Фото собиранки

Јас потврдуем присуство, татко ми ќе ја носи колата на сервис денес, ќе работат на нејзе до петок, такада ја сум без кола. Ако има место вишак, би ја зел и жена ми со мене, ако нема место вишак, само ја ќе дојдам. :)

Земи ја, не е никаков проблем. Ќе најдеме место сигурно.
Има право честа, рано ќе биде 10:30 за да фаќаме накај дома. Покасно е магијата :). Најдов и јас апарат никон, ќе ми го позајмат за вечерта. Не е нешто посебно, ама ќе служи :)

Ќе се договориме ондак. Моето 10:30 беше чисто предлог... :)
 
Земи ја, не е никаков проблем. Ќе најдеме место сигурно.


Ќе се договориме ондак. Моето 10:30 беше чисто предлог... :)




епа тоб, значи утре у колку каде?
 
Во 19:30 на паркингот на МНТ.

Само кое МНТ, кај Нова Македонија или кај комерцијална банка во центар?

EDIT: Видов дека е во центар :)
 
убаво да си поминете, чекаме слики!!!
за жал, не сум во можност да ве дружам, а дужност зове:(
 
Јас некој следен пат ќе дојдам. И астрономија и фотографија ми се голема љубов, само имам некои безвезни договори деновиве.
Носете си нешто „по долги“ и аутан.....и добар провод!
 
Треба во приватна конверзација да се ставиме сите и да ги дадеме броевите:). Иначе имам мало фрижидерче за 4 мали шишенца, ако планира некој да зима нешто, кажете да го земам. И израчунајте за бензин по колку да се дава.
 
Ајде да сумираме :)

Паркинг пред МНТ - Центар (Карши Европски Универзитет) во 19:15 (толеранција 5-10 минути).

1) @Acid
2) @Олимпија
3) @Комита Ултрас
4) @Другар на @Комита Ултрас
5) @КвикСилвер
6) @DonJas
7 @Девојка му на @DonJas

Предлог распоред:

Кола #1:
- Комита ултрас, другар му, КвикСилвер (место за уште еден слободно)

Кола #2:
- Acid, Олимпија, DonJas, Девојка му

- КвикСилвер нека земе фрижидерче;
- Со нешто треба да го наполниме (не мора да собирате пари за бензин, земете по некое едно сокче или пивце);
- Можда грицки?;
- Земете си нешто со долги ракави/ногавици (за секој случај, минатиот пат смрзнавме);
- Ако фотографирате, не заборавајте да наполните батерии, да си земете статив, ремоут и тн:
- Ако не сјебе времето и се наоблачи, барем ќе најдеме утеха во пивото :)

Некој нешто да додаде?
blue ladybug, ти што одлучи?
 
Во мојата кола има уште 2ца што се многу тенки шо значи место ќе нема, али секако Квик иде со нас. Другото колку што глеам е договорено така да вечер сите шо не не дружат, да им биде криво !! :D
 
Ние отидовме вчера вечерта, супер беше, штом се стемни почнаа да се гледаат, само вратот ми се искриви. Земете нешто против комарци ќе ве изедат инаку. :)
 
...иако ми беше планот да ве дружам - ми излегоја обврски и нема да завршам пред 21:00....но идеата за вакви собиранки во природа е супер и ветувам ќе се потрудам за наредниот пат да бидам слободен
 
Ние отидовме вчера вечерта, супер беше, штом се стемни почнаа да се гледаат, само вратот ми се искриви. Земете нешто против комарци ќе ве изедат инаку. :)

Кампуваше? :)
 
Кампуваше? :)

Да, да, не бев баш горе на Козјак зошто касно тргнавме и не фати темница по пат па решивме да застанеме одприлика кај Брезница,дека бевме со велосипеди не се вози по тоа темниците. :)
 
Фрижидерчето е мало, да не мислите кузнае колкаво е :D. Макс може 4 шишиња од 0.5, ама ќе го земам сигурно нема да ни штети. Времето вечер колку што видов ќе биде чисто и нема шанси да ни заврне. И сијалиците ги заборавивме, пожелно е да се носат. Е сега јас сталаци и такви чуда немам, среќен сум што најдов апарат. :D
 
ми се иде и на мене,ама неможам,како и да е, убава дружба,и добри слики да ви искочат!(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom