Афисос, Пелион

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Темава ја отварам поради тоа што поминав седум дена во ова прекрасно место во Грција, и поради тоа што се уште не е баш добро познато за Македонците (со оглед на тоа што 80% од туристите беа Французи, Германци, Словенци, по некој Србин и Грци), па еве да го промовирам доколку некој сака релаксиран и вистински одмор без многу забави и галама. Барајќи по интернет видов дека и агенцијата Арка го нудела годинава заедно со местото Кала Нера кое е на 10 км од Афисос и е малце поживо место. Мало селце со автентични куќи од 20-ти век, преубави таверни, неверојатно чисто море со ситни и големи камења, и плажи со ситни каменчиња исто, нема песочни плажи. Исто така се наоѓа под планината Пелион, и климата е доста пријатна, дури и кога е ептен жешко се чувствува прекрасниот воздух и пријатен ветер.

ymc-IMG-91.jpg


На 25 км од Афисос е Волос, пристаништето каде што тргат бродовите за Скијатос (исто има и тури за Скијатос и други островчиња). Преубав град со околу 130 000 жители. Одлични кафетерии, продавници и пријатен народ. Во Волос има и Lidl.

Она што беше малку чудно е што ги нема малите ресторанчиња како на краците на пр. каде што можеш да добиеш пита гиро, туку повеќето таверни нудат само порции за околу 6-7 евра гира со лебче, помфрит и салата или пак сувлаки порција.

u3p-IMG-91.jpg


Кога сме кај гостопримливоста ние бевме сместени во Хотел Катиа веднаш на плоштадот во Афисос, сопствениците на хотелот беа толку гостопримливи што секое утро на појадокот (во хотелот беше вклучено само спиење со појадок) не прашуваа дали е се добро, дали е убав појадокот (дури и кога стигнавме дојде човек да ни ги однесе куферите до спратот горе), а на крај ни подарија две тегла домашен џем од портокал и смокви поради тоа што сами го изработувале, а и појадокот се состоеше од одлични домашни колачи, цеден портокал и секакви видови на џемови. Она што сакам да го кажам е дека овој грчки народ од оној на краците (посебно на првиот) е сосема различен и имаат баш добра култура, дури и не слушнав ниту еднаш Скопја, туку Македонија не викаа.

ihk-IMG-93.jpg


На крајот од Афисос (значи мало е местото пешки е 5 мин од плоштадот на Афисос) има преубава плажа (слики подоле) и 3 кафетерии. Лежалка е 2 евра со чадор, а пијачките од 2.50 евра фрапе (како и секаде во Грција), 2.50 евра ладен чај, 3 евра газиран сок.

t6z-IMG-91.jpg
 
Сум бил таму пред десетина години. Не во истово место туку малце појужно.
Идеално место за одмор е, плус и дека во залив доаѓа местото, водата е стакло...
Два пати сум бил таму и преубави одмори сум поминал.
Ако имаш уште слики, ставај... малце спомени да ми се навратат :)
 
Заборавив да напоменам филмот Mamma Mia! со Мерил Стрип пред 5 години е сниман во местото Агиос Јоанис, од другата страна на планината Пелион, па во хотелот секое утро често пуштаа песни од саундтракот од филмот од песните на ABBA. (y)

355-IMG-91.jpg


ht8-IMG-91.jpg


2dd-IMG-91.jpg
 
По сликиве ова многу ми изгледа како за парови или да отидеш да си се одмориш поштено.Ние сакаме журчиња да има нешто да се дешава. :)
 
Колку се патува? Како се цените по хотели? Плажите песочни се? Во морето има каменчиња или не?
 
Колку се патува? Како се цените по хотели? Плажите песочни се? Во морето има каменчиња или не?

Околу 400 км до Афисос, патото е одличен, автопат прав. Цените не знам баш по хотели и апартмани како се движат, ние преку Booking резервираме каде што цените баш се движат различно варират цело време, околу 20-50 евра ноќевање од соба. Плажите се со ситни каменчиња, во морето има и ситни на почетокот а во подлабокото поголеми камења.
 
Јас сум биден малце појужно, во Милина. т.е. во Леда ресорт. Стварно Пелион полуостровот е мн убав. И да најјужно има едно островче со рибарска населба Палео Трикери каде има многу убава и ефтина морска храна по рестораните.

П.С. да не нема забуна, Грција одев само службено, не на одмор ;). На одмор само во Охрид :vozbud:
 
Море без песочна плажа за мене е како Охрид без некултурни угостители. Убаво место, ама се разочарав од недостатокот на песок, 4 дена во Охрид ми изгледаа како мачење во поглед на истото
 
Море без песочна плажа за мене е како Охрид без некултурни угостители. Убаво место, ама се разочарав од недостатокот на песок, 4 дена во Охрид ми изгледаа како мачење во поглед на истото


Ако бараш убава песочна плажа Охрид - само Љубаништа. И во воениот камп во Св. Наум - ова е најубавата на цело езеро. Само проблемот е шо понекогаш има чувари војници и непуштаат луѓе. Ак успејш да се протниш некако немат да згрешиш
 
Битна ствар што не ја напоменав на првиот пост, има патарини во еден правец ви се 12 евра.
 
Ако бараш убава песочна плажа Охрид - само Љубаништа. И во воениот камп во Св. Наум - ова е најубавата на цело езеро. Само проблемот е шо понекогаш има чувари војници и непуштаат луѓе. Ак успејш да се протниш некако немат да згрешиш


Бев на Љубаништа, одлично е, ама не иде секој ден од Охрид со колатаму да си, ќе те фати како да си бил за Тасос :icon_lol:
 
Ако бараш убава песочна плажа Охрид - само Љубаништа. И во воениот камп во Св. Наум - ова е најубавата на цело езеро. Само проблемот е шо понекогаш има чувари војници и непуштаат луѓе. Ак успејш да се протниш некако немат да згрешиш

Пуштаат без проблем, 50 ден. е влезот во `војниот` камп, бев минатата недела.

Онтопик:
Пилио(така го изговарат малаките) изгледа фантастично, посебно источната страна, према Спорадите. Јас имам одено Загора вон сезона, пиле не пееше и истураше дожд, од тогаш се кандисувам да одам на лето ама се нешто останато од Грција ми избива на преден план, а местата изгледаат идеални за одмор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom