leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
25/07/2013 - 09:39
ШПАНИЈА ВО ШОК: 77 загинати, 143 повредени (ФОТО, ВИДЕО)
Пребрзото влегување во свиок, неофицијално, е причината за излетувањето на возот од шините кај местото Сантјаго де Компостела - повеќето од вагоните се згемечени
(Фото: Profimedia)
Најмалку 77 загинати и 143 повредени е последниот биланс од тешката железничка несреќа во шпанскиот град Сантјаго де Компостела, соопшти Регионалниот суд на Галиција, напоменувајќи оти тоа сè уште не е конечно.
(Фото: Profimedia)
Пет лица се во кома, а уште 15 до 20 се во тешка состојба. Несреќата се случила синоќа во 20.42 часот по локално време. Се работи за линија што ги поврзува Мадрид и Ферол, на северот на земјата. Телата кои се расфрлани се прекриени со ќебиња. Возот се превртел на врвот на вијадукт. Екипите за итна помош и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата. Сведоци опишале ужасни сцени, а некои тврдат дека слушнале силна експлозија.
Возот со патници излетал од шините на остар свијок. Еден од вагоните се запалил. Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе допатува денеска на местото на несреќата. Ова е една од најголемите трагедии во историјата на железничкиот сообраќај во Шпанија.
(Фото: Profimedia)
(Телеграф.мк)
Уште ова и фалеше на Шпанија.
Дали има информации за присуство на Македонски државјани во возот?