Базените во Македонија - слики, услуга, цени

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Нема врска, ќе се шлапкаме у базен 15 на 7 и ќе си пливкаме со пиво у рака и ќе тераме шема...

Абе у Штип има минимум 50 рекреативци што пливаат со по неколку КИЛОМЕТРИ во базенот

1025988_390774861043637_1463456579_o.jpg

575775_395984263783070_1025994892_n.jpg

За мене сосема е океј... дури и мојата дебелина ја збира во базенов и нема да влијае на зголемување на нивото односно преливање..
 
Супер го средиле базенов во Охрид, нели едно време не работеше?

Tачно
Picture301.jpg

Picture300.jpg

Али и ова не е лошо :icon_lol:
84BF19408DA6624D9EC65D763D3C2255.jpg

SanAlfonsoDelMar.png

Најголемиот базен во светот се наоѓа во чилеанскиот одморалиште Сан Алфонсо дел Мар недалеку од градот Алгарабо.
Должината на базенот е повеќе од еден километар на осум хектари и во него има 250.000 кубни метри вода. Базенот е толку голем, што во него е дозволено да се плови со мали чамци. Максималната длабочина е 35 метри, а за споредба, тој е голем колку 20 олимписки базени.
Оваа необична туристичка атракција е изградена во 2006 година, а за таа цел биле потребни пет години работа и биле потрошени 1,2 милиони евра. Базенот е опремен со компјутерски систем кој зема вода од океанот и ја филтрира преку посебни пумпи. Температурата на водата е 26 степени, што е за 9 степени повеќе од онаа на морската вода.
 
Повелете во PLAY Валандово. (ex- EXIT).

Дневна влезница - 50 ден.
Цени на пијалоци 30-100 ден.
Сладолед 15-55 ден.
Сендвичи 50-100 ден.

До базенот има и хотел со ресторан и дискотека (летна).
Слики

Значи овој базен сеуште работи. Сум бил навечер и ептен ми се допадна што е во природа. Има ли уште дешавки навечер??? Што музика се практикува каква атмосферата? Искрено имам уплав од турбо фолк и не би сакал да тепам толкав пат за да налетам на Јелена Карлеуша или Сека Алексич стајл.
 
Зависи, турбо фолк само ако има некој/а пеач/ка. Досега немаше ништо турбо фолк (освен 1 песна од Инструментал Бенд пред 1 викенд).
Ник Капа беше пред 2 недели, овој викенд се Шајн на сцената.
Ако дојдете навечер на диско побарајте ме на првиот шанк :)
 
Блазеси ви, у ебаново Тетово еден асален базен нема, има неколку помали и тие се полни со бандитине, неможеш на раат да се оладиш. По селава(Делфина-Сиричино и Бела Виста-Беловиште) има поубави базени отколку во градот.

И пак дај им власт, ах бе......:mad::mad::mad:
 
Хавана и Аква паркот се најубави. Во Штип е голем ама нема убаво место за седење. Тоа кај што се тениските игралишта да се направи со лежалки како аква паркот во Пробиштип.
1.jpg2.jpg3.jpg

Има една вила на пат на Марков манастир ја издаваат за приватни потреби. Ако знае некој други вакви базени нека стави слики. :D
935036_10200940149255732_1896873324_n.jpguntitled.JPG
 
20130622175847-b2bc8182.jpg

20130622175923-2e372c9a.jpg

1025353_393881797399610_298871356_o.jpg

Оваа последната слика е од пред неколку минути, неделна гужва
 
хлор треба да се става еднаш неделно, се под оваа норма е веќе загаденост.
 
1048727_3153055561751_106459703_o.jpg

Некој дечко ја ставил на ФБ
 
А да ми кажете за Воен базен дали е остана истата цена на карта и оваа сезона. Зашто ми рекоа дека е 200 денари.

200 е, вчера бев. Све да им изнаебам. А фората е што ништо посебно не е реновирано за да накачат цена.
 
хлор треба да се става еднаш неделно, се под оваа норма е веќе загаденост.

А бе само хлор и му ставаат, и дома кога си одиш како од картон се чуствуваш дека си. Дното на базенот е полн со жолт талог. Знам дека пред некоја година имаше луѓе кои фатија некои кожни болести... Ај доста ширам анти реклама, може ќе се управат годинава....
И не знам дали имаат тушеви на базенот, за после банање да се тушираш.
 
да ок и водата треба да се смени зошто ете туристички е базенов, доаѓаат и луѓе со секаква хигиена. Но зборев и за дозирањето.
 
200 е, вчера бев. Све да им изнаебам. А фората е што ништо посебно не е реновирано за да накачат цена.
Само да се бојкотираат,ама секогаш ќе се најдат такви што ќе одат,
Маме им и на нив и на газдите. Да одам минимум итиде 1000 денари.Па нормални
се тие,каде дневница има толку, а децата (внуците) обично и не работат.
Како што реков.некој во леген во двор ќе се капе(па и Кљусето тоа збореше)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom