Санторини

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Најјужниот остров од архипелагот вулкански острови во Егејското Море -Санторини е веројатно главната атракција на Грција.
13691322141_big.jpg
Вулканскиот песок и неверојатните пејзажи го прават грчкиот остров Санторини најценето место за одмор.Неговата спектакуларна убавина, заедно со динамичниот ноќен живот, го прават островот една од главните туристички точки на Европа.
Santorini_Greece.jpg

Фира, главниот град, се наоѓа на врвот на еден рид. Оддалеку, изгледа како планината да е прекриена со снег, но ако погледете одблизу таа е, всушност, прекирена со бели и пастелни куќи.
Greece-Slide1-Santorini.jpg

Бројни патеки и тесни сокачиња водат до многу прекрасни места. Едно од нив е Франковиот бар, познат по својот фантастичен поглед на старото пристаниште. Франко беше ставен на листата на Newsweek на „Најдобри барови во светот“.
santorini-francos-view-from-sea.jpg
Санторини е еден од 10 најромантични дестинации во светот. Островот на заљубените, своето име го има добиено од заштитничката на островот Света Ирини, за која постои верување дека ги штити паровите кои ќе се венчаат на островот.
santorini_blue_oia.jpg
Центар на случувањата е гратчето Оја распослано по должината на работ на изгасениот вулкан на северниот брег од островот. Тука се лоцирани најлуксузните хотели и има монденски ноќен живот.
santorini_04_big.jpg


21278-5-l.jpg

Светската туристичка организација во 1989 година го прогласи гратчето Оја за најубаво место на светот.
Santorini%20080.jpg

Не го пропуштајте крајбрежниот главен град Фира, ниту возењето со жичара која се движи по работ на вулканот и се спушта 300 метри покрај неверојатни облици на згусната лава. Фира е позната и по дизајнерски outlet - продавници.
5938463433_cf033fd8c4_z.jpg

Oia-street-night.jpg
Повеќето посетители остануваат во Камари и Периволос. Тие вообичаено одат во главниот град на екскурзии кои вклучуваат бродски тури до локалниот вулкан, и пливање во жолта вода, која ја добила својата боја од вулканскиот суфлур.
DOT_Greece_33_Santorini_Oia_64.jpg

Плажите се составени од разнобоен песок (црвен, жолт и црн), а нема турист кој не ги пофалил журките на дното на вулканот. Плажите Периса и Периволос, кои се практично споени, се полни со кафулиња и дискотеки.
private-beach-11.jpg


santorini-perissa-beach.jpg

Повеќето посетители доаѓаат да пливаат тука бидејќи на тоа место Егејот е мирен, а некои од плажите имаат невообичаен светло црн песок.
santorini-red-beach1.jpg


Red-beach.jpg

Иако долги години е на листата на десет најпосетени дестинации во светот, Санторини останува прекрасен див скапоцен камен на медитеранот, остров на контрасти каде подеднакво се ужива во лудиот ноќен живот и тишината на напуштените плажи со поглед на моќниот вулкан кој постојано ги предупредува луѓето дека парите не може да ја скротат величествената природа.
santorini4.jpg

santorini-greece-photo-3.jpg

Последниве неколку години и во туристичките понуди од нашите агенции островот Санторини е актуелен. Сте (би) го посетиле ли овој остров? Какви се вашите мислења, впечатоци?
 
Da imav poishe kesh na Jamajka ke idam... kakov Santorini. :icon_lol: Inache fino izgleda...
 
За убав, убав е али...

Порција шпагети 14 евра, шопска салата 10 евра, узо 7 евра, кока кола 5 евра, пиво 5 евра, rent a car за цел ден 90 евра. Сместување за 10 дена околу 600-700 евра беше и ред други работи кои се изгор скапи.
 
За убав, убав е али...

Порција шпагети 14 евра, шопска салата 10 евра, узо 7 евра, кока кола 5 евра, пиво 5 евра, rent a car за цел ден 90 евра. Сместување за 10 дена околу 600-700 евра беше и ред други работи кои се изгор скапи.
Епа монденско место е , изгор е ама оправдано е :)
 
Што се буните за цените кога е такво местото? Не може секој да си дозволи да оди и тоа е тоа. Не е Песоци или Несебар, па ај да гледаме на цените во која кафана е поскапо
 
Аман бе, а да успориш малку со новите теми, во депресија паѓам. :icon_lol:
 
Годинава посебно е актуелно и никогаш не биле толку ефтини аранжманите, е сега за таму ќе треба да лупните доста пари на лумпување и по кафичи, сигурно е изгор :)
 
Годинава посебно е актуелно и никогаш не биле толку ефтини аранжманите, е сега за таму ќе треба да лупните доста пари на лумпување и по кафичи, сигурно е изгор :)
Да, да цените годинава не се многу високи и тоа за превоз со ноќевање и појадок :pipi:
 
Преубаво место, рај! Другата година ќе одам на одмор таму! :vozbud:
 
До година планирам вон сезона, крајот на Август, почеток на Септември негде, си викам е таман климата и тогаш. Нешто од стипендијава, нешто од дома да дадат и едно честење на душата за дипломска, здравје само. :)
 
Поздрав за темата, сакам да споделам убаво искуство од Санторини. Бев таму од 11-22 август, не сместија во хотел Olimpia Beach со доручек-„а ла мармалад“ али небитно. Островот е од Бога даден, а за цените значи не е нешто изгор за такво место нормално. Значи кафе 3-4 евра на плажа, нес- 4-5 лежалки 3 евра за цел ден, пица од 10 евра нагоре, вода 0.70 евра итн итн. Ноќен живот, шопинг- Фира главен град, уживање, фото, поглед -Иа. Релација Скопје-Атина- 12 часа со паузи, Атина-Санторини 9 часа со фери брод. Вреди да се посети, водата чиста како солза, плажите црна плажа -црн песок најповеќе одат Периса и Периволос, Црвена плажа-Акротири но подалеку е , и Бела плажа не знам каде е не отидов. Се на се едно од најавангарднте места за посета... Поздрав
 
Колку потроши се на се ако не е тајна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom