Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Е за ова некој, не во затвор, туку во самица треба да се смести!
70 милиони долари се исплатени на македонски функционери да ја одржуваат конструкцијата за наводна вина на Бошкоски и Тарчуловски. Адвокатот Игњат Панчевски тврди дека следната недела ќе ги обелодени имињата на сите функционери на чии сметки биле уплаќани овие пари.
Според него, тие на овој начин го продале Бошкоски и учествувале во конструкцијата. За едниот од нив, адвокатот вели дека е актуелен функционер на висока позиција и веќе ги имал сите докази за неговата вмешаност.
„Тоа лице за коешто имам материјални докази ќе го обелоденам заедно со останатите и ќе поднесам јавна кривична пријава против сите за коишто ќе имам материјален доказ. Некои од нив се и на високи функции“, изјави Игњат Панчевски, адвокат.
Панчевски тврди дека и нему му биле нудени високи суми од странски служби за да ги предаде сите докази за кои од порано тврди дека ги има и од кои се гледало дека Љубе Бошкоски е наместен. Ја одбил понудата, но и никогаш не и се обратил на полицијата. Не објаснува зошто.
Панчевски рече и дека добил и полномошно за бранител на екс министерот, за кое утврдил дека е фалсификат, затоа што никогаш досега немал контакт со Бошкоски. Не кажа од кого.
Тој во повеќе наврати досега се претстави само како бранител на група од дваесетина, дел од нив и сведоци, кои му ги донеле сите докази и барале да ги заштити од игрите околу Хаг, во кои влегле без своја волја.