Д - Фестивал vol.3 27.07.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата blackeyed
  • Време на започнување Време на започнување

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Време е да ја отворам темава :D, значи ова не е комплетната листа на артисти за секој нов update ќе информирам додатно.

Во организација на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио, на 27ми јули (сабота) ќе се одржи третото издание на Д Фестивал, а паркингот Гранит во Дојран повторно ќе биде местото каде што ќе се танцува до изгрејсонце. Д Фестивал, како уникатен open-air музички хепенинг, веќе сам по себе прерасна во симбол на незаборавно концертно доживување и задолжителна дестинација за фановите на автентичниот летен фестивалски дух. Традицијата на овој настан и одличната атмосфера на целовечерната забава на дојранското крајбрежје продолжува и тоа во знакот на јубилејната „Таксират 15“ година. Гаранцијата за остварување на ветеното, дека годинава не очекува најпозитивното издание на фестивалот до сега, доаѓа со исклучителните имиња од грижливо селектираната и интернационална програма на фестивалот. На наше особено задоволство првиот дел од артистите кои го потврдија својот настап на Д Фестивал 2013 ги вклучува Дубиоза Колектив, Conquering Lion и Amariszi.
Дубиоза Колектив, бендот кој се смета за еден од глобално најпрепознатливите изведувачи од овие простори, доаѓа во Дојран по уште една успешна година за нив и бројните настапи на најреномираните европски фестивали, од Егзит до Роскилде. Нивниот настап е во рамките на актуелната турнеја за новиот шести албум насловен „Апсурдистан“, кој во Македонија е објавен под етикетата на Пасворд Продакшн, а е достапен и за бесплатно превземање од нивниот сајт www.dubioza.org.
Дубиоза Колектив е група која се создаде од потребата да се прозбори за важните проблеми на балканското современо општество и да му се покаже на остатокот од светот дека животот на Балканот постои и надвор од рамките на медиумскиот стереотип. Со текстовите на своите песни Дубиоза Колектив жестоко го критикува корумпираното општество во кое владеат национализам, негативна селекција и неправда, а истовремено ја промовираат борбата за слобода, рамноправност и праведен општествен поредок. Звукот на бендот пак, е комбинација на традиционални музички форми со елементи на хип-хоп, реге, даб и рок’н’рол, додека нивните енергични свирки во живо се препознатливи како вистинско освежување на балканската музичка сцена.
Нивниот активен општествен ангажман, настапите по најголемите светски музички фестивали, признанијата кои им ги доделија BBC и Time магазинот и одличните концерти кои ги приредуваат, ветуваат концертен спектакл и на Д Фестивал кој никого нема да остави рамнодушен.
D_Fest_collage1.jpg

Покрај нив, сцената на Д Фестивал 2013 ќе ги претстави и Conquering Lion, даб/реге/хардкор бендот од Тетово, кој загарантирано ќе донесе добра енергија и неодолив реге ритам. Во 2009 година тие го објавија првиот албум, наречен едноставно "I", кој се состои од 10 песни, вклучувајќи и соработка со јамајканецот Jahom Clarityjem на песната Jah Love. Вториот албум е издаден 2011, и моментално работат на трето студиско издание. Искуството го стекнаа со настапи низ Македонија, но исто така и во Германија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Косово. Досега имаат настапувано со големи реге имиња како што Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. Неодамна тие го објавија и „Wicked Man“ - носечкиот сингл што го најавува новиот албум на бендот, насловен „Revelation“. Албумот се очекува оваа есен, а посетителите на Д Фестивал ќе имаат прилика да бидат меѓу првите кои ќе чујат дел од новиот материјал на најпродуктивниот реге бенд кај нас.
Еден од бендовите кои со сигурност ќе ја освои публиката на Д Фестивал е холандскиот бенд Amariszi. Ова е бенд кој во својот музички израз ги комбинира балканските музички влијанија на исклучително инвентивен начин – свеж микс на поп, реге, фолк. Холандската музичка дружина оформена е во 2007 година, четири години подоцна го објавува извонредниот деби албум „Balkan Chaotika“. Албумотот кој го карактеризираат оригиналноста и инспиративната виртуозност, им донесе неколку награди и го отвори патот кон настапите на бројни фестивали. Оригиналните композиции, аранжирани за да предизвикаат позитивни чувства, создаваат музика која ја привлекува широката публика: пристап кој и помогна на групата да стекне почит и во рамките на балканската сцена. Игривоста и убавата експресивност на членовите на бендот пак е одличен дополнителен придонес кој несомнено привлекува внимание. Составот на Amariszi вклучува бас и тапани, гитара, дувачка секција и хармоника, кои создаваат возбудлива музика, додека нивниот изглед на сцената, анимираноста и ентузијазамот, прават секој настап на овој бенд да биде одлична забава!
Подгответе се за ново незаборавно издание на Д Фестивал, а наскоро очекувајте и нови музички имиња кои годинава ќе бидат задолжени ова издание со сигурност да биде и најдоброто до сега!

превземено од вебсајтот на password producion http://password.mk
инфо и на фб на следниов линк :https://www.facebook.com/dfestival.dojran?fref=ts
инфо за смештај и сл :https://www.facebook.com/pages/Dojran-Renaissance/85016916621?fref=ts
 
Дубиоза Колектив? :vozbud::vozbud::vozbud:










seriously dude,
Z

Без нив фестивал не поминува. Нека си купат некое куќарче тука и нека се вдомат. Само патот да го тепаат не бива.
 
Дубиоза Колектив? :vozbud::vozbud::vozbud:










seriously dude,
Z


DUDE Јас не ја правам програмата нит па иам било какво огранизациско учество,ако се прашувам јас последен би ги викнал,чисто информативно ја отворив темата
 
DUDE Јас не ја правам програмата нит па иам било какво огранизациско учество,ако се прашувам јас последен би ги викнал,чисто информативно ја отворив темата

dude, кој уопште те спомна тебе?
Are-You-Fucking-Kidding-Me-HD-by-CrusierPL.png
 
Дубиоза лани од Пивофестот наваму имале ли настап кај нас?
 
uste sars falat veke preku kur toa pa toa da nebea festivalcinava jadni nasi ke si ebea mater dosega ke nemase balkanska scena
 
od kaj se ovie disko bajagi,sto peat/svirat :)

Искрено немав слушнато за нив пред да ги избацат на Д-Фест.На фанпеџјџот ова го најдов за нив.
Ова аудио-визуелно дуо од Сараево зад кое стојат Бранко Јакубовиќ - БРАНСКИ и ВЕДРАН Мујагиќ, двајцата членови и на Дубиоза Колектив, е карактеристично по енергичните перформанси кои се резултат на уникатниот пристап кон миксот на музика и видео. Нивната сет листа вклучува хитови од рок до хаус музика, кои одеднаш се претвораат во атмосферски драм'ен'бејс, а токму елементите на изненадување се најмоќното оружје на дуото со секогаш интересни и непредвидливи настапи.


Вака од прва рака интересно делуваат останува само у живо да се проверат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom