Битола загадена

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
OLIVERA_PROTEST_ZA_CIST_VOZDUH_002.jpg


Не е зима и нема чад од греењето, но сепак Битола според податоците од Министерството за животна средина е најзагадената општина во земјава, овие податоци не ги загрижија еколошките здруженија, но мала група на малди битолчани денска пред општина Битола изведоа еден акт на нивната загриженот, флеш моб со порака.

„ Која е причината поради која сте денес овде ?- присутните кашлаат. Како го коментирате молкот на надлежните?- присутните кашлаат.

12-те млади битолчани својот флеш моб го изведоа и со симболиката на бизнисмен во одело кој треба да прати порака и оние кои заработуваат на сметка на загадувањето, дека парите неможе да им купат чист воздух нив или на нивните деца.Битола деновиве е најзагаден град во државата, а концентрацијата на ситна прашина во воздухот достигна кулминација, битолската мерна станица на Министерсвото за животна средина покажува 20 пати поголема концентрација на ситна прашина или 1000 микорграми на метар кубен, наспроти дозволената гранична вредност од 50 микрограми. Со тоа, индексот на загадување во градот под Пелистер е на нај високо ниво во државата.

Според домашната законска регулатива, пречекорување на концентрацијата на ситната прашина едозволено 35 дена во текот на годината. Но, Битола веќе има пречекорувања од 43 дена. И покрај ваквата сотојба, досега нема никаква препорака за населението, ниту пак некаков став од еколошките здруженија или надлежните институции.
Веста од 28 јуни.
Извор - Тера телевизија

Инаку ме интересира зошто толку е загадена Битола кои се причините за загадувањето на градот дали некој има информација? :)
 
акцијата бидна помина има скоро месец дена,ни се случи “кучињата лаат,караванот си врви“,тотална незаинтересираност иако сите чувствуваат чудна омалаксаност,немање енергија и слично......се заташкува и не добива на интензитет случајов и состојбата воопшто :(
 
Оти не се најде некој да кажи шо е причината за ова? или само да се зборва...и овде нешто политичко да не замешаја :facepalm:
 
Прегледај го приврзокот 69535

Инаку ме интересира зошто толку е загадена Битола кои се причините за загадувањето на градот дали некој има информација? :)

Си чул за енергетскиот капацитет кој произведува дури 90% електрична енергија(остатокот е на Хидро и помалата Осломоеј а ТЕЦ-Неготино работи за потребите на Грција и тоа со мазут купен од нив=Бесплатна Струја за нив), понатаму имаме и рудник кој е отворен коп и има прашина колку сакаш а лигнитот го "вади" машина огромна која има дури 25 камери.

Нејсе лигнит е нискокалоричен ама сепак има доволно за 30 години но зарем мислевте дека продуктот од согорувањето на лигнит е О2???

Се разбира РЕК Битола е најголем загадувач во пелагонискиот регион и тоа го прави долгорочно, еве беа ремонтирани два блока па ништо т.е тоа само зголемува коефициент на полесност и поголема енергетска ефикасност но никако помалку загадување.

РЕК ,Битола работи 24/7 како и машината чудовиште одговорна за Јаглен(во случајов лигнит кој е неколкупати помалку калоричен во споредба со антрацит-кој го има на Косово.

Покрај Термоцентралата други виновници се и пожарите, слободно погледнете евиденција и ќе видите нивен пораст и зачестеност.

И на крај се секако автомобилите кои и не исполнуваат стандарди а нашиве се залетаа во Бугарија дури и се пишаа бугари-само за да возат автомобил кој ќе ги ретардира нивните деца.
 
бла бла бла дур не се соберете и го искршите пола град ништо не бива со нашиве кучиња...
 
Прашање:
Дали на оваа тема имаше еден добар текст(можеби е избришан) наутро го читав.
За загаденост од автомобилите,за ладен старт на моторите за јаглен-диоксид и сл.
Ако е на друга тема тогаш каде да барам.
 
БРАВО БИТОЛЧАНИ РЕСПЕКТ ЗА ВАС
 
РЕК Битола.. и немој да мислите дека Пелагонија од каде што јадеме леб сите е нешто посебно чиста.
Во Тополчани, Канатларци и Ерековци како се чуствува околу 05.00 / 06.00 ч. само да знаете. :S
Untitled.jpg
Исто така во тој дел има и зголемен број на лица заболени од рак последниве децении.
 
Bitola koga nebila zagadena :D nasata ulica brzo ja napraja pa eden coek so traktor pominva selanec i cela zemja ja isturi na patot sega lom e patot (n)
 
Bitola koga nebila zagadena :D nasata ulica brzo ja napraja pa eden coek so traktor pominva selanec i cela zemja ja isturi na patot sega lom e patot (n)

Шо не се караш? Кај мене цигара да фрли ќе му се собереме да го тепаме. :D
Има и други патишта сигурно, него да скрати. (n)
 
Шо не се караш? Кај мене цигара да фрли ќе му се собереме да го тепаме. :D
Има и други патишта сигурно, него да скрати. (n)
Се карав итоа како и ми врати и една тупаница долу му манав и му ја дадов метлата да смети пред порта и смети страв му беше иначе убо прајте ;)
 
Се карав итоа како и ми врати и една тупаница долу му манав и му ја дадов метлата да смети пред порта и смети страв му беше иначе убо прајте ;)

off-topi
А кај живееш точно? И кој од форумов живее кај црн мост и накај ридот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom