Имаше помали тепачки и претходните 2 дена одностно петокот и сабота. Во петокот тепачката имаше пред малата градска пошта а за во сабота од други извори дознав дека иста така имала по некоја мала тепачка. Колку е сето оваа точно за сабота незнам а оваа во петок лично ја видов од штандот на Даб.
Можеби имало ама не се раширија толку муабети низ градот како овие од синоќа. На секое ќоше имало тепачка, изгледало како бојно поле. На 3-4 места имаше крв сабајле...