Каде бевте денес

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Тема за дневна автобиографија,каде бевте денес - пишете - споделете
Денес бев во..., денес бев кај...денес бев на..., денес бев со..., денес бев.....
--------------------
И јас бев некаде денес.Да почнам.Се вратив од работа,бев трета смена и
ќе го преспиев денот или во кревет или пред нет,ако жена ми беше на
работа,но таа да ти била слободна.Па ај си реков батали спиење и шетај.
Се спремивме на брзина и сами(сефте без внуци) тргнавме без некој план.
Тетово го поминавме во 9 часот и место да прашувам кој пат врви за
Беловиште,продолжив и и велам на жената одиме во Галичник. И отидовме.
Picture 551.jpg стадо од десетина коњи далеку под селото си пасат...........Picture 546.jpg поглед од Галичник кон Дебарското езеро ............................Picture 549.jpg споменик на сред село,мал човек-големо јуначиште............
Се изагледав многу убави и големи куќи,се од камен,и интересно како да се
вчера ѕидани, толку се чисти камењата па нема таму прашина и смог.
Друго што приметив,нема лепешки од стока по улиците сите асфалтирани,
ама пак затоа овде корне смрди од коњине ѓупски и од нивниот измет.
Ајде назад,Маврови Анови - ручек, па околу езерото еден круг. Милина.
Никифорово. Родното село на херојот од аватарот мој. Одам во музејот.
Ми отвараат и све разгледувам (но бистата на херојот некој ја однел )
Picture 554.jpgорденот Народен херој,никогаш не стигнал тука
иако е баран, Београд не удоволил на барањата или е нешто друго матно................Picture 556.jpg со најмалиот брат (имам многу слики од овој музеј но мора
за овој херој да отворам посебна тема во Историја - им обеќав тоа.
О колку бев задоволен што сето тоа таму го видов.Денот поминува,попладне и ...
има уште нешто, (ус пат)ама ај деца можеби читаат,ќе оставам за во друга тема.
---------------------------------
(никако да погодам со ова дали треба „в“ или „ф“ едно се слуша друго се пишува)
Кој ќе продолжи - КАДЕ БЕВТЕ ДЕНЕС
 
Поголемиот дел дома,пред компјутер .... онака се одмарав .... вчера бев до Кадрифаково,село меѓу Велес и Штип,кај Ерџелија,Св Николе ..... одлично беше времето,не беше пекол бидејќи е вообичаено за Овче Поле .... ;)
 
На гости кај старите :D, заклавме свиња, кола натоваривме со месо, патлиџани, пиперки, зелки, лубеници и право дома :D, Истоваривме се' што имаше во колата, внесовме во подрумот, го наполнивме замрзнувачот. Поради немање место, уште еден замрзнувач отклучивме и тој го наполнивме :). Се' на се, добар ден ! :D

П.С : Сепак, добро е да имаш полна и богата трпезарија? Зар не?
 
Мелничани, Дебарска Плажа ... пич мајчин као и увек. 35 степени, сладолед послуга под чадор, пиво и кафе 90 денари, троа наши троа странски жентурии и чатпат по некој убер сељак ...
bwm.png
 
На гости кај старите :D, заклавме свиња, кола натоваривме со месо, патлиџани, пиперки, зелки, лубеници и право дома :D, Истоваривме се' што имаше во колата, внесовме во подрумот, го наполнивме замрзнувачот. Поради немање место, уште еден замрзнувач отклучивме и тој го наполнивме :). Се' на се, добар ден ! :D

П.С : Сепак, добро е да имаш полна и богата трпезарија? Зар не?

Блазе си ти, а јас денес 200 ден. за плескавица во која нема ни грам месо.
--- надополнето: 20 август 2013 во 23:15 ---
Бев, полагав, паднав... :place:

Не ми се допаѓа.
 
Станав во 8, отидов на работа се вратив во 18. Јадев па дремнав еден саат, отидов да вежбам накај 20:00, се вратив накај 21:30, туш, јадење, па на интернет, вајда ќе земам да читнам некое книџе сега.
 
како што сум бил болен денес и вчера никад у живот не сум бил толку.... ова вирусов ме исцеди тотално! денеска од кревет не мрднав. - 2 3 пати искочив у двор колку на „воздух“ да отидам и се преморив.... утре здравје на работа :\
 
Отварам очи и застаната покрај кревет мојата 1 годишна внука, ме гледа со насмевка и 4 забчиња, нема поубаво будење.. Се расонив и учев цел ден, не за друго утре полагам држете среќа!
 
Војзав со автошкола низ град па на полигон. Ги ебав стубчињата дури можи таму. После дома, па кај џенската го поправав демек компјутерот ама не го попрајв и сега пак дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom