STEALTH
God is a DJ
- Член од
- 25 ноември 2011
- Мислења
- 10.721
- Поени од реакции
- 14.788
Комисијата за верификација на фактите денеска лустрираше едно од најеминентните македонски писателски имиња. Според неофицијални информации, со оглед дека неговиот идентитет нема да биде објавен, станува збор за автор на првиот роман на македонски јазик, член на Македонската академија на науките и уметностите од нејзиното основање, писател кој и припаѓа на групата основоположници на современата македонска книжевност. Славниот писател е починат пред повеќе од 10 години, но тоа не ја попречи Комисијата, врз основа на податоците со кои располага да го прогласи за соработник на тајната полиција кој што информирал за активностите на колегите од писателското милје.
„Целта е да се знае каков бил моралот, етиката на одредени луѓе во тој период“, вели портпаролот на Комисијата за лустрација, Предраг Димитровски
Членот на Комисијата Дамјановски не навлегува во тоа дали писателот бил кодош или не, оти за него, лустрацијата на починати не само што е нецелисходна, туку е и спротивна на законите.
„Нема основа, затоа што сето ова е спротивно на одлуката на Уставниот Суд“, смета членот на Комисијата за лустрација, Чедомир Дамјановски.
Писателот што денеска беше лустриран е добитник е на врвни награди и признанија а во негова чест неодамна во Скопје беше откриен споменик, како сеќавање на неговиот придонес за развојот на македонската култура и уметност.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=59002#.Uc2nYPnvim4
т.е Славко Јаневски ака Шпион
Шеќерната приказна више никогаш нема да биде иста...