Трагиката е што овие кралски фамилии и нивните лози со векови владееле во своите земји и успешно ја продавале приказната дека имаат некакво наводно благородно потекло демек сина крв што се вели и што на народот успешно му пласирале лага дека се од Бога избрани за да владеат со земјата.Па кога ќе додадеш дека исклучиво меѓусебно се мешале со останатите носители на т.н.сина крв ќе сфатиш дека не се ништо повеќе од паразити а кој сака може да ги брани и да им се воодушевува и добро е што конечно немаат толкаво влијание.Тоа што сега немаат моќ како порано не ги исклучува од групата на крвопијци.
Камерон Блер и остали немаат теорија да се споредуваат во однос на богатството на кралската фамилија стекнато погоди како и на кој начин.
Сина крв непостои, сите луѓе имаат иста човечка црвена крв ...

Инаку кажав и претходно дека сето тоа е минато, Историја, они веќе немаат скоро никакво посилно влијание ниту во Велика Британија, а уште помалку па имаат некакво влијание во некои од бившите колонии кои веќе со децении/векови наназад се независни земји !
Они се еден вид на декор, украс, шмек и ништо повеќе ...
Државата се нарекува Кралство(исто како што Кралства сеуште се нарекуваат и Шпанија, Холандија, Белгија, Норвешка и.т.н.) но всушност си е нормална демократска, плурална и парламентарна држава во која има редовни избори на кои се бираат политичарите исто како и во земјите кои се Републики !
Нивните претци кои владееле со пола планета во минатите векови биле крвопијци, така да ги наречеме, но моментално далеку поголеми крвопијци се политичарите а ројалниот раскош и богатството кое го имаат овие кралски фамилии е претежно оставштина т.е. на стара слава !
Мада незнам зашто толку многу се плука по Британската Империја која да точно управувала со пола планета(така иде зборот) но баш поради таа Британска Империја и моќ денеска цел свет збори Англиски јазик(прв светски јазик) кој е и официјален во неколку држави на планетава(големи држави), таа Британска империја е всушност мајка на денешни Канада, САД, Австралија... кои се помеѓу најуспешните земји во светот по сите можни критериуми па и нашата држава е свртена токму кон тие држави(про-западно) како и многу други држави и во Европа а и пошироко !
Ако Британскиот крал/принц вотева е крвопија тогаш и Аце наш коњатиот воин и Филип и сите останати биле исто така тешки крвопии, ако Британската Империја била планетарна крвопија тогаш и Империјата на Аце-наш била потполно истото ... а и секоја друга Империја на планетава низ Историјата !