Шпанија во шок: 77 загинати и 143 повредени во железничка несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
25/07/2013 - 09:39
ШПАНИЈА ВО ШОК: 77 загинати, 143 повредени (ФОТО, ВИДЕО)

Пребрзото влегување во свиок, неофицијално, е причината за излетувањето на возот од шините кај местото Сантјаго де Компостела - повеќето од вагоните се згемечени

Zeleznicka-nesrekja-Spanija-01.jpg
(Фото: Profimedia)
Најмалку 77 загинати и 143 повредени е последниот биланс од тешката железничка несреќа во шпанскиот град Сантјаго де Компостела, соопшти Регионалниот суд на Галиција, напоменувајќи оти тоа сè уште не е конечно.

Zeleznicka-nesrekja-Spanija-02.jpg

(Фото: Profimedia)
Пет лица се во кома, а уште 15 до 20 се во тешка состојба. Несреќата се случила синоќа во 20.42 часот по локално време. Се работи за линија што ги поврзува Мадрид и Ферол, на северот на земјата. Телата кои се расфрлани се прекриени со ќебиња. Возот се превртел на врвот на вијадукт. Екипите за итна помош и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата. Сведоци опишале ужасни сцени, а некои тврдат дека слушнале силна експлозија.
Возот со патници излетал од шините на остар свијок. Еден од вагоните се запалил. Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе допатува денеска на местото на несреќата. Ова е една од најголемите трагедии во историјата на железничкиот сообраќај во Шпанија.
Zeleznicka-nesrekja-Spanija-03.jpg

(Фото: Profimedia)

(Телеграф.мк)

Уште ова и фалеше на Шпанија.

Дали има информации за присуство на Македонски државјани во возот?
 
Фала многу што ми го расипа апетитот за јадење со оваа "'прекрасна'' слика :mad:
Извинете Господине, одсега ќе отвараме теми во консултација со вашиот план за јадење.
 
Фала многу што ми го расипа апетитот за јадење со оваа "'прекрасна'' слика :mad:

Кога кликна на темава го прочита насловот? Што очекуваше, да има слики од бели гулаби и корморани како слободно леткаат?

Он: Добро бе мајке му, свијок + вијадукт и не му изгледало ко потенцијална опасност на машиновозачот?
 
Он: Добро бе мајке му, свијок + вијадукт и не му изгледало ко потенцијална опасност на машиновозачот?

Сигурно прв пат не го возел тој дел, уште нема официјална причина за трагедијава.

Пред недела дена излета воз и во Париз 5 мртви имаше.

Ако во Еу со таква инфраструктура излетуваат, во МКД несакам ни да замислам што би се случило недај боже. Нешто налик на тешката железничка несреќа во Црна Гора пред 3/4 години каде погинаа 100 лица.
 
За среќа нашиве возови и да сакаат неможат да влезат пребрзо во свиок.
 
За среќа нашиве возови неможат и да сакаат да влезат пребрзо во свиок.
Да, возат доста побавно од Еу. Но има делови во железничката инфраструктура како што е делот Велес - Рајко Жинзифов каде возот се движи накривен накај страната на Вардар. Таму е река и подоцна клисура. Возат бавно, но еден ден ќе попушти и ќе се преврти право во Вардар. И после ќе биде крив незнам кој.
 
Фала многу што ми го расипа апетитот за јадење со оваа "'прекрасна'' слика :mad:

Видов полоши слики на нет. Сакаш да ти отиде апетитот до утре сабајле? Само кажи.

Он топик - Имаше и железничка несреќа во Индија ако не се сеќавам, пред кратко време. Што е со сите овие железнички несреќи во последно време???
 
Да, возат доста побавно од Еу. Но има делови во железничката инфраструктура како што е делот Велес - Рајко Жинзифов каде возот се движи накривен накај страната на Вардар. Таму е река и подоцна клисура. Возат бавно, но еден ден ќе попушти и ќе се преврти право во Вардар. И после ќе биде крив незнам кој.

Цацко ќе биде крив. Исто и Бранко. :D
Сериозно, нашава инфраструктура не е обновена откога е направена. Уште стојат тесните шини од на Хитлер времето, а до пред некое време не сум сигурен баш но мислам дека минеа шинобуси по нив. А за европскиве железници што знам, не ми изгледаат за несигурни. И да направиш железничка линија според сите регулативи и да биде најбезбедна што може не е гаранција дека нема да се случи несреќа.
 
Страшно скоро половината загинати другите повредени.Која несреќа пак вагоните излегуваат баш на кривина со бетонски ѕид .
 
Оти ми мириса на терористички напад?

Јас не верувам дека е терористички чин. ЕТА е во примирје со шпанските власти веќе неколку години, а исламистиве обично напаѓаат познати цели. Пред некој година имаа напад сред Мадрид ако не се лажам. Не верувам дека би нападанале баш во Галиција.

Во секој случај, голема трагедија. Греота.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom