The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.571
3497993911.jpg
И еве, дојде време за уште едно враќање во Лондон, на терените на Вимблдон, по 127 пат Ол Ингланд клубот ќе биде домаќин на најдобрите тенисери во Светот. Традиција!

Точно 7 дена има до отварањето на овој гренд слем, кој е познат уште и по неофицијално Светско првенство во тенис, нормално овој назив е заслужено добиен.

Вимблдон е трет гренд слем во годината, после Австралија Опен и Ролан Гарос, а пред УС Опен.
Се игра на трева, воедно тревната сезона и е најкратка од сите, само две недели имаат можност тенисерите да се подготват за овој слем, толку е разликата помеѓу земјената и тревната сезона, главните фаворити за титула воопшто и не настапуваат на турнирите на трева, освен Федерер кој традиционално веќе неколку години настапува во Хале, а и Мареј (кој можеби и е принуден..) настапува на Квинс, кој е предигра за овој слем.

wimbledon-rain.jpg

Турнирот е познат и по дождот, а како и не би, кога се одржува во Лондон, градот кој големиот дел од годината е со дожд, а со тоа и има прекинување на мечевите, барем тие што не се играат на централниот терен, кој од пред некоја година е покриен, и нема никаква опасност од прекин на мечот кој се игра моментално.
Да се задржи самата традиција, Недела е слободен ден на турнирот, и тенис не се игра тој ден. Што е единствен слем кој има слободен ден.

f_mens-singles.jpg

Најтрофејни тенисери во историјата на овој слем се Вилијам Реншоу, Пит Сампрас и Роџер Федерер, кои имаат по 7 титули, од овие тројца сеуште активен е Федерер, кој оваа година ќе има шанса за да се оддели на првата позиција, и со тоа да стане недопирлив, барем кога се работи за Вимблдон.
Воедно Федерер е и последен победник на слемот, во ланското финале го совлада домашниот миленик, Енди Мареј, со 3-1 во сетови. За потоа на истиот тој терен, но на Олимписките игри, Мареј му врати за поразот .
А Горан Иванишевиќ е единствениот тенисер кој со вајлд карта го освоил Вимблдон, во 2001 година, кога на ранг листата котираше на 125 место.


Кај дамите најдобра на Вимблдон е Мартина Навратилова, со 9 титули, и во скоро време тешко дека некоја од активните тенисерки би ја стигнала на таа листа.

И оваа година, како и минатата, а и како на сите гренд слемови веќе некое време, најголеми фаворити за освојување на титулата се играчите од големата четворка, а во неа се Ѓоковиќ, Федерер, Мареј и Надал. Интересно што оваа година, Рафаел Надал ќе биде 5ти носител, а со тоа ќе гледаме голем дуел уште во 1/4 финалето, каде може да се сретни со останатите тројца тенисери кои претендираат за титула.
И Мареј и Федерер, на турнирот доаѓаат со титула од турнирите на Квинс, и Хале. Со самото тоа ја наговестуваат фаворитската улога.
На слемот би требало да видиме во каква форма е Ѓоковиќ по поразот од Надал во 1/2 финалето на Ролан Гарос, а и како тоа ќе се снајди Надал на оваа подлога, кој има одлична сезона до сега, со освоени 7 турнири, по месечна пауза од 7 месеци.

Истото треба да го гледаме и во женска конкуренција, со напомена дека Серена Вилијамс е далеку напред од останатите тенисерки, па другите би ги набројале како едни од противникот на Серена во финалето, ако се се одвива како што треба, и ако ја гледаме моменталната форма, во последната недела на турнирот Азаренка, Шарапова се тенисерките кои би биле едни од потенцијалните противнички на Серена. И двете играат доста добро на оваа подлога. Други тенисерки кои може да се најдат во самиот финиш на слемот се Радванска, која во ланското финале изгуби од Серена Вилијамс, мечот се играше во три сета, третиот го доби доста убедливо Вилијамс со 6-2.
Освен Радванска, тука ќе е и Квитова, и со неа би требало да се затвори кругот на тенисерки кои би се нашле во финалето.

10 носители во машка конкуренција
1. Новак Ѓоковиќ
2. Енди Мареј
3. Роџер Федерер
4. Давид Ферер
5. Рафаел Надал
6. Џо Вилфред Цонга
7. Томаш Бердих
8. Хуан Мартин Дел Потро
9. Ришард Гаске
10. Марин Чилиќ

10 носители во женска конкуренција
1. Серена Вилијамс
2. Викторија Азаренка
3. Марија Шарапова
4. Агњешка Радванска
5. Сара Ерани
6. Ли На
7. Анжелик Кербер
8. Петра Квитова
9. Каролин Возниацки
10. Марија Кириленко


b_Fig13-Aerial-South_AELTC.jpg

Веќе се започнати квалификациите за главниот дел од турнирот, а ждребот за главниот дел ќе се одржи на 21 јуни, петок. Каде ќе се одреди костурот од 128 тенисери/тенисерки.

Официјална страна на турнирот - http://www.wimbledon.com
Ждреб за главниот дел - http://www.wimbledon.com/en_GB/scores/draws/ms/index.html / http://www.wimbledon.com/en_GB/scores/draws/ws/index.html

Па мислам дека тоа би било околу главните работи кои го карактеризираат овој турнир, и поважни работи за следење на овој слем.
Нека победи подобриот!

article-0-04ED5C730000044D-584_468x312.jpg

*ќе ја прескокниме анкетата на овој слем, заради разбивање на малерот, башка така му е ќеф на модераторот
 
Пфф..тапа е без анкета, да неможе чоек да си го искаже мислењето и да си го гласа фаворитот. Ќеф му било на модераторот, бреее...членовите тука сакаат анкета да си гласаат, а не да го тераат ќефот на модераторот. (n)
 
кидс .


Очекувам добар турнир , со многу дожд и со малку изненадувања .
 
Djokovic, нормално. Само еден Гренд Слем во последните 5, премалку за негови стандарди последниве 2 години. Очекувам да ја заврши сезоната со стил.

Посериозно малку, шо друго и да пишам пред ждребот нема поента, освен дека се надевам на дуел Мареј-Надал во 1/4
 

Aj не.
На пример наместо „А анкета“ да си напишеше кој ти е фаворит и кој мислиш дека ќе победи на слемот.. многу подобро ќе беше.
Башка анкета на кајгана, репер колку има, па тоа чудо е.
 
Не ми се слушаат Србиве како се ложат за Џоле, се надевам дека и некоја од нашиве телевизии ќе го одкупи Вимблдон.

П.С. Уште една Гренд Слем титула сезонава за Рафа не би било на одмет :cool:
 
Јас уште вчера напишав, да повторам. Според мене, веројатноста да го освои Вимблдон некој играч изразено во проценти изгледа вака.

Федерер 30%
Мареј 30%
Џокович 20%
Надал 15%

Останатите 5% отпаѓаат на некого од групата Бердрих, Тсонга, Хаас и Чилич да направи чудо.

Федерер би требало да биде екстра мотивиран, прво заради 8-от Вимблдон, со кој би дошол сам на врвот, а и поради тоа што Надал веќе почна да се заканува со бројот на освоени грен слемови. Федерер знае дека е малку веројатно да освои уште еден УС Опен или Ози Опен, а за Ролан Гарос и да не зборуваме. Вимблдон е неговата шанса, и тоа сега кога е во солидна форма.

Мареј е секогаш фаворит на Вимблдон. Лани го освои својот прв грен слем, притисокот е симнат, плус ја освои и Олимпијадата во Вимблдон, сите предуслови се тука за голем успех

Џокович отсекогаш ми бил чуден на Вимблдон. Како да не го интересира овој турнир, а и публиката како и англиската јавност е прилично ладна спрема него. Се сомневам дека Новак може до уште еден Вимблдон.

Надал на Вимблдон ми е упад во системот, исто како и Ферер. Не ми оди едно со друго, па тоа ти е.

Од овие четворицата останати, сите имаат добра игра на Вимблдон, само Хас има менталитет на победник. Чилич има многу добар сервис, но играта на мрежа му е криминална. Треба да се случи некое чудо од големи размери за некој од нив да освои трофеј тука.

На женскиот турнир, излишно е да се зборува. Лани Серена и удри 20+ асеви на Азаренка во полуфинале, навистина беше тажно да се гледа немоќта на Белорусинката. Единствено прашање е против кого ќе го освои Серена Вимблдон.
 
Нај непредвидлвиот Wimby до сега, колку и да мислам, неможам да издвојам фаворит....многу играчи се замешани.
 
Сликава одозгора изгледа нереално. Едвај чекам да почне. :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom