Сончев град-Сопиште

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Досега не видов конкретна тема за овој проект, ако има канта... :)
Сончев град е проект според кој била планира изградба на елитна населба на локација на јужните падини на планината Водно. Со Скопје било планирано населбата да биде поврзана преку тунел под Водно
Владата на Република Македонија планирала да продава градежно земјиште во Сопиште по пат на јавно наддавање на местото каде требало да се изгради населбата. Населбата требало да биде изградена во рок од четири години со комплетната инфраструктура.
На продажба биле 603 градежни парцели за домување, со површина од 560.000 m2, 11 парцели за терасести структури за домување со површина од 50.000 m2 и две градежни парцели заспортски терени. Но Уставниот суд на Р.М. ја укинал одлуката за донесување урбанистички план за село Сопиште, локалитет „Сончев град“, донесена од страна на Советот на Општината уште во февруари 2008 година. Судот утврдил дека согласноста од Министерството за транспорт и врски била дадена по одлуката, а не за предлог-планот, а нацрт-планот бил изработен пред да се издадат услови за планирање на просторот.
Резиденцијалната населба требало да биде изградена според највисоки стандарди и да обезбеди домување на околу шест илјади лица. Ќе се изграделе 603 семејни куќи, 11 згради и два спортски терена. ( извадено од Википедија http://mk.wikipedia.org/wiki/Сончев_град)
Во првата фаза било предвидено компанијата да изгради улици, јавно осветление, водовод, атмосферска и фекална канализација, телекомуникации, електрика и гасификација, а во втората фаза ќе ги градела објектите.
.......... голем број на градежни фирми се понудија да го изградат овој проект, но сепак на крај се одлучи да се гради од страна на градежната фирма Џеваир Холдинг.

soncev_grad_build.jpg

Што мислите вие за овој проект?
Дали претставува уништување на дел од планината Водно или пак прекрасна населба за живеење?
Дали некогаш тука би купиле стан или куќа?
:)
 
Јас никогаш не би дозволил да се гради на водно бидејќи со тоа се уништува едно прекрасно место за рекреација. Наспроти тоа може да се изгради истата населба на друга локација но бидејќи во последно време се гради како ненорално на водно веќе од еднава страна уште малце и од средно ќе стигнат :facepalm: А пошто знаеме сите како фукционира урбаната мафија во Македонија граѓаните не можат ништо да направат. Со оваа власт
 
Какво ВОДНО бре,....тоа е Камен и Карпати и змијарник од кои тамошните жители
се овајдија продавајќи плацеви по 20.000 еври.
Е баш таму треба да се гради,а не во Хиподром и Лисиче на нјплодно земјиште.
 
Слушнав дека Водно до пола е лом направено за градење на патот за Сончев град..... вистина ли е?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom