање сте купиле ли некогаш нешто такво,дали сте задоволни
од производот и цената.Велат се што е постаро е поквалитетно,и така е.
Да не набројувам сега разни производи со тек во темата ќе се откријат.
Е за некои производи тоа не важи,како за долен веш или ВЦ шоља и сл.
Но што е со на пример автомобилот,за кои некои и го сменива семето.
Еве една денешна случка од пазар.
Една женичка продаваше(некој работи,сигурно од дома што не и требаат или пак нејзе што пари и требаат.Се некои производи од „старо“произвоство:ламби,пегла,миксер,млековар,решо,рамки и друго.
Една госпоѓа муштерика,ја гледа тоа пеглата(а има и кутија-марка ЕЛМА,миксерот ИСКРА,) и ја прашува продавачкава-„ Ама оваа е употребувана“, јас не можев да издржам,па убаво се гледа дека производот не е на штанд во Рамстор или Веро-туку на земји на дипличе, а на кутијата 1972 година пишува,јас ја земав и ја вадам пожолтената гаранција и ја читам и и велам на госпоѓата(а и не беше некоја) оваа уште 1оо години ќе работи,а таа па пак на мене „Ама оваа е употребувана“, мене ми зовре а убаво се гледа по кабелот,не море и по подножјето дека дали е само пробана или кратко употребувана-па и реков:
-„ Па и мојот комшија зема употребувана и потоа му роди две“
Зема тоа госпоѓата кесите наведна глава и си замина.Дали и стана јасно или не, незмнам.
Срамота ли е да се купи нешто половно-употребувано-втора рака,ако се знае дека е многу поквалитетно а и поефтино од некои нови кинески производи.Па и во оваа беспарица зошто да не се заштеди на нешто,новото е само фрлени пари мислам на неквалитетното произвоставо.
А комшиката не само што е употребувана (била порано мажена) и втора рака,море и втор к.. па што,ете си роди две и веќе трчаат околу зграда. Море и којзае кој по ред и е овој к.. ам сега е и домаќинка.Па и не се срами комшијата што зел употребувана.Служи и врши работа како нова.
 
Ако направам споредба со Германија, таму ништо што е употребливо и во добра состојба не го фрлаат. Се’ што е половно, а може без проблем да се користи, се продава.
Само кај нас овде имаме некаков комплекс, па и покрај сета беда и сиромаштија имаме одбивност кон половни ствари.
 
Еее Анчо ако не отвориш некоја ваква мудра тема ти нема кој, постар чоек си е постар мудрост ти е то :)
Јас коли менувам ко чорапите, строго половно оти си имам некоја математика во главата направено дека нова кола на наш стандард не се исплати али со последнава затоа го јадев стапот 1500 еври дефеци.
Освен кола половно имам купено дрвени палети си пробував некој чуда да прам, едно воено секирче, ранец војнички и опасач. Друго не сум купил а и немам идеја што би купил половно а да не се преварам. АЛИШТА second hand не иди во предвид.
 
Eden primer da vi dadam za edna moja prijatelka koj nejziniot soprug bese vo Germanija i tamo pored nekoj kontinjer imalo mesto kaj sto se ostavale elektricni aparati za domakinstvo i ovoj kako Balkanec se sobral.
Pa vie ne ste svesni od taa roba imase eden aparat za secenje suvomesnati proizvodi,i mojata prijatelka po celo maalo odese da im pomaga da komsikite odnosno da im sece za rodendeni i proslavi...ona den-deneska ja koristi taa masina,a tolku mu se lutese na soprugot sto ja sobral od ulica.
Druga prijatelka imase roditeli tamo i oni si sobiraa namestaj sto bese ostaven na odredeno mesto,a imas nesto doneseno i vo Skopje i den-deneska gi koristi;)
 
Има работи кој може да ги купам на старо и има работи кој никогаш не би земал на старо. На пример на старо не би земал нешто од технологијава произведенo последниве 7/10 години. Ме мрзи да делам по категории сеа.
 
Па и тоа не е така старо-само фрлени пари џабе.Неквалитетно.
Само на свадба може да поминеш со некој таков производ маде ин чајна.
Но да купиш од „бувљак“ - стар Униор алат од 72 год. е само добивка.
--- надополнето: 21 август 2013 во 16:03 ---
Еее Анчо ако не отвориш некоја ваква мудра тема ти нема кој, постар чоек си е постар мудрост ти е то:)
Јас коли менувам ко чорапите, строго половно оти си имам некоја математика во главата направено дека нова кола на наш стандард не се исплати али со последнава затоа го јадев стапот 1500 еври дефеци.
Освен кола половно имам купено дрвени палети си пробував некој чуда да прам, едно воено секирче, ранец војнички и опасач. Друго не сум купил а и немам идеја што би купил половно а да не се преварам. АЛИШТА second hand не иди во предвид.

Тоа баш сакав пошироко да се образложи,за стара кола и се части дури.
Пази стара најмалку 10-тина години со илјадници делови на неа,и што за секој дел треба да му ја мислиш дали е употребуван или исправен,и пази некој и си го сменива идинтетот само да дојдат до тој стар производ. И не му смета што е половен-употребуван.
А некоја дроља на пазар за некое старо ренде за 100 денари,што е производ од еден дел и се се гледа на него ќе рече
Ова е употребувано
и џабе потоа јас да и објаснувам,или да го вадам магнетот од џеб и да и кажувам „гледај не лепи магнетов“-уште сто години и во море да го ставиш ќе биде вакво,а ти пак земи си ново туркиш и чајна за една употреба.
Море за таквите само ова:
КОМШИЈАТА MOJ ЗЕМА УПОТРЕБУВАНА;ПА МУ РОДИ ДВЕ“
 
Еднаш влегов во една таква продавница за облека во Белград ми беше доста интересно и имаше доста интересни парчиња облека и тоа некои беа речиси нови и маркирани ,но немав многу време да разгледам убаво за да можам нешто да си избеерам нешто интересно ,иначе досега не сум купила но би купила од таква продавница ако нешто ми се допадне ептен во тој момент и е добро сочувано ,па кога може Наоми Кембел да изјави дека една кожна јакна која ја носеше во една пригода дека и е купена од продавница second hand и дека често ги посетува таквите продавници незнам зашто и други не би купувале во такви продавници .
 
Се разбира дека новото си е ново и старото со новото не може да се спореди.
Но сето тоа денес и не е така. Нова машина човек да купи ќе трае 10 години и одма почнуваат поправките, а да се купи стара машина стара 50 години (Горење) најверојатно би служела без проблем уште едно 10 години....., но дојдоа такви времиња никој на некого да не верува, па на човек му е страв да купи нешто половно, затоа што мисли дека е неисправно, па затоа купува ново од продавница :)
 
Еднаш влегов во една таква продавница за облека во Белград ми беше доста интересно и имаше доста интересни парчиња облека и тоа некои беа речиси нови и маркирани ,но немав многу време да разгледам убаво за да можам нешто да си избеерам нешто интересно ,иначе досега не сум купила но би купила од таква продавница ако нешто ми се допадне ептен во тој момент и е добро сочувано ,па кога може Наоми Кембел да изјави дека една кожна јакна која ја носеше во една пригода дека и е купена од продавница second hand и дека често ги посетува таквите продавници незнам зашто и други не би купувале во такви продавници .

Да,има такви продавници и тоа е добро,да се купи нешто добро а ефтино.
Мислам во Софија ги викаа „Втора употреба“
Ама кај нас е тоа срамота бре, еј старо ќе купувам,старо ќе носам и сл.
Па никој не те тера гаќи стари да купуваш,ама да купиш ФЕН од РОВЕНТА и тоа од старо произвоство е само добивка огромна и тоа за мали пари.
А да и Тостер а начекате Ровента=земајте,или некој друг производ.
 
Кога сме кај ова да си питам. Половни велосипеди некој да не знае каде има во Скопјево, само да не се МАДЕ ИН Ч(Л)АЈНА?

И Anco како ги викаа оние велосипедите со тенки тркала и една голема кочница? Купував Кинески, мајката ми се расплака од нервози и за пправки. Ах тој стариот и Понито во село по ридој, котлини, автопатишта гајле немаше. :D
 
Најчесто PC хардвер сум купувал/купувам од втора рака. Све се покажало супер до сега.
 
Најчесто PC хардвер сум купувал/купувам од втора рака. Све се покажало супер до сега.
исто. Ако нема физичко оштетување не гледам зошто некој не би купил втора рака дел.
 
исто. Ако нема физичко оштетување не гледам зошто некој не би купил втора рака дел.

Да, да нема физичко оштетување шо се вика домаќински зачувано да е, нормално.
Исто така два смартфони имам купено половно - flawless. Подобро се имаат покажано и од некои порано од оператор што ги имам купено.
 
Имам облека купувано од втора рака продавници и супер се погодиле. Омилената јакна (кожњак) од пазар 3 ја земав за 2000 денари а нова е 200 евра, коска се погоди. Гранџерски кошули за 150 денари како нови се погодиле. Од техника или сл. последно што ми текнува што купив а употребувано е процесорот за компјутеров, од член од форумов. Pentium 4 - Core 2 Duo, дупло појак од тој што го имав и супер задоволен сум.
 
Кога сме кај ова да си питам. Половни велосипеди некој да не знае каде има во Скопјево, само да не се МАДЕ ИН Ч(Л)АЈНА?

И Anco како ги викаа оние велосипедите со тенки тркала и една голема кочница? Купував Кинески, мајката ми се расплака од нервози и за пправки. Ах тој стариот и Понито во село по ридој, котлини, автопатишта гајле немаше. :D

Имаш во Сингилиќ

На тема

Имам купено половен ашов за ситна пара...но кога го исчистив ме чекаше вистинско изненадување... US Army 1943....можеби бил употребуван при инвазијата на Нормандија ;)....квалитетот неможе да се спореди со ова што се продава денес
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom