Fantasy Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Слабо слабо.
Иако постепено напредувам, не сум задоволен од тимот што го имам.

Веќе трето коло по ред сум на 3000 и некоја позиција.

Балотели кај промаши пенал, уште и црвен картон добил надвор од терен :(
 
Аман бе...
Кака, Квадрадо, Гомез повредени, Балотели суспендиран.
Уште од нив не сум се ослободил сега и Маикон се повредил. :(

Во ПЛ Волкот, во Примера Бејл
Ама ме спотера некој малер :(
 
Го имав Хамшик капитен ама не ни влезе во игра, а заменик капитен ми е Паласио така да ќе ми стави играч автоматски од средината наместо Хамшик и бодовите од Паласио ќе ми ги дуплира така? А што ако не игра и Паласио тогаш кој ќе ми биде капитен?
 
Да, ќе ти ги дуплира поените на Паласио.
На местото на Хамшик ќе ти влезе првата измена од среден ред.
Доколку не игра ни Паласио ќе останеш без капитен.

Инаку на играчите што ги набројав погоре и Пасквал им се придружи.
Што поени дадов за трансфери да комплетирам 11ка.
Игуаин капитен - 0 поени :place:
 
Значи имало и полошо и од мене? :icon_lol:
Само Мајкон ми е повреден
 
И Клосе го заборавив :D

Гомез, Кака, Квадрадо, Пасквал, Клосе, Маикон повредени и Балотели суспендиран.
Од повеќето се ослободив, уште Квадрадо и Маикон ми остана.

Никако неможам да почнам да напредувам, а треба титулата првак на Македонија да ја бранам :D
 
Алооооо бе.
Ги купив Тевез и Роси место Гомез и Балотели, сега па тие се повредија :pos:

А Роси го имам и во ЛЕ, а вчера дадов 4 поени за трансфери таму :place: :place: :place:
 
Тоти, Мертенс, Хамшик, Реина. :drk:

Засега 50 поени, а вечер ги имам Видал, Тевез, Киелини, Аквилани и Пасквал. :cool:
 
Мертенс на клупа :(
Среќа колово никој не ми се повреди... барем до сега :D
 
Знаев дека Черчи е подобра опција од Роси за капитен колово ама го остаив вториов. Ај не е лошо, и овој даде гол за Фиорентина. Лошото е што Ромуло и Кандрева (двајцата заедно 16 поени) ми се на клупа, а Мертенс и Валеро ми се стартери (двајцата заедно 4 поени)... :unsure:

Како и да е задоволен сум. 74 бода а вечер уште Џонатан го чекам. Прв сум, со 50 поени предност пред вториот. :cool:
 
Добро е, имало и тука уште некој активен :D
Надевај се дека Џонатан ќе биде надвор од формацијата на Интер...

Инаку моите проблеми тука, сеуште не се завршени. Еве и колово ќе го завршам само со 3ца играчи во среден ред (а може и двајца ќе се) :D

Полека, полека си напредувам, но 8 кола ми требаат 1000 места да поминам.
Сега сум во топ2000 :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom