Стивен Кинг

  • Креатор на темата Креатор на темата dimj
  • Време на започнување Време на започнување
Кај може да најдам у Скопје книги од Кинг ?? Ги има ли во Три,Матица итн али кај оние на плоштад ??
 
Кај може да најдам у Скопје книги од Кинг ?? Ги има ли во Три,Матица итн али кај оние на плоштад ??

Ги има сегде, највеќе во Топер. Кај тие на кеј сум ги гледал, на улица Македонија па и на плоштад.
 
Од неговите книги единствено сум ја читал Мобилен,а таа е и единствена преведена на македонски,но затоа сум гледал многу филмови кои се направени по неговите книги,според тоа што сум прочитал,речиси ништо од него,и тие филмови што сум ги гледал неможам да заклучам,но затоа ќе претпоставам дека писателот е повеќе од невероватен.А ќе дадам заклучот кога ќе прочитам барем уште 2 најмалце негови книги.
П.С Мобилен е фантастична.
 
Кај може да најдам у Скопје книги од Кинг ?? Ги има ли во Три,Матица итн али кај оние на плоштад ??


Провери во Икона.
Последен пат кога разгледував ги имаше повеќето книги на англиски.
 
Вчера бев во Икона, потврдено, доста дела од Кинг имаат.


Така е. Додуша, на англиски се, па за некого е проблем, но таму има дела на Кинг за кои немам чуено дека се преведувани на хрватски или српски, а се навистина добри. На македонски е преведена само Cell (Мобилен), едно од неговите најслаби писанија.
 
Прибидејќи сум љубител на хорор-стории, нормално љубител сум и на Стивен Кинг.Ептен криво ми е што ја имаат преведено само Мобилен, која што беше прва книга што ја прочитав од него, ама доволно добра ми се виде, и си ги побарав и другите книги на англиски.Carrie и The Shining се исклучително добри,а It и Under the dome ми се на листа за читање.
 
10264591_665108706858371_3158960918971056927_n.jpg


Сите шест изданија на „Зелената Милја“ од Стивен Кинг преведени на македонски јазик.

Среќни сме да ве информираме дека го издадовме серијалот „Зелената Милја“ на Стивен Кинг, кој што претставува роман во шест дела. Изданијата ќе бидат достапни секоја недела со дневните весници на Медиа Принт Македонија и доплата од 100 денари.

„Зелената Милја“ е светски бестселер, и претставува најнеодоливото патешествие на Стивен Кинг. Идејата за објавување на романот во повеќе „епизоди“ потекнува и од самиот автор. Всушност и оригиналната публикација на серијалот го следи овој формат – роман во книшки. Инспирацијата за ваков вид на публикување, Стивен Кинг, пак, ја црпи од Чарлс Дикенс кој ги објавувал романите во продолженија или како додаток во средина од списание.

„Овој формат првпат го сретнав во Сатрдеј ивнинг пост и ми се допадна затоа што, на крајот од секоја од епизодите, читателот има речиси ист удел како и писателот – имаш цела недела да одгатнеш кон каде следно ќе се извие змијата. Освен тоа, ми се чини дека ваквите приказни се читаат и се доживуваат многу подлабоко, затоа што се читаат дозирано. И да сакаш не можеш да ја голтнеш одеднаш“ – објаснува Стивен Кинг, во самиот предговор од првиот дел од романот.

„Се сеќавам дека еднаш, кога имав дванаесетина години, влегов во дневната и ја најдов мајка ми како седи во омилената нишалка и го ѕирка крајот од книга на Агата Кристи, а со едниот прст обележува до каде стигнала на околу педесеттата страница. Се вџашив и ја опоменав, а потоа ù посочив дека да го прочита крајот на детективски роман предвреме е исто како да го јаде само белото од средината на бисквитите ’Орео’, а потоа да ги фрли бисквитите“ – продолжува Кинг во предговорот.


Одлучивме да го следиме оригиналниот начин на објавување на романот во повеќе ’епизоди’, па така на читателот верно да му го пренесеме она што Стивен Кинг, мајсторот на раскажувањето и господарот на неизвесноста и теророт, сакал да го постигне со објавувањето на ’Зелената Милја’ како серијал“.

Инаку, романот „Зелената Милја“ е за прв пат објавен во 1996 година, и досега е преведен на 30 различни јазици и продаден во 2 милиони копии низ светот. Според романот е снимен и филм, со Том Хенкс и Мајкл Кларк Данкан во главните улоги, а во режија на Френк Дарабонт. Филмот, како и романот, е добитник на бројни награди за најдобра улога, најдобар трилер, најдобро сценарио, како и бројни номинации за Оскар во 1999 година.
 
@Вокерка

А имаат овие од Арс Либрис претставништво или нешто такво ?
 
Јас највеќе сум загреан да ги читам The Dark Tower ама никако да дојдат на ред. :(
 
Кои весници се на Медиа Принт Македонија?
 
Кои весници се на Медиа Принт Македонија?

Вест, Утрински весник и Дневник.

Мислам дека не е задолжително и весник да се купи со книгата (барем јас без весник ги купувам).[DOUBLEPOST=1397753899][/DOUBLEPOST]
И од кога почнува ова?

Денес го купив вториот дел. Значи следната недела ќе оди третиот дел во продажба.

Збор - два за изданијата: преводот е во ред, но имам забелешка за разликата во должина на првиот и вториот дел. Еден дел чини 100 денари, што не е баш малку, можеле барем должините да ги направат исти.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom