Сончев Град - сам себе го осудувал

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


Сан сити“, фирмата што требаше до 2011 година да го оствари проектот „Сончев град“, е иницијатор на вчерашната одлука на Уставниот суд да запрат сите активности на оваа локација поради сомневање дека општината Сопиште незаконски го донела урбанистичкиот план за овој локалитет. Станува збор за фирма што во Македонија уште во 2007 година ја основа израелската компанија „Индустријал билдингс корпорејшн“, која во 2007 година на јавно наддавање за околу 3,6 милиони евра купи 640.000 квадратни метри во близината на Сопиште. Неизбежно е прашањето зошто токму фирмата-инвеститор ја оспорува законитоста на постапката за донесување на урбанистичкиот план за оваа локација.

Членовите на Уставниот суд завчера поведоа постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на советот на општината Сопиште од 20 февруари 2007 година, откако утврдиле дека општината не организирала јавна анкета, не објавила соопштение во дневен весник дека се организира јавна анкета по нацртот на урбанистичкиот план и не добила согласност од Министерството за транспорт и врски по предлог-планот за оваа локација.

Јован Ѓорѓијоски, градоначалник на општината Сопиште, вели дека наодите на Уставниот суд не се точни и дека по барање на судот доставиле докази (копии од весници каде што била објавен повик за јавна анкета) дека законската процедура при донесувањето на урбанистичкиот план била почитувана. На прашањето зошто токму инвеститорот побарал да се оценува законитоста на урбанистичкиот план, Ѓорѓијоски вели дека инвеститорите бараат поместување на границите на локалитетот предвиден за градба.

- Проектот предвидува изградба на објекти на терен што е карпест. Инвеститорите поради тоа бараат поместување на границите и зголемување на површината за градба. Има разлики во нацрт-проектот и состојбата на терен и доколку градат на местата предвидени со проектот, инвеститорите ќе мора да градат и високи потпорни ѕидови. Општината е подготвена да ги помести границите за градба за 5-6 отсто и да им излезе во пресрет на инвеститорите - вели Ѓорѓијоски.

Меѓутоа, Уставниот суд завчера констатира и други недостатоци во одлуката, како на пример дека таа се однесува на донесување урбанистички план за село, иако од содржината се гледа дека се работи за опфат од неколку стотици илјади квадрати и за изградба на град наречен Сончев. Кај уставните судии се појавила и дилемата дали со урбанистичкиот план не се навлегува во парк-шумата Водно. Дополнително, во согласност со тендерот, Сончев град требаше да биде изграден до 2011 година, а за тоа инвеститорот достави банкарска гаранција во износ од 3 милиони евра. Тендерот предвидува гаранцијата да биде наплатлива сé до целосно завршување на изградбата на објектите и инфраструктурата во опфатот. Со оглед на тоа што на локалитетот каде што треба да биде Сончев град нема речиси никакви градежни активности јасно е дека инвеститорот нема да може да ја заврши изградбата навреме.

- Сите проблеми за изградбата на Сончев град наскоро ќе бидат надминати и во наредниот период ќе почнат градежните активности - најавува градоначалникот Ѓорѓијоски.

Со овој проект се предвидува во близината на Сопиште да никнат 603 куќи, 11 згради и два спортски терена.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Сметам дека фирмата ниту е израелска(читај владина во соработка со некоја израелска офф шорт компанија), ниту пак била сериозна во изградбата на проектот. Уште еден од низата криминали на државно ниво(бели крагњи).

П.С. Исправи ја грешката во насловот. Се случува, ништо страшно.:smir:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И ова ли не успеа...ништо,ај следен пат повеќе среќа.
 
S

smart ass

Гостин
Ништо од среќа:toe:

- Сите проблеми за изградбата на Сончев град наскоро ќе бидат надминати и во наредниот период ќе почнат градежните активности - најавува градоначалникот Ѓорѓијоски.

Со овој проект се предвидува во близината на Сопиште да никнат 603 куќи, 11 згради и два спортски терена.
Туку како проектов предвидува никнување на згради и куќи:pos2::pos2:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Намерно е напишан така насловот:

Сан сити“, фирмата што требаше до 2011 година да го оствари проектот „Сончев град“, е иницијатор на вчерашната одлука на Уставниот суд да запрат сите активности
А Дизниленд беше вклучен во проектот?Воскреснувањето на Волт Дизни на Велигден и неговите реакции се причината за запирање на проектот.Немало Дизниленд во новиот проект кој требало да придонесе за тоа нацијата да стане подебилна.А и слушам Мек Доналдс и Кентаки со нивните бостонски стероидни батаци се побуниле.Наводно ако ги немало нив, немало да оди тоа брзо....
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.662
Поени од реакции
6.527
Море море ништо асално да не се напраело! Бре бре шо ќе беше тоа неспособност. А јас пак учам магистерски за Обновливи извори на енергија - за кого бе? :tapp:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се осеќам како Којотот во државава. Едноставно никако да успее да ја фати брзата птица итрица, макар колку надежен да изгледа неговиот план.
На крај се плашам од последната епизода, дали конечно ќе ја фатиме, но ќе заврши серијалот на овој толку забавен цртан филм. :jaj:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Јас не знам што не е јасно, овде кај нас за инвеститори за советници за амбасадори ги праќаат луѓе што ги нејќат во нивните земји и тоа е факт, и тоа не е судбина самите ние сме ги направиле таквите услови на игра и според условите на игра такви играчи ни доаѓаат :toe:.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Очигледно уште една пропаганда за покачување на рејтингот на премиерчето ни.
Ова ни се случува постојано но популизмот овде добро поминува,а народецот кусо памти.
Утре ќе се јави некоја нова фирма со некоја но ва инвестиција и се така.А пари и инвеститори нема.
Последни сме на Балканот - дали се ближиме кон неразвиените од Африка?
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::vozbud:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЏЕВАИР ХОЛДИНГ ЌЕ ГО ГРАДИ СОНЧЕВ ГРАД



На денешната лицитација Џеваир холдинг за цена од 132 денари по метар квадратен или 1,8 милиони за вкупната површина од 835.619 метри квадратни го купи земјиштето каде што треба да се гради комплексот Сончев град.

Почетната цена на земјиштето изнесуваше 1,6 милиони евра или два евра по метар квадратен.

Идниот инвеститор на локацијата треба да изгради најмногу индвидуални куќи или 51% од објектите да се куќи, а помал дел или 9% станбени згради.

Во комплексот е планирано да се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи, училишта и објекти за рекреација.

Џеваир холдинг е турската компанија која ги гради грандиозните висококатници во скопската населба Аеродром.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ ПАТОТ ЗА СОНЧЕВ ГРАД

Фото: Telegraf.mk

Во општина Сопиште денеска ќе биде означен почеток на градба на регионален пат за населбата Сончев Град што ќе ја гради турската компанија „Џеваир холдинг“ која е инвеститор и на висококатниците што се градат во скопската населба Аеродром.

Во декември минатата година општината на електронска лицитација за цена од 132 денари по метар квадратен или 1,8 милиони евра на „Џеваир ходинг“ му ја оттуѓи локацијата со површина од 835.619 метри квадратни на која ќе се реализира комплексот Сончев Град.

Проектот Сончев Град предвидува преку 60 отсто од градбите во комплексот да бидат наменети за домување, од кои домувањето во индивидуални куќи учествува со 51 проценти, станбените згради со минимум 9, а категоријата групно домување со максимални 5 отсто.

Во урбанистичкиот план е зацртано преку 20 отсто од површината да биде зеленило и објекти за спорт и рекреација, како и меморијални простори. Во комплексот е планирано да се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи и училишта.

„Џеваир холдинг“ ќе може да го реализира проектот во неколку фази, при што во првата етапа е должен да изведе најмалку 10 отсто од целокупната површина наменета за градење.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EB90EB63D7C78B4997043D78C4BEA980
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Патов колку може да сфатам е од патот кој води кон врвот на Водно, па се исклучуваш некаде над ИЗИС. Наједноставна математика (ако е планот како на Израелците, а сигурно е набуџен уште повеќе) - 603 куќи и 11 згради - најгрубо 1000 коли - сите на семафорон кај поранешна Галија (да не кажам на жардињерана на Водњанска) - кој го „осмисли“ ова мајке му га?

Ај имено „Сончев град“ што е комплетно селско и дебилно, него од каде потребата за ова чудо? Да му се доиспосереме на Водно?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
зошто државата (народните пари) да одат за финансирање на инфраструктурата на Сончев град околу 9,2 милиони евра (од државните буџети)
Покрај изградбата на спорниот регионален пат на падините на Водно, државата ќе инвестира и во изведба на водоснабдителна и фекална канализација за идната елитна населба Сончев град.д ?

http://www.build.mk/?p=33063

КОЈА ЕЛИТА жити се’ ќе живее таму?
Зар има МКД елита????:facepalm:
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
зошто државата (народните пари) да одат за финансирање на инфраструктурата на Сончев град околу 9,2 милиони евра (од државните буџети)
Покрај изградбата на спорниот регионален пат на падините на Водно, државата ќе инвестира и во изведба на водоснабдителна и фекална канализација за идната елитна населба Сончев град.д ?

http://www.build.mk/?p=33063

КОЈА ЕЛИТА жити се’ ќе живее таму?
Зар има МКД елита????:facepalm:
Ima Ima, i toa ne si svesen kolku e mokna taa elita (y), taa ista elita gi drzi site politicari/piuni u raka za da im donesuvaat zakoni kakvi na niv im odgovaraat ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom