Скопско лето 2013

Па еве за споредба



:)

Добив известување од Скопско лето
Сите филмски претстави ќе се одржуваат во Кинотеката
Еве што прашав:
Ме интересира вечерашнава филмска претстава на филмот „ Осаменост на простите броеви каде ќе се одржи? Дали ќе се одржи во Луна парк или во Кинотеката на Македонија?
И колку чини влезницата?

Еве што ми одговорија
Filmot ke se odrzi vo Kinoteka Makedonija , vecerva, vo 21:00 casot
Ve ocekuvame,
Pozdrav!
P.S. Site filmovi ke se odrzuvaat na gorenavedenoto mesto.
 
Добив известување од Скопско лето
Сите филмски претстави ќе се одржуваат во Кинотеката
Еве што прашав:
Ме интересира вечерашнава филмска претстава на филмот „ Осаменост на простите броеви каде ќе се одржи? Дали ќе се одржи во Луна парк или во Кинотеката на Македонија?
И колку чини влезницата?

Еве што ми одговорија
Filmot ke se odrzi vo Kinoteka Makedonija , vecerva, vo 21:00 casot
Ve ocekuvame,
Pozdrav!
P.S. Site filmovi ke se odrzuvaat na gorenavedenoto mesto.

Не ти одговориле за влезница ама еве некој ако го интересира би требало да бидат 50 денари за сите освен за пензионери за кои што билет ќе биде 25 денари :)
 
12. 07,
во Стара железничка станица, во 20, 30 часот Концерт на учесниците на семинарот по виолина на професорите Анна и Олег Кондаренко
во 21 часот, Кинотека на Македонија филмот Концерт - комедија:
http://fr.wikipedia.org/wiki/Le_Concert_(film)
Инаку вчера ја следев филмската представата во Кинотеката и сакам да Ве известам за условите
Кинотеката се наоѓа во Карпош 3, во склоп на библиотеката. Влезот на Кинотеката е карши влезот на гимназијата Никола Карев
Таму нема зонско, што значи можете да дојдете и со кола
Влезниците чинат 50 денари, а за студенти и пензионери 25 денари
Салата е удобна и е климатизирана
 
Сабота 13. 07 на програмата е:
Во 22 часот во Сули ан и Капан ан,мулти медиален проект „ мое Скопје. Во Утрински пишува дека тоа ќе биде изложба.:„ Во рамките на „Скопско лето“ на Факултетот за ликовни уметности – Сули-ан вечерва во 21 часот ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мое Скопје“ во организација на Радио МОФ. „Мое Скопје“ е настан кој има цел да го покаже Скопје какво што скопјани сакаат да го видат. Настанот содржи два дела, изложба на фотографии и забава во летниот клуб „Папаја“, каде што настанот ќе продолжи со аудио и видеосетови повторно посветени на Скопје.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A645B8EE19F15E4D9E700A9E0035BF3B
Во 21 часот во Кинотеката на Македонија филмот „ Перси Џексон и олимпиците.. - Kрадецот на громовите “

http://en.wikipedia.org/wiki/Percy_Jackson_&_the_Olympians:_The_Lightning_Thief
Не сум гледал ниту еден филм за Перси Џексон - ако некој гледал, го молам да објасни за какви филмови се работи
 
14. 07. - Денес има само цртан филм во Кинотеката. Со почеток во 21 часот - Облачно со можност за врнeжи од ќофтиња
http://en.wikipedia.org/wiki/Cloudy_with_a_Chance_of_Meatballs_(film)
И утре 15. 07. - исто, само индискиот филм Долина на цвекињата
http://en.wikipedia.org/wiki/Valley_of_Flowers_(film)
според она што пишува во Викопедија овој филм може да биде интересен
Еве што за овој филм пронајдов
http://nastani.time.mk/event/5335#!/#1offset=0&1mode=today&1date=0
На највисоките премини на Хималаите, владеат Џалан и неговата банда заработувајќи си го лебот преку ограбување на случајните патници. Таквите грабежи за нив се рутина, сè додека кај нив не пристигне мистериозната Ушна, која патувала со карван на аџии. Убавата девојка сака да стане дел од бандата, а на Џалан и останатите им ветува огромни богатства и возбудливи авантури. По успешните походи, љубовта помеѓу Џалан и Ушна се разгорува, а нивниот однос ги надминува границите на реалното. Со помош на левитација и крадење енергија, тие стануваат сè посмели во обидите да дојдат до своите цели.
 
16. 07. - иста ситуација - во Мала станица, во 21 -изложба на фотографии
Исто во 21, во Кинотека реприза на филмот Долгата приказна

Верувам дека ќе се сложите оваа година програмата е далеку послаба од минатата година
Спомнете си на минатогодишниот концерт на Средното музички училиште
Оваа година нема ништо слично ...
 
17. 07 - во 21 часот, во галеријата Остен, изложба на српска фотографија
во 20,30 часот, Стара железничка, концерт на Гонца Богоромова - сопран
Еве поопширно
http://www.makdenes.org/content/article/25048072.html
 
Вечерашниов концерт беше неверојатно посетен. Немаше место речиси ниту за стоење
Утре 18. 07, на платото пред Универзална сала во 21 часот
концерт на групата од Унгарија - Fabula rasa
Оваа група гостуваше и минатото лето и ми се допадна. Не е нешто посебно, но пријатно е за слушање
Повелете - погледнете ги
http://www.youtube.com/watch?v=B02Ks_tMQso
Инаку на платото пред Универзална е пријатно, а во наредниве неколку дена таму ќе има настапи
 
Денес 21. 07 - нема програма
Утре 22. 07 - Музеј на град Скопје, во 21,30 часот пијано концерт Алеп Ербург
за овој концерт не успеав да најдам податоци
 
23. 07.
Вечерва, во 21 часот на платотото пред Унивезална сала - ќе има ревија на наградени филмови
Ова Ви го препорачувам, минатата година имаше слично -
имаше два филма
Беше многу пријатно - филмови на отворено.....
Безплатно е, а после филмовите можете и на боза кај „Апче“..
 
23. 07.
Вечерва, во 21 часот на платотото пред Унивезална сала - ќе има ревија на наградени филмови...
Стоење или седење? :)

Иначе претпоставувам ќе даваат нешто од наградените филмови на Астерфест:
http://asterfest.mk/mk/
Наградите на 9-тиот АСТЕРФЕСТ!

Наградата ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА му се доделува на документарниот филм УТРЕ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ПАК на Корина Гизен од Германија.

Во само неколку случаи филмаџијата станува протагонист. Авторката, трудејќи се да им помогне на луѓето во нејзиниот живот, се губи себеси. Филмот е храбро признание за менталните болести, алкохолизмот и фактите на животот. Авторката се погледнува себеси во огледалото и во својот одраз кај гледачот.
Наградата СРЕБРЕНА ПОТКОВИЦА му се доделува на документарниот филм ЌЕ ТЕ ОДНЕСАМ НА МОРЕ на Манца Филак од Словенија.

Многу луѓе не ги земаат работите здраво за готово. Во овој филм авторите одат на еднодневно патување на море и ни нудат трогателна приказна за еден млад пар со пречки во развојот и за напорот и љубовта потребни за да се исполни еден толку едноставен сон.
Наградата БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА му се доделува на документарниот филм КРАЛСТВОТО на Бартош Крухлик од Полска.

Овој филм е интимен портрет на г-н Еуген, кој и покрај староста раководи со својата фирма со дух и енергија на млада личност. Приказната е секојдневна но раскажана со искреност и чесност.
Специјално признание за документарен филм жирито му доделува на авторот Желимир Гвардиол од Србија за филмот СОМНЕЖИ И ТАЈНИ.

Со доза на хумор и критицизам, овој филм се движи по кревката граница меѓу вистината и лагата. Режисерот создава дијалог меѓу ликовите и ја остава одлуката на гледачот.
Наградата за најдобар краток игран филм му се доделува на ШУМАРОТ на Изер Алиу од Македонија.

Приказна од вистинскиот живот и мирисот на земјата по дожд, овој филм разговара директно со срцето. Се работи за патување на зрелоста, за протагонистот во приказната и за режисерот на филмот – едно одлично изведено деби за автор со светла иднина.
Наградата СТАРОЗЛАТЕН ПРОЕКТОР му се доделува на краткиот игран филм УМИРАЊЕ НА СЕНКАТА на Том Ван Авермает од Белгија.

Во овој филм камерата е медијаторот меѓу животот и смртта. Тоа е уникатна приказна за сенките на љубомората, љубовта и жртвата. Со исклучителните визуелни, естетски и актерски изведби, режисерот го води гледачот за рака и заедно нурнуваат во еден неверојатен замислен свет.
Наградата ЃОРЃИ АБАЏИЕВ за најдобро сценарио му се доделува на Бранислав Милатовиќ за филмот СЕ ТОА од Црна гора.

Потребен е голем талент за со малку зборови да кажеш многу. Приказната е минимална, а сепак богата. Во 27 минути зборува за проблемите на едно семејство, татковци и синови, животот и смртта со рамнотежа и грижа.
Специјално признание за игран филм жирито му доделува на авторите Џон Ласт и Џони Хурн од Велика Британија за филмот КРАЛОТ ЏОН, ЧИН IV, СЦЕНА I.

Авторите ни претставуваат една скриена убавина на Шекспировата традиција со одлична современа естетска изведба и кинематичка адаптација.
Наградата за најдобар анимиран филм му се доделува на ТЕЛЕСНА МЕМОРИЈА на Уло Пиков од Естонија.

Филмот е алегорија на колективната меморија. Со трпение и мајсторски изведени анимациски техники, филмот претставува парабола за тоа како нашите тела ја паметат болката и жалоста на нашите претци.
Специјално признание за анимиран филм жирито му доделува на авторот Жарко Иванов од Македонија за КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА СЕНКАТА.

Да одиш на обиколка секогаш значи да се вратиш во иднината – единствено искуство кое може да се почувствува само со уметноста на анимацијата и филмот.
Наградата АЦО АЛЕКСОВ и се доделува на авторката Елизабета Конеска за филмот НАШИТЕ ВО СТАМБОЛ од Македонија.

Со една голема нежност, филмот претставува едно камче од мултикултурниот мозаик во Истанбул. Во овој случај, три генерации Македонци ги споделуваат своите искуства со нас за нивното 100-годишно присуство во градот.
Наградата МУВИЛЕНД за најдобар словачки филм му се доделува на УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА на Јана Минарикова

Поради исклучително атрактивната наративна и визуелна структура, како и поради храбриот и луциден сатиричен тематски третман на човековата порочност. Филм кој бескомпромисно не соочува со животните апсурди и суети.
 
Стоење или седење? :)

Иначе претпоставувам ќе даваат нешто од наградените филмови на Астерфест:
Да Астерфест...

Седење .....Има столици ... некогаш вадат и стотина столици
Минатата година, на кино - претставата бевме неколку души и имаше многу празни места
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom