Love 1/2 ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување Време на започнување
J

Johnny Stulic

Гостин
Гледав на хрватската телевизија една емисија брачен пар интелектуалци беа нешто уметници и покрај другото што се зборуваше вон контекст од темата падна лаф-муабет за нивниот брак.
И почна онака како голема љубов уште од средношколски денови.....бла бла бла .....и двајцата се одлучиле да немаат деца заради тоа што ќе се намали љубовта помеѓу нив односно не сакале љубовта да ја поделат.
и сеа прашање за овие комплетниве (со деца) дали љубовта спрема сопругот/а е намалена или пак зголемена после рожбата на вашиот син/ќерка?
 
Johnny Stulic напиша:

Глупости во боја, сепак не биле толку големи "интелектуалци" како што се прикажувале. Што е нашата цел во животот? Да оставиме наследство со некој што го сакаме (кај повеќето е така) и да умреме. Нормално е дека после раѓањето на децата може малку љубовта да се пренасочи кон нив но незначи дека ќе ја одсакам или помалку ќе ја сакам избраничката на мојот живот. На крај краева децата се доказ, односно резултат на вашата љубов со тој што го сакате повеќе од вашиот живот.
 
Не се намалува баш напротив уште повеке се зголему,детето е нешто најмило и е плодот на нашата љубов.
 
Не можам, а да не кажам. Тие двајцата мора да имаат некој друг проблем,па го покриваат со - неќат да ја делат љубовта со деца, свашта!!!
Тоа ти се викаат ексцентрични типови на луѓе.
-Едно е да се сакаат,но да не сакаат да имаат деца и да се договорат околу тоа.Среќен пар.
-А сосема друго,да се сакаат,ама неќат деца,за да не ја делат љубовта?! „Чуден пар” (наводнициве се ставени наместо вистинскиот израз за таквиот пар)
 
Па колку што знам детето во бракот е плод на нивната љубов.И како може да се намали љубовта?Оф топик ова што го кажале луѓево.Според мене нема смисла
 
Интелектуалци :nesvest: .... гарант пред тоа се мислеле дали да купат кученце или да направат дете.... па на крај се решиле за кучето...
 
Johnny Stulic напиша:
и сеа прашање за овие комплетниве (со деца) дали љубовта спрема сопругот/а е намалена или пак зголемена после рожбата на вашиот син/ќерка?

Не сум комплетна, ама никогаш не сум ни помислила дека не треба да имам деца за да ја зачувам љубовта кон сопругот. Страшна работа ... па тоа според мене би требало да е обратно ... кога ќе го гледам како се грижи за децата, како ги воспитува, каков е и во улога на татко, логично е да го засакам повеќе тој човек.
Овие интелектуалциве од примеров, најверојатно дошле до заклучок дека не би знаеле како да се справат со деца, дека само би се разочарале од партнерот кога би го виделе како родител и тогаш ја донеле таа одлука. Всушност, не се за џабе интелектуалци ... донеле правилна одлука.
 
Јас сум од оние „комплетните” и сметам дека сум компетентен да кажам збор два за ова прашање:
Љубовта кон партнерот е посебен вид љубов, која е сосем различна од онаа кон детето.
Љубовта кон детето е посебна. Силна врска. Го гледаш уште кога не е поголемо од шише Кока Кола од 2 Л, го раснеш, го галиш, па ке ти гуга, првиот збор ке го изговори... Воопшто нема врска со љубовта меѓу двајца возрасни, и барем за мене, нема врска со љубовта кон партнерот. Тие два вида љубов не се контра една со друга, туку напротив, може само да ја зацврсти и љубовта кон партнерот, во смисла откривање нови квалитети.
 
Јас немам деца ама имам родители, ако може така да се смета, љубовта кон родителите и кон девојката е нешто сосема различно.
И од тука неможам да ги сватам, ама ако биле уметници ги разбирам, како можеле така направат. Ако го сакаш партнерот ќе го сакаш и кога ќе имаш деца, стварно свашта земја роди шо викаат србите
 
Johnny Stulic напиша:
И почна онака како голема љубов уште од средношколски денови.....бла бла бла .....и двајцата се одлучиле да немаат деца заради тоа што ќе се намали љубовта помеѓу нив односно не сакале љубовта да ја поделат.

А јас си мислев дека све иам слушнато у живот, ама вакви примери ме демантираат до коска. Максимално се ексцентрични, и вакви себичњаци треба да се изолираат на секој можен начин. Чим стасале на тв, и тоа на гледан медум каков е Хрватска телевизија сигурно имаат нешто на ум, некаков нов болен култ или нешто слично...не, не разбирам! Ајде да не сте спремни да имате деца, али да се изнесе ваква причина у јавност за мене е знак за прекумерено конзумирање на дроги, психотропни супстанци и прокурзори:toe:
 
семејтво без дете не го биѓа освен ако не можат да имаат поради некои здравствени проблеми а за иначе многу сакам да имам дете
 
Johnny Stulic напиша:
Гледав на хрватската телевизија една емисија брачен пар интелектуалци беа нешто уметници и покрај другото што се зборуваше вон контекст од темата падна лаф-муабет за нивниот брак.
И почна онака како голема љубов уште од средношколски денови.....бла бла бла .....и двајцата се одлучиле да немаат деца заради тоа што ќе се намали љубовта помеѓу нив односно не сакале љубовта да ја поделат.
и сеа прашање за овие комплетниве (со деца) дали љубовта спрема сопругот/а е намалена или пак зголемена после рожбата на вашиот син/ќерка?
Апсолутно не се согласувам. Како некој погоре што напиша - ексцентрични луѓе.
Во природата на секое суштество е да остаи наследник, да има пород. Така да како што љубовта е природна, така и природно е да имаш деца и сигурно ја зацврстуваат врската на едно повисоко ниво, со едни повозвишени чувства.
 
Со сигурност можам да потврдам само кога ќе имам деца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom