Монголија ќе се присоедини кон Русија!?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Најавата за присоединувањето на Монголија кон Руската Федерација како составен дел што би имал статус на автономна република е сензационална информација, која е многу блиску до реализација, а сѐ би требало да се случи во мај 2014 година, пишуваат светските медиуми


Официјален Улан Батор се обидува да си ја осигури својата енергетска иднина која главно зависи од Русија

ГЕОПОЛИТИЧКИ ИГРИ НА КРЕМЉ

Големата сибирска мечка разбудена од долгиот сон по распадот на СССР во 1990-тите, дваесет години подоцна полека но успешно го враќа влијанието на Кремљ, кое се протегаше од Европа до Јапонија, од водите на Арктикот до пустините на Кина.
Последен доказ за тоа е најавата за присоединувањето на Монголија кон Руската Федерација како составен дел што би имал статус на автономна република.

Токму оваа сензационална информација, која изминатиов период ја пренесуваат повеќе медиуми и светски новински агенции, е многу блиску до реализација, а сѐ би требало да се случи во мај 2014 година.

Две декади по распадот на СССР, Русија ја консолидира својата моќ и во почетокот од новиот милениум ѝ се отвори простор повторно да се фокусира на проширување на своето влијание во странство.
Досега приоритетите во руската надворешна политика беа насочени кон просторот на некогашниот Советски Сојуз и кон Западот, односно создавањето бафер-зона во блиското соседство.

Вториот фокус на Русија беше Европа, затоа што срцето на Русија од Волга до Москва лежи токму на Стариот континент. Нејзината престолнина и 80 отсто од популацијата се сконцентрирани таму. И уште повеќе, главната закана за Русија во времето на Студената војна, но и подоцна, доаѓаше од НАТО, чии членки беа сконцентрирани на руските западни граници.

Но Русија веќе не може да го игнорира Истокот, особено по зајакнувањето на силата на моќните пацифички земји. Со насочување на трговијата кон Истокот и милитаризацијата од руска страна, Русија сака повторно да се наметне како фактор во регионот. Стравувањата на Русите се дека моќната Кина ќе се заканува кон големите слабо населени руски пространства на Далечниот Исток.

СССР оживува преку економијата

Најдобриот начин Русија да ја врати својата моќ на Истокот е енергијата. Како што расте важноста на Далечниот Исток, така растат и потребите за енергија на Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Русија е најголемиот производител на нафта во светот и втор производител на природен гас. Москва сега гради нафтовод за испорака на руска нафта кон Кина, кој се планира да мине низ Монголија. Руската енергетска политика на Западот и Истокот е сосема различна. Русија е главно блиска со своите западни клиенти - каде што досега одеше и безмалку целата испорака на енергија, и тоа преку нафтоводи и гасоводи. Физичкото поврзување за Русија е многу важна предност во однос на нејзините конкуренти за производство на гас. Но во Источна Азија доставувачите на гас од Средниот Исток се силни конкуренти за да го снабдуваат регионот, а наскоро се очекува кон ова да се приклучи и Монголија. Конечно, Русија сака да има стратегиско влијание во регионот, а не да стане источноазиска сила, иако Русија географски е предодредена да има европска ориентација.

- Не може да стане збор за преориентирање, зашто Русија е веќе ориентирана кон Западот, Истокот и Југот, што е определено од нејзината географска положба и состојбите што ги оставија нашите предци. Ние не можеме да се фокусираме овде, а да заборавиме што се случува во нашите релации со европските партнери.

Сепак, правењето потпора на Далечниот Исток, на Русија не само што ѝ обезбедува брана од растечката сила на пацифичките држави туку ѝ отвора и алтернатива за продавање на своите природни ресурси во регионот на Далечниот Исток, кој многу брзо се развива - изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Пацифичкиот економски самит.

Трговска размена

Според британскиот неделник „Дипломат“, монголскиот претседател Цахијагин Елбегдорџ јавно го изразил својот став за финализирање на припојувањето на неговата држава кон Русија по последната средба со неговиот колега во Москва за време на одбележувањето 90 години успешни дипломатски односи помеѓу земјите.

- Додека многу од средбите со светските чиновници од овој тип минуваат симболично, оваа помеѓу Русија и Монголија заврши со рамка на чисто одредени обврски помеѓу двете страни - анализира неделникот.
Според видниот магазин, кој анализира теми од областа на меѓународните односи и економијата, Русија цврсто настојува по секоја цена да го зголеми нивото на трговска размена со Монголија, која во 2009 година изнесувала приближно една милијарда евра и оттогаш бележи константен пораст.

Русите и Монголците

Медиумот пишува дека во меѓувреме љубовта помеѓу овие две земји е заемна и на идентичен начин како и Русија, и Монголија се обидува да ги искористи и да ги бетонира и онака цврстите врски со Кремљ, за да си осигури евтин и сигурен проток на енергија и гориво што доаѓа од почвата на северниот сосед.
- Националниот интерес на Владата сместена во главниот град Улан Батор е со присоединувањето кон Руската Федерација да ја поттикне Москва да инвестира во експлоатирањето на рудните богатства на Монголија и во развитокот на домашната нуклеарна индустрија - пишува весникот.
Рускиот портал „Новаполитика“, пак, на оваа тема пренесува изјава на Димитри Лавров, кој вели дека и Москва е сериозно заинтригирана како ќе се развиваат настаните за припојувањето на Монголија кон Руската Федерација.

Претседателот на монголскиот парламент, Дамдини Демберел, за рускиот портал изјавил дека народите од двете држави треба да се држат заедно и меѓусебно да ползуваат од добрата соработка помеѓу двете култури на Монголија и Русија.
- Оваа соработка постоела отсекогаш, но таа во минатото беше вештачки прекината од некои други сили. Фразата дека Русите и Монголците се браќа од многу скоро ќе прерасне во фактичка ситуација - изјавил Демберел.

Порталот пишува дека доколку сите работи се одвиваат по планот меѓу двете држави, наскоро во Монголија ќе се празнува и уште еден празник со кој ќе биде овековечено присоединувањето кон Руската Федерација.

Повлекувањето беше грешка

Во едно од мајските изданија на Гласот на Русија, пак, се пренесува изјавата на Алексеј Пушков, претседателот на Комитетот за меѓународни работи во Думата, кој вели дека Русија треба во целост да го врати своето влијание во светот и повторно да стане светска сила.
Неговото излагање било насочено на развојот на односите меѓу Русија и земјите во Латинска Америка, Азија и Карипскиот басен.

- Стратегијата на повлекување на руското присуство во многу светски региони се покажа како погрешна. Треба да се мисли за враќање онаму каде што веќе сме биле - истакна Пушков.
Според неговите зборови, Русија не може во 21 век да остане само „регионална сила“.
Претседателот на комитетот смета дека треба да се подготвиме за новиот светски поредок - оддалечување од еднополарниот систем и преминување на многуполарност.
Светски лидер во економски раст

Економијата на Монголија веќе две години по ред има најбрзо темпо на пораст во светот и, според прогнози на банката ХСБЦ, ќе остане лидер и во 2013 година, со пораст од околу 18 отсто, објави романското издание „Капитал“.

Слични прогнози за монголската економија има и „Економи ватц“, кој наведува пораст од дури 23 отсто. Аналитичари што работат за монголскиот парламент предвидуваат БДП да се зголеми на 14,4 милијарди долари, што означува годишен пораст од 19 отсто. Монголија има население од околу 2,8 милиони луѓе што живеат на околу 1,5 милион квадратни километри. Економскиот пораст се должи на веќе петгодишен бум во рударството. Во 2011 година, во Монголија се регистрирани странски инвестиции од 4,7 милијарди долари. Најголеми трговски партнери ѝ се Русија и Кина.

Автор: Александар Србиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62613948236&id=9&prilog=0&setIzdanie=
 
Монголците имат огромен притисок од Кинезите кои и ден денес држат огромна територија од Монголија (Внатрешна Монголија) нешто слично како и Егејска и Пириска Македонија , Кинезите се перчат со нивната култура и традиција. Тие се приближуват кон Русија за одржување на каква таква рамнотежа бидејќи со нив се толку различни што никогаш нема да можат да ги асимилират па така многу подобро се одржува некаков балас. Освен тоа искуството на Русија со експлоатација на руда може многу да им помогне иако ова е меч со две острици. Но сепак најсилна причина е енергетиката која им е многу потребна на Монголците со оглед на тоа што досега целосно се потпрени на јаглен што посебно во главниот град допринесува за голема загаденост на воздухот.
 
Монголија долго време била под Русија, така да нема многу да им се смени и така културно се поблиски до Русија отколку до Кина.Единствена источна земја што користи кирилица.
 
Moнголија е по површина голема но ретко населена земја со околу 2 милиона жители и претежно е пустинска земја и покрај тоа што Монголскиот јазик нема допирни точки со Рускиот и покрај тоа што оваа држава не била во составот на СССР сепак ја користат Кирилицата исто како и повеќето други држави кои се наоѓаат западно од Монголија т.е. во централна Азија(екс.ССРепублики) !
Со овој чекор(доколку се оствари??) Русија односно Руската федерација ќе се прошири од 17 на 18-19 милиони км2 и ќе има околу 2-3 милиони жители повеќе, секако дека тие 2-3 милиончиња повеќе ќе бидат косооки ... :icon_mrgr:
 
Русијо, посвои не` и нас!


Ако сакаш цел живот да питаш и да садиш тикви,тогаш може да те присвои Русија..:facepalm:
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 21:51 ---
Монголија долго време била под Русија, така да нема многу да им се смени и така културно се поблиски до Русија отколку до Кина.Единствена источна земја што користи кирилица.


Монголија сака да се спои со Русија ради стравот од Кина..
 
Дај бе и ние да се присоединиме кон некого....
Не би имал ништо против Русија да не земе.
 
Ова нема да се случи обични глупости. Русија со Кина нема да си ги наруши односите плус и Кина е зависна од Русија со браните и со нафтата. А Монголија исто така е и од Кина зависна и одржува добри односи. Америте немаат контрола над овој регион.
 
Дај бе и ние да се присоединиме кон некого....
Не би имал ништо против Русија да не земе.

Па со Русија не би сигурно, далеку е, но како тргнало секако дека ќе се присоединиме кон некој од соседиве, типувам на Албанија или Косово ... за некоја декада !
 
Па со Русија не би сигурно, далеку е, но како тргнало секако дека ќе се присоединиме кон некој од соседиве, типувам на Албанија или Косово ... за некоја декада !

Зашто бе ?
Ко Калининград (Конинсберг) ќе бидеме......руска теиторија,физички одвоена од Русија.
И Аљаска е илјадници километри од остатокот од САД и Хаваи,а на крајот од краиштата можеме како Порто Рико да бидеме.
 
Зашто бе ?
Ко Калининград (Конинсберг) ќе бидеме......руска теиторија,физички одвоена од Русија.
И Аљаска е илјадници километри од остатокот од САД и Хаваи,а на крајот од краиштата можеме како Порто Рико да бидеме.

Калининград е Руска ексклава да, но сепак не е толку многу оддалечена од неа, се поврзуваат по морски пат ... а по копнен пат препрека се само земјите од Балтикот !
Аљаска(дел од САД) е оддалечена од САД но се поврзуваат по воден пат(Пацифик), препрека е џинот Канада !
Хаваи се острови кои се исто така дел од САД доста се оддалечени но се поврзуваат по воден пат(Пацифик) !
Порто Рико па е Карипски остров кој исто така е дел од САД и се поврзуваат по воден пат а и во споредба со Хаваите и не е толку многу оддалечен од копното на САД !
:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom