Волонтери за пишување на портал

  • Креатор на темата Креатор на темата pogledni
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2013
Мислења
10
Поени од реакции
0
Возраст
36
Здраво дечки,

Пред извесно време на македонскиот интернет простор се појави нов забавен и едукативен портал (знам има еден куп :) ама ќе пробаме да се одвоиме) и нашите амбиции се порталот да се искачи на самиот врв. За таа цел бараме волонтери уредници кои би одвоиле време за пишување статии.

Нема одредено време на пишување, секој пишува кога може и ако може. Уредниците добиваат страна на порталот со нивните статии и повеќе информации за нив, обука за објавување на содржини и обработка на фотографии и потполна креативна слобода.

Уредниците треба да бидат креативни млади луѓе со желба за докажување и да имаат познавање на барем еден странски јазик, основни компјутерски вештини и општо познавање на поп културата.

Со надеж дека порталот ќе почне да заработува од маркетинг, приходите ќе бидат поделени меѓу уредниците пропорционално.

Заинтересираните нека пишат тука или нека ми пратат порака за да им пратам линк.

Ви благодариме.
 
Пишувајте за Сораја и Кардашијан и ќе имате гледаност. Поздрав.
Ние веруваме дека можеме да успееме со пренесување на повисоки вредности на нашата публика, така да Вашиот предлог не доаѓа во предвид. :)

Сепак, фала за советот, тажно е што тоа е вистина, но ќе се обидеме да Ве разубедиме.
 
Здраво дечки,

Пред извесно време на македонскиот интернет простор се појави нов забавен и едукативен портал (знам има еден куп :) ама ќе пробаме да се одвоиме) и нашите амбиции се порталот да се искачи на самиот врв. За таа цел бараме волонтери уредници кои би одвоиле време за пишување статии.

Нема одредено време на пишување, секој пишува кога може и ако може. Уредниците добиваат страна на порталот со нивните статии и повеќе информации за нив, обука за објавување на содржини и обработка на фотографии и потполна креативна слобода.

Уредниците треба да бидат креативни млади луѓе со желба за докажување и да имаат познавање на барем еден странски јазик, основни компјутерски вештини и општо познавање на поп културата.

Со надеж дека порталот ќе почне да заработува од маркетинг, приходите ќе бидат поделени меѓу уредниците пропорционално.

Заинтересираните нека пишат тука или нека ми пратат порака за да им пратам линк.

Ви благодариме.
daj mi na mene link da vidam so e rabota bas me interesira
 
Сеирење на темава ќе носи казнени поени за секој.
Инаку провери ја и оваа тема со слична содржина е. Засега нека остане и твојата.
 
Ја видов темата и ја прочитав, само не најдов многу допирни точки со неа, затоа и направив нова.
 
Здраво дечки,

Пред извесно време на македонскиот интернет простор се појави нов забавен и едукативен портал (знам има еден куп :) ама ќе пробаме да се одвоиме) и нашите амбиции се порталот да се искачи на самиот врв. За таа цел бараме волонтери уредници кои би одвоиле време за пишување статии.

Нема одредено време на пишување, секој пишува кога може и ако може. Уредниците добиваат страна на порталот со нивните статии и повеќе информации за нив, обука за објавување на содржини и обработка на фотографии и потполна креативна слобода.

Уредниците треба да бидат креативни млади луѓе со желба за докажување и да имаат познавање на барем еден странски јазик, основни компјутерски вештини и општо познавање на поп културата.

Со надеж дека порталот ќе почне да заработува од маркетинг, приходите ќе бидат поделени меѓу уредниците пропорционално.

Заинтересираните нека пишат тука или нека ми пратат порака за да им пратам линк.

Ви благодариме.
Прва најчеста грешка ви е амбицијата. Амбицијата уште од старт да ви се заснова да бидете најдобар портал е чукање во празно. Амбиција како амбиција е во ред, проблемот е треба да се сконцентрирате на некоја таргет група. Тоа што ви напомена Röddást е донекаде точно, но тој врв е лабилен. Утре ќе бидат други со истата замисла, задутре трети. Подобро е да се биде најдобар во еден сектор, ако тоа ви е целта.
Друга грешка е тоа што имате огромна флексибилност со „тајмингот“ околу пишување на статии. Како што самите велите, учесниците би пишувале кога би можеле и ако би можеле. Со оваква флексибилност во старт им се дава преголема слобода, на цената на квалитетот на пишаните статии. Препораката ми е, треба да се има фиксно време, или пак конкретен план за тоа кој, што и како би изнесувал во врска со статиите. Со други зборови, малку ќе извулгаризирам: распашана команда ќе придонесе кон квалитетот исто онолку колку и најригидниот генерал. Флексибилност - да. Но во друга форма, како на пример во приемчивоста на пишаниот текст. Сепак ако целите на поголема таргет група, нема да биде потребно да употребувате исклучиво стручни термини.

Ова е вака во глобала како би требало да започнете. Понатаму, ќе видите како ќе се одвиваат работите. Во секој случај прочитајте го одново мислењето на означениот член. Ова се моите најдобронамерни совети.
 
Што би ве правило поразлични од:

Idi Vidi
Kurir
Makedonija
Makedonija 24
Makedonski Sport
Net Press
On Net
Plus Info
Shqip Media
Telegraf
Time
пулс24.мк

GRID.MK

Motika - Did You Smile Today?

Телевизија Сител

CRNOBELO.com

Кајгана

Навалица

Курир

Кафе пауза

бркај работа

stipka

Точка

plusinfo.mk

Трач Забава Музика

mkd.mk

Off.net.mk

fakulteti.mk

Он.нет

libertas.mk

republika.mk

telegraf.mk
mia.mk

idividi.com.mk

zazabava.com

mnogoo.com.mk .....

Ги има еден куп. И ќе ги има.Научија средношколци дека можат да вадат пари од реклами, и доста сајтови се појавија денес.Никогаш не сфатив зошто оригиналностите не се задржуваат во македонија,или не се направи договор, еден сајт за забава,друг трач,трет хумор, вести итн.

Веста дека ким кардашијан се здебелила 0,50 грама ќе ја пренесат 30 % од сајтовите во македонија.Што би ме натерало јас да дојдам на вашиот сајт и да читам за истата вест?
 
Прва најчеста грешка ви е амбицијата. Амбицијата уште од старт да ви се заснова да бидете најдобар портал е чукање во празно. Амбиција како амбиција е во ред, проблемот е треба да се сконцентрирате на некоја таргет група.
Од наша гледна точка е подобро да сакаш да бидеш најдобар, наместо да си речиш ај ќе пробам па можеби ќе биде. Таргет група имаме, реков нема да има Сораја и Кардашијан, значи отприлика знаеме што сакаме и што не сакаме да привлечиме.

Друга грешка е тоа што имате огромна флексибилност со „тајмингот“ околу пишување на статии. Како што самите велите, учесниците би пишувале кога би можеле и ако би можеле. Со оваква флексибилност во старт им се дава преголема слобода, на цената на квалитетот на пишаните статии. Препораката ми е, треба да се има фиксно време, или пак конкретен план за тоа кој, што и како би изнесувал во врска со статиите.
Во право си, но на почеток ќе биде така, додека се собериме екипа, па малку по малку ќе се организираме. Веќе се пријави еден член кој си избра тематика на која ќе пишува.

Ова е вака во глобала како би требало да започнете. Понатаму, ќе видите како ќе се одвиваат работите. Во секој случај прочитајте го одново мислењето на означениот член. Ова се моите најдобронамерни совети.
Благодарам за добронамерниот совет, ќе го прочитам уште неколку пати. :)
 
Здраво дечки,

Пред извесно време на македонскиот интернет простор се појави нов забавен и едукативен портал (знам има еден куп :) ама ќе пробаме да се одвоиме) и нашите амбиции се порталот да се искачи на самиот врв. За таа цел бараме волонтери уредници кои би одвоиле време за пишување статии.

Нема одредено време на пишување, секој пишува кога може и ако може. Уредниците добиваат страна на порталот со нивните статии и повеќе информации за нив, обука за објавување на содржини и обработка на фотографии и потполна креативна слобода.

Уредниците треба да бидат креативни млади луѓе со желба за докажување и да имаат познавање на барем еден странски јазик, основни компјутерски вештини и општо познавање на поп културата.

Со надеж дека порталот ќе почне да заработува од маркетинг, приходите ќе бидат поделени меѓу уредниците пропорционално.

Заинтересираните нека пишат тука или нека ми пратат порака за да им пратам линк.

Ви благодариме.
Очигледно волентерите ќе зимат пари, па за колкава плата ќе станува збор одприлика?
 
Што би ве правило поразлични од:

Idi Vidi
Kurir
Makedonija
Makedonija 24
Makedonski Sport
Net Press
On Net
Plus Info
Shqip Media
Telegraf
Time
пулс24.мк

GRID.MK

Motika - Did You Smile Today?

Телевизија Сител

CRNOBELO.com

Кајгана

Навалица

Курир

Кафе пауза

бркај работа

stipka

Точка

plusinfo.mk

Трач Забава Музика

mkd.mk

Off.net.mk

fakulteti.mk

Он.нет

libertas.mk

republika.mk

telegraf.mk
mia.mk

idividi.com.mk

zazabava.com

mnogoo.com.mk .....

Ги има еден куп. И ќе ги има.Научија средношколци дека можат да вадат пари од реклами, и доста сајтови се појавија денес.Никогаш не сфатив зошто оригиналностите не се задржуваат во македонија,или не се направи договор, еден сајт за забава,друг трач,трет хумор, вести итн.

Веста дека ким кардашијан се здебелила 0,50 грама ќе ја пренесат 30 % од сајтовите во македонија.Што би ме натерало јас да дојдам на вашиот сајт и да читам за истата вест?
Уникатноста и квалитетот?
--- надополнето: 1 август 2013 во 01:15 ---
Очигледно волентерите ќе зимат пари, па за колкава плата ќе станува збор одприлика?
Како што кажав погоре, за почеток ќе биде чисто волонтерски. А потоа приходите ќе бидат делени пропорционално помеѓу тие што ќе пишуваат. Покрај бројот на статии, би се земале предвид фактори како квалитетот и посетеноста на напишаните статии.
 
Уникатноста и квалитетот?

Kвалитет се гледа на пазар кога купуваш домати, имаш полускапани,зрели,зелени.
Во интернет просторот и моите сајбер букви и твоите имаат исти квалитет.Не може да имаш поубав “ракопис“ од мене.:pipi:
 
Амбиција како амбиција е во ред но во одредена таргет група, а не во општ сектор. Така е само одење во празно.
Поентата пак ќе се повторам, - бидете одлични во тоа што го правите. А под тоа спаѓа добра информираност, начин на истражување на вести, сензационалност не по секоја цена. Фактите пред се`. И најбитно, мислата да ви тече. и да биде лесно достапна но концизна.
 
Kвалитет се гледа на пазар кога купуваш домати, имаш полускапани,зрели,зелени.
Во интернет просторот и моите сајбер букви и твоите имаат исти квалитет.Не може да имаш поубав “ракопис“ од мене.:pipi:
Не знам какви се твоите убедувања, но мене на училиште по македонски јазик не ми пишуваа петки само за ракописот. :)

Правопис, граматика, придржување кон правилата на пишување на порталот, истражување за темата за која се пишува исто така би се запазувало.
 
Веста дека “Ким Кардашијан“ ослабнала 0,5 грама напишано литературно е исто толку дебилна колку што е напишана без правопис и голтани букви (точка style)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom