.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com

Не е зима и нема чад од греењето, но сепак Битола според податоците од Министерството за животна средина е најзагадената општина во земјава, овие податоци не ги загрижија еколошките здруженија, но мала група на малди битолчани денска пред општина Битола изведоа еден акт на нивната загриженот, флеш моб со порака.
„ Која е причината поради која сте денес овде ?- присутните кашлаат. Како го коментирате молкот на надлежните?- присутните кашлаат.
12-те млади битолчани својот флеш моб го изведоа и со симболиката на бизнисмен во одело кој треба да прати порака и оние кои заработуваат на сметка на загадувањето, дека парите неможе да им купат чист воздух нив или на нивните деца.Битола деновиве е најзагаден град во државата, а концентрацијата на ситна прашина во воздухот достигна кулминација, битолската мерна станица на Министерсвото за животна средина покажува 20 пати поголема концентрација на ситна прашина или 1000 микорграми на метар кубен, наспроти дозволената гранична вредност од 50 микрограми. Со тоа, индексот на загадување во градот под Пелистер е на нај високо ниво во државата.
Според домашната законска регулатива, пречекорување на концентрацијата на ситната прашина едозволено 35 дена во текот на годината. Но, Битола веќе има пречекорувања од 43 дена. И покрај ваквата сотојба, досега нема никаква препорака за населението, ниту пак некаков став од еколошките здруженија или надлежните институции.
Веста од 28 јуни.
Извор - Тера телевизија
Инаку ме интересира зошто толку е загадена Битола кои се причините за загадувањето на градот дали некој има информација?
