Ми текнува на последниот ден, акнавме по две скопски и мортадела пред коперација, кај што земавме за јадење 4 години претходно а по некад и по некое пиво ....врнеше, и ни ги наврна алманасите, некој материјал заебан....уште е оштетен малку, иако го немам видено со години и години.
Одејки накај Партизанска застанавме под една настрешница на кратко и муабетот беше демек ќе се слушаме и ќе држиме контакти. Ми текнува на неубавото чувство на разделба, а знаев длабоко во себе дека нема да има ништо од другарството веќе...
Јас по игра на случај живеам во друг град од тој во кој што учев основно...па ретко имам контакт.
Али види случај еден од најдобрите другари што го имав буквално од забавиште се знаевме, и он се пресели и живее во истиот град сега и немаме време да се видиме да седнеме на кафе.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.