Тревата не е дрога , така што не гледам поента да се коментира на темава .
Од аспект на дефиницијата, дрога е. Ама од аспектот на истата таа дефиниција дрога се и тутунот и алкохолот, а легални се.
Мене ми смета класификацијата на марихуната како дрога, најмногу затоа што сето тоа прави збрка во поимањето на поимот дрога кај помладите.
На пример, копиљ/копиљка иде на журка и повеќе од пола присутни пафкаат травче. Нормално е да посака да проба, и нормално е да увиди дека ефектот и последиците (краткорочните), не се ништо пострашни од тутунот па и алкохолот (ма алкохолот има заебани последици следното утро).
И што се случува? Некој само што научил дека „дрогата„ е ОК, дека не е ништо страшно и дека сите лажат кога кажуваат дека предизвукува зависност.
Се губи инхибицијата во некоја следна прилика да се одбие да се проба она што навистина е дрога: Хероин, кокаин, и/или цел дијапазон нови синтетички страња што тек треба да почнат да бидат присутни во земјава.
Марата треба да ја дестигматизираат и да ја направат барем полулегална, достапна на медицнски рецепт. Со тоа би подложела на контроли на квалитет, а вака се дуваат страња шверцани од Албанија, тешки прсканици со тони најзаебани пестициди, и со господ-знае-што-друго за да „удира повеќе„. Дури се зборува дека за прскање се употребува од новата синтетичка дрога од САД, која таму легално се продава:
Bath salts. Денес е лошо време е за љубителите на травата.
Ме чуди што и овде на форумов има толку неинформирани луѓе, па уште и насловов... Во пола европа си павкаат на улица, по паркови... неколку пати ме прашуваа за ризла (ваљда им личам дека би требало да имам). Прошетајте до Амстердам, да видите што е пафкање.
