Ај и јас да кажам нешто за Editors, да не се чувствуваат Ендрју и Турви запоставени. Првпат ги слушнав многу одамна, по препорака на една онлајн пријателка од Холандија. Мислам дека Munich беа првите звуци од нив кои ми влегоа в уво. Искрено, тогаш не обратив којзнае колку големо внимание, зошто во тој период британската музичка сцена беше преплавена со бендови налик на нив. И не ми останаа по ништо посебно врежани во меморијата...
...се до денот кога Tom Smith заедно со поранешниот тапанар на Razorlight, Andy Burroughs не го издадоа албумот со божиќни песни „Funny Looking Angels“ во 2011. Тоа беше еден од албумите кои по преслушувањето ме акнаа од земја, а има само неколку такви во мојот живот. Не верувам дека постои човек на кој „When the Thames Froze“ не му се допаднала уште по првото преслушување. A Tom Smith ми остана врежан во меморијата како вокалот со карактеристичен, длабоко продорен глас и перфектната дикција.
По „Funny Looking Angels“ се навратив на Editors пак (и тоа само заради Tom Smith), и овојпат навистина ги засакав: од Munich, па преку No Sound but the Wind, па се до Papillon, и најновите Formaldehyde, Nothing... Ама никогаш не сум седнал да ја ислушам комплетно целата дискографија. Added to my TO DO List!

[DOUBLEPOST=1393323941][/DOUBLEPOST]