Исланд се откажа од членство во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Каков фатализам, ако не е ЕУ ќе престанеме да постоиме??? Кога ве читам се прашувам како воопшто живеете со таков „неможеме без ЕУ“ став?

Во ЕУ, Македонија следните 30 години не влегува па сега или ќе се бара друга алтернатива или ќе се кренат сите четири во вис и ќе се чека некој да те прегази пошто нели без ЕУ не се живее.

Сами си се утепувате, друг не ви ни треба :).

Да беа тие за читање, немаше да ги читаш на форум.
 
Тоа што не сакаат да влезат во ЕУ им е најпаментен потег после затварањето на банкарите. А најголемата причина верувам е за да си ја задржат монетарната сувереност и не влезат во еврото. Зошто кога ќе се случи тоа - кажи збогум на државата. Веќе немаш право да штампаш пари нити да си правиш монетарна политика.

Во превод: во моментот кога ќе влезеш во еврото, пари ќе добиваш само од Европската Централна Банка - со камата. Никогаш нема да излезеш од долгови.

За нивна среќа, на време сватија дека банките се тие кои се криви за целата криза па пробуваат да ги скратат од корен. Незнам колку знаете, но кога одиш да земеш кредит од банка, сумата која ви е дадена не излегува од нивните резерви. Едноставно сумата ти е напишана кај тебе на сметка и чекаат да им ги вратиш парите со камата.

Кога ми го кажа ова мојот прв комшија кој што работел шеф во банка на давање стамбени кредити - останав со устата подзината...
 
Кај нас сега да има референдум, повеќе од 65 проценти народот ќе се изјасни дека се против влез во ЕУ.
 
Не им треба ЕУ на такви развиени држави како Исланд,Норвешка,Турција итн...

Абе каква ти ЕУ, дури и Велика Британија размислува да излезе од ЕУ до крајот на 2015та година.

Нема иднина во ЕУ, слушајте ми го зборот.
 
Само за споредба, што се случува ако им одиш лабаво на тие во ЕУ и ако те намирисаат дека си склон да виткаш р'бет.

На соседна Србија и покрај постигнатиот договор со Косово, на кој што ЕУ инсиститраше како апсолутен услов, сега и даваат “зелено светло“ намесот датум за преговори.

-Не сме ние сообраќајци, па да не интересира зеленото светло. Не интересира позитивна одлука од Европскиот совет и ако тоа не го добиеме, мислам дека сме измамени - возврати Ивица Дачиќ.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E2599D2558A4F84DAFC75758AD8A3771

Но по Косово доаѓаат додатни услови. Послендиот услов деновиве е Србија им да го врати имотот на сите Австријанци во склад со законот за реституција...
.
 
Се чудам на сите вас што размислувате во крајности. Што е толку паметно да не се влезе во ЕУ, а што е доброто па да се биде надвор од ЕУ? дај малце експерти смирено...
 
Исланд нема национални проблеми, меѓуетнички проблеми, стандард и ред други работи. Развиена држава со мала популација и висок стандард. Македонија ако го следи овој пример многу е веројатно дека ќе ја нема од картата. Што побргу се интегрираме толку побргу би ги снемало меѓуетничките и национални проблеми.

А од кај виде пример?Две или три наши соседни земји?
Јунајтед Кингдом мејби?Шпанија?Кипар?Белгија?Франција?

Соработка со нив имаме, посебно економски (не голем број фирми ама колку се - толку се засега).Ако нивната политика е некаков си реципроцитет, за кое чудо не гледаме некакво фајде...Скоро сите наши металуршки и земјоделски извозни фирми се постојано шиканирани и условувани.За политика не сакам ни да коментирам.
Дали ние со 2 милиони полувработени жители претставуваме опасност за нивната економија?
Или територијална опасност со името или Скопје Дизнилендинаеста?
 
Немаме ние муда за вакво нешто.
 
Таму им се случи народ во вистинска смисла на зборот, не со рециклирани кондоми.

Народот ги избра најдобрите преставници на нивното општество, адвокати, судии, професори, писатели,обични луѓе, го променија Уставот, се отргнаа од канџите на банкарите и манипулантите и денеска тие се вистински репрезенти на интересите на народот.

Исланд е правото лице на Европа, ЕУ е она другото, изопаченото.

Еден од поквалитетните коментари кои ги имам прочитано во послендо време особено овој дел „ најдобрите преставници на нивното општество, адвокати, судии, професори, писатели,обични луѓе, го променија Уставот, се отргнаа од канџите на банкарите и манипулантите„

Банки и манипуланти....Хрватска уште не е во Европа влезена а веќе е задолжена до коска, колку повеќе должиш толку повеќе немаш избор според мое скромно мислење тоа им е тактиката и така ги прават членките зависни. Видете само што направија од Шпанија , од Италија , од Португалија па донегде и со Грција. Додека да се свестиш веќе си должен и на кучињата, станардот ти напумпан а реално немаш покритие но банките на вештачки начин те напумпале...

Што знам јас сум голем противник на ЕУ и со оглед на тоа што се случува во државите, мислам дека таму едноставно мора да има енормни промени а за време на тие промени можеби навистина е подобро да се остане на страна.
 
Паметни се тие не се даваат.
После Кипср на сите им е јасно каков е односот према помалите држави.
 
Еден од поквалитетните коментари кои ги имам прочитано во послендо време особено овој дел „ најдобрите преставници на нивното општество, адвокати, судии, професори, писатели,обични луѓе, го променија Уставот, се отргнаа од канџите на банкарите и манипулантите„

Банки и манипуланти....Хрватска уште не е во Европа влезена а веќе е задолжена до коска, колку повеќе должиш толку повеќе немаш избор според мое скромно мислење тоа им е тактиката и така ги прават членките зависни. Видете само што направија од Шпанија , од Италија , од Португалија па донегде и со Грција. Додека да се свестиш веќе си должен и на кучињата, станардот ти напумпан а реално немаш покритие но банките на вештачки начин те напумпале...Што знам јас сум голем противник на ЕУ и со оглед на тоа што се случува во државите мислам дека таму едноставно мора да има енормни промени а за време на тие промени можеби навистина е подобро да се остане на страна.

Е колку е бе 40-50 % од БДП.....пичкин дим во споредба со пола Европа :)
 
Е колку е бе 40-50 % од БДП.....пичкин дим во споредба со пола Европа :)
има огромна разлика помеѓу задолжување во своја и во странска валута. Кредитите во туѓа валута кај чужџинци мора да се вратат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom