Македонија добива банкноти од 200 и 2000 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Штом Курир пишува дека ова ќе биде новата, тогаш таа ќе биде..
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/145322-FOTO-Vaka-bi-izgledala-novata-banknota-od-200-denari :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
banknota200.jpg
И мислите Грците ќе дозволат?
Fk9dqS2.png


Да се заокружи целиот Скопје 2014 процес. :tapp:
 
Се зборуваше дека новите банкноти ке бидат пуштени 2015 година .Се избраа ли конечните решенија ?
 
Ај се кладиме дека ќе извадат еден глуп нешто поврзано со антика или мотиви од Скопје 2014, ќе почнат да ругаат како за Евровизија и ќе сменат изглед во нешто понормално. Исто како со Евровизија. :D :D :D
 
Мора некоја од банкнотиве да има од рамковните нешто...
 
Споменикот на УЧК во Арачиново?
Слика од Смилковско езеро на која би имало и 25 метарски јарбол со големо џихадистичко знаме на брегот. Мотивот може да го наречат „неправедно осудени маченици“.
 
И банкнота или монета 20денара нека се направе.
 
Вака ќе изгледаат новите банкноти од 200 и 2000 денари
Македонија / Петок, 14 Ноември 2014, 16:05


Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница ја прифати информацијата за идејното решение на новите книжни пари во вредност од 200 и 2000 денари и ги задолжи стручните служби да ги преземат сите активности неопходни за нивното печатење.



Засега од монетарната власт нема графички приказ, туку само описно се претставува изгледот на новите пари:

– Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

– Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи. Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација, стои во соопштението на НБРМ.
http://denesen.mk/web/?p=310237

Не ми се допаѓа 2 илјадарката. Каде каде беше поубава онаа што е постирана погоре на која го има само Александар. Вака е многу пренатрпано. Како да сакале на една банкнота да ја стават цела македонска историја.
 
Не ми се допаѓа 2 илјадарката. Каде каде беше поубава онаа што е постирана погоре на која го има само Александар. Вака е многу пренатрпано. Како да сакале на една банкнота да ја стават цела македонска историја.
И за оваа на сликата доколку ја избереле ќе имало 10 реда текст со објаснување. Треба да се види графичкото решение па да се прават споредби.
 
Изгледа ова погоре си нема врска еве во нова Македонија има некој други илустрацији

Шари од Шарена џамија на банкнотата од 200 денари
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница ја прифати Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 и 2.000 денари и ги задолжи стручните служби да ги преземат сите активности неопходни за нивното печатење
14112014152848_dvesta%20denari.jpg





Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претстава на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

Носечки мотив на предната страна на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи. Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=42162
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom